Илјада цветови од „Комунална хигиена“ за Меѓународниот ден на жената


Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска го одбележаа Меѓународниот ден на жената-8 Март подарувајќи им по еден цвет на илјада жени од сите населби во градот Скопје.

Меѓународниот ден на жената го одбележа и в.д.директорката на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Косана Николиќ Мазнева, којашто имаше средба со трите припаднички на понежниот пол што се ангажирани во Оперативата на Претпријатието – Мирјана Трајковска, Мерсиде Етем и Славица Змејковска.

„Денешниот ден го поминав во друштво на единствените жени-вработени во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје коишто се задолжени за одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини во градот Скопје. Сметам дека токму храброста да ја одберат и достоинствено да ја извршуваат оваа професија ги прави посебни и дека заслужуваат огромна почит од страна на
сите жители на нашиот град“, изјави в.д.директорката на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Косана Николиќ Мазнева.