Овој скопски локал нуди бесплатно кафе за сите кои ќе донираат


Бифе Тафталиџе со искрен и навистина хуман потег. За да ги мотивираат скопјани да донираат за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, нудат бесплатно кафе.  -Од утре, па до сабота важи ова правило: Бројот е 143-400 (Телеком и А1). Повикот е 100ден. Доѓаш, пиеш Лаваца кафе во Бифе или напред, на тераса, праќаш СМС […]

Без струја делови од Петровец, Студеничани, Бутел и Карпош, вода нема да има во дел од Центар


Без струја денеска ќе бидат повеќе места во општините Петровец, Студеничани, Бутел и Карпош, додека вода ќе нема на неколку улици во Центар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.  Во период од 14 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од Катлановска Бања (општина Петровец), а во период од 08:30 до 14 […]

Лажни сите денешни дојави за бомби во училишта, трговски центри и објекти во Скопје


  Министерството за внатрешни работи вечерва  соопшти дека се лажни сите пријави за подметнати експлозивни направи кои денеска пристигнаа на електронските адреси на 16 училишта, неколку трговски центри и други објекти во Скопје.  -Во 19.10 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 средни училишта и пет други објекти во Скопје […]

Скопјани помагаат за настраданите од земјотресот (галерија)


Граѓаните  на Скопје, на пунктот на скопскиот плоштад,  донираат облека, храна, хигиенски средства и сѐ она што им е неопходно на луѓето кои се најпогодени од земјотресот во Турција и во Сирија. Се носат облека, ќебиња, греалки, хигиенски средства, вода, млеко, конзерви и други намирници за помош на настраданите од природната катастрофа.  Турски студенти, кои […]

Град Скопје додели по 50.000 евра помош за Турција и за Сирија


Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница одлучи да додели парична помош во вкупен износ од шест милиони денари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, односно по три милиони денари за двете земји. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, на денешната седница посочи дека паричната помош ќе се реализира […]

Повторно дојава за бомби во 12 скопски училишта, но и во Ист Гејт, Скопје сити мол, МРТВ…


Неколку скопски училишта и денеска добија дојава за поставени експлозивни направи.  Дојава стигнала во средното училиште „Владо Тасевски“, како и во гимназијата „Ѓорѓи Димитров“. Веројатно дојава имаат добиено и други училишта. Полицијата е на терен и ги пребарува објектите, а учениците и вработените повторно се евакуирани. Вчера , лажни дојави за бомби имаше во 47 […]

Без струја делови од повеќе скопски општини, без вода дел од Карпош


Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од ЕВН Македонија и ЈП Водовод и канализација, информира дека денеска поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште, Бутел, Сарај, Кисела Вода, Аеродром и Петровец. Од 11 часот до 12 часот […]

Протест за парното во Автокоманда


Граѓани од населбата Автокоманда денеска повторно излегоа на улица за да изразат незадоволство од новиот начин на снадбување со топлинска енергија. Негодуваат дека не биле навремено известени за промените на договорите, ниту пак им бил даден избор да одлучат дали сакаат да се греат под новите услови. Жителите на Автокоманда велат дека немаат греење после […]

Лажни се дојавите за бомби во 47 училишта во Скопје


Лажни се заканите за наводно поставени експлозивни направи во училишта во Скопје, завршија сите потребни проверки, информира вечерва Министерството за внатрешни работи. Оттаму посочуваат дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 38 основни и девет средни училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна […]

Гази Баба ќе испрати 500.000 денари помош на Турција и Сирија


Попладнево се оддржа седница на Советот на општина Гази Баба по иницијатива на градоначалникот Бобан Стефковски на која беше донесена Одлука за определување на финансиска помош за настраданото население во Турција и Сирија. За седницата, градоначалникот Стефковски објави на својата официјална страна на фејсбук на која напиша: – 500.000 денари финансиска помош за настраданото население […]

Донации во Скопје по катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија


На пункт на плоштадот Македонија отворен по разорниот земјотрес во Турција и Сирија, граѓани можат да донираат облека, храна, хигиенски средства и се она што им е неопходно на луѓето погодени во земјотресот. Пунктот е отворен 24 часа. МИА беше во посета на пунктот, каде разговараше со Ердем Демирел, кој има 22 години и е […]

Герасимовски: Моја заложба е Центар да биде првата енергетски независна општина во државата


Државата, локалните самоуправи, институциите, компаниите, сите двигатели во општеството, но и целиот свет, се наоѓаат во енергетска криза. Овој е тежок период за сите држави и секоја се справува на најдобар начин во однос на капацитетите со кои што располага. Општина Центар беше првата општина која почна да ги спроведува препораките на Владата за заштеда […]

Граѓаните од Автокоманда попладнево ќе го блокираат булеварот Александар Македонски, сакаат греење 24 часа


Жителите од Автокоманда своето незадоволство поради изменетите услови во испораката на топлинска енергија и поради промената на снабдувачот, денеска попладне ќе го искажат со блокада на булеварот Александар Македонски. Граѓаните повикуваат на масовно присуство на протестот, кој започнува во 18 часот на семафорите кај “Бакс“. оради протестот, МВР извести дека денеска во периодот од 18 […]

Дури во 33 основни училишта во Скопје има дојава за бомби


  Во 33 основни училишта во Скопје денеска има дојави за поставени експлозивни направи. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата и во тек се антитерористички проверки. „Денеска околу 12.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на електронска адреса на 33 основни училишта во Скопје е […]

Дојави за поставени бомби во шест основни училишта во Центар


Попладнево по електронски пат стигнале дојави за поставена експлозивна направа во ООУ „Димитар Миладинов“, „ ООУ Јохан Хајнрих Песталоци“, „ООУ Коле Неделковски“, „ООУ 11 Октомври“, „ООУ Кирил и Методиј“, ООУ „Киро Глигоров“. Случајот е пријавен во полициската станица Беко по што полициски службеници веднаш ги евакуирале учениците, наставниот кадар и засегнатите присутни. По проверка на […]

Дојава за бомби во основни училишта во Скопје – евакуирано „Лазо Ангеловски“


Денеска на пладне, дојава за поставени бомби примило ООУ „Лазо Ангеловски“ во скопски Аеродром. Учениците од втората смена се евакуирани и се наоѓаат на Детската улица, од каде родителите и роднините си ги земаат децата.  Полицијата е на терен и ги проверува просториите.  Дојава за бомба има и во соседното училиште „Александар Македонски“, како и […]

Славески свика итен состанок по земјотресот во Турција


Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, во договор со советничките групи и градоначалничката Данела Арсовска свика состанок на координативното тело на Советот, на кој ќе се согледаат сите можности за испраќање хуманитарна помош за семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија. Како што информира Славески, Советот ќе донесе одлука на итна […]

Ќе се реформира јавниот превоз, приватните превозници ќе се вратат на скопските улици


Речиси  четири часа приватните превозници преговараа со градоначалничката Данела Арсовска. – Останува на нас превозниците да се реформираме, да ги послушаме советите што ни се дадени, за да се вратиме на скопските улици. Сите насоки беа дека ќе се модернизира јавниот градски превоз, а ние ќе бидеме вклучени – рече претставникот на приватните превозници, Јовица […]

Приватните превозници денеска на средба со Арсовска


Откако најавија нови блокади на крстосниците и булеварите, приватните превозници, денеска ќе заминат на средба со градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска. Вчера, приватните превозници се прегрупираа, па на протест излегоа во скопската населба Ченто. На чело на превозниците повеќе не стојат „Слобода превоз“ и „Макескпрес“, туку тие самостојно избраа координативно тело.  За оваа недела […]

Општина Центар ги засилува контролите на нелегалните препродавачи кај Зелен пазар


Секторот за инспекциски работи на Општина Центар во соработка со ПС Центар и инспектори од Државниот пазарен инспекторат вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор за отстранување на дивите препродавачи околу Зеленото пазарче. Граѓаните кои живеат во зградите и околината на пазарот до општината во повеќе наврати имаат поднесено жалби и барања за отстранување на препродавачите. Заради […]