Година на хаос во јавниот превоз во Скопје


  Во 2022 година, Скопје за првпат во својата историја, од осамостојувањето на државата, остана без јавен превоз поради протестот на возачите на Јавното сообраќајно претпријатие, а проблемот со приватните превозници од „Макеспрес“ и „Слобода превоз“ остана да се решава во оваа 2023 година. По неколкудневно доцнување на септемвриската плата од законскиот рок за исплата, […]

ТАВ Македонија: На Скопскиот аеродром поради маглата откажани 9 лета, сега се регулирани


Поради намалена видливост како резултат на густата магла во скопската котлина, на Скопскиот аеродром од 20 часот синоќа до девет часот изутрината се откажани девет лета, а  четири се пренасочени. Од 9 часот натаму, авиосообраќајот на Меѓународниот Аеродром Скопје се одвива по регуларниот распоред и до 17 часот не очекуваме нарушувања,  информира аеродромскиот концесионер ТАВ […]

Град Скопје го зголеми буџетот за мерни станици за загадување на воздухот


Иницијативата Зелен Хуман Град која ја сочинуваат голем број здруженија успеа да се избори за 5 круцијални проекти во Буџетот на Град Скопје за 2023 година. Велат ги чека напорна работа претстојнава година со цел да се осигураат дека сѐ од прифатеното ќе се реализира! За новиот Буџет 2023 се прифатени 5 амандмани што ЗХГ […]

Видео: Демолирана женската зграда во студентскиот „Стив Нумов“ за Нова година


На социјалната мрежа Твитер се појави видео, кое наводно е направено во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје по новогодишната ноќ. Како што може да се забележи на видеото, низ ходниците се расфрлани различни отпадоци и има скршено стакло, а уништен е и еден хидрант. – Утрото после новогодишната вечер во Стив. Не ги фатив […]

Бесплатен паркинг на дел од јавните паркиралишта во Скопје


ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информира дека за време на новогодишните празници односно на 1 и 2 јануари на јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември нема да се врши наплата. ЈП „Градски паркинг“ – Скопје посочуваат дека јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така ќе […]

За првороденото бебе штедна книшка со 20 илјади денари од Град Скопје


Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска го посети првороденото бебе во новата година на кое му додели штедна книшка со 20 илјади денари и пригодни подароци. Првото бебе во новата година се роди една минута по полноќ и тоа е прво дете на 22-годишната Стојанка Панајотова од кочанското село Соколарци.   – За родилката Стојанка […]

Скопјани, скромно, на плоштадот ја дочекаа Новата година


Во магла и скромно, неколку стотини скопјани одлучија Новата година да ја дочекаат на плоштадот „Македонија“. За новогодишната програма, првпаt, место Градот, се погрижи Здружението на естрадни уметници „Естрада” кое покрена иницијатива да биде организатор на новогодишната забава. На новогодишната забава настапија познати музички имиња од македонската естрада како што се, „Мерак меана“, Наум Петрески, […]

Ведро и тивко за новогодишната ноќ


За време на новогодишната ноќ, времето ќе биде претежно ведро и тивко, а по котлините ќе има појава на магла или ниска облачност. Синоптичарите најавуваат период на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив […]

Одлична забава со Дац и Александар, ДЏ Фиц, Драган Б. Костиќ и тамбурашите на „Центар и пријателите“


Многу насмевки, задоволство, дружење, музика и пријатна атмосфера на вчерашната предновогодишна забава „Центар и пријателите“, која се одржа на „Боемска 1“. Граѓаните се забавуваа на хитовите кои ги пуштаа ди-џеите Фиц и Драган Б. Костиќ, песните на Дац и Александар Митевски и за крај уживаа во тамбурашите кои со својот репертоар ги стоплија срцата на […]

Градските паркинзи во Скопје бесплатни за празниците


ЈП „Градски паркинг“ – Скопје со известување за работното време на јавните паркиралишта за новогодишните празници За време на новогодишните празници јавните паркиралишта Народен фронт, АМСМ, Дом на печат, ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање на 1 и 2 јануари 2023 година, односно нема да се врши наплата на истите. […]

МВР: Лажни сите дојави за бомби во училишта во Скопје


По направените потребни проверки, Министерството за внатрешни работи утврди дека се лажни дојавите за поставени експлозивни направи во девет училишта во Скопје што биле  испратени попладнето на нивните електронски адреси. -Во врска со денешните пријави од девет училишта во Скопје по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, утврдено е дека […]

МЖСПП: Прекинат праг на алармирање во Скопје, препораки за празничните денови


Согласно податоците од Државниот миниторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух на ден 26.12.2022, среднодневните концентрации на РМ10 суспендираните честички се под дефинираниот праг на алармирање од 150 мg/m3, и епизодата од два последователни дена е прекината во Скопје и престануваат да важат препораките и мерките за надминат праг на алармирање. Меѓутоа имајќи ја предвид […]

Без вода дел од Маџир Маало


Поради технички интервенции на водоводната инсталациска мрежа денеска од 9 часот без водоснабдување ќе бидат дел од корисниците во населбата Маџир Маало во Општина Центар. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, врз основа на добиените информации од скопското ЈП „Водовод и канализација“, поради уличен дефект ф-2“ на улица „Раде Јовчевски […]

Во Скопје повторно презагадено, треба да се воведат мерки за заштита


Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека е надминат прагот на алармирање поради загадениот воздух на мерните места во Центар и Лисиче. -Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, […]

Комисијата за антидискриминација: Општина Карпош ги дискриминира лицата со попреченост


Општина Карпош континуирано ги дискриминира граѓаните со попреченост кои се жители на оваа општина, истовремено кршејќи го Уставот на државата. Вака одлучи Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД), повикувајќи се на истражувањето на Порталб.мк за нефункционалноста на канцелариите за контакт на граѓаните со пратениците на Собранието на РСМ, пишува Порталб.мк.

Музичарите се самоорганизираа- ќе прават забава на Плоштад


Музичарите годинава ќе им приредат на скопјани забава за пречекот Новата година на Градскиот плоштад. Поттикнати од тоа што на неколку дена пред најлудата ноќ, Град Скопје нема никакви планови за новогодишната програма, иако тоа е традиција години наназад, Здружението на естрадни уметници „Естрада“ покрена иницијатива тие да бидат организатори на новогодишната забава заедно со […]

„Центар и пријателите“, започна предновогодишната забава на „Боемска 1“ во Дебар Маало


Започна предновогодишната забава на улицата „Боемска 1“ во Дебар Маало. Станува збор за дводневни настани за децата и возрасните кои ги организираат Општина Центар заедно со општествено одговорните компании. Улицата „Боемска 1“, ечи денеска од детските радости, песни и музички настапи, градоначалникот Горан Герасимовски на дечињата им ја честита новата година и им посака многу […]

Скопје никој не помислува да го посети за Нова година


  Едно, навидум обично, анкетарско прашање, за сите што не се од Скопје „Зошто би го посетиле Скопје? Кои туристички места и културни знаменитости би ги посетиле“, на Фејсбук групата „Патувања низ Македонија“, ни ја открива сета безнадежност дека главниот град некогаш може да биде посакувана туристичка дестинација. Одговорите на луѓето се на релација од […]

Новогодишно работно време на билетарниците и жичницата на ЈСП


Јавното сообраќајно претпријатие информира дека во сабота (31.12.2022 год), возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по саботен возен ред, а во недела (1.01.2023 год) по неделен возен ред, при што првите вклучувања на возилата ќе бидат подоцна од воообичаеното, а останатите согласно неделниот возен ред. Во понеделник (02.01.2023 год) ќе се вози по неделен возен […]

Скопјани сепак ќе имаат јавен превоз и од први јануари, изгласани субвенциите за ЈСП


Јавното сообраќајно претпријатие ќе продолжи со работа и по први јануари откако доцна синоќа на вонредна седница 32 советници дадоа поддршка на предлогот за субвенционирање на работењето ова претпријатие. На редовната седница во текот на вчерашниот ден пратениците од ВМРО – ДПМНЕ рекоа дека нема да дадат поддршка на ваквиот предлог по што одлука не […]