Обезбедени 62 милиони денари преку Светска банка за нови улици во Аеродром


Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски и Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпишаа договорот со кој официјално се ставаат на располагање средствата од Светска банка наменети за реконструкција на 2 локални улици во населба Лисиче. 
 
Станува збор за средства во висина од 62 милиони денари кои се наменети за подобрување на општинската инфраструктура во Општина Аеродром, односно изведбата на улиците „Мите Богоевски“ и „Црноризец Храбар“ во должина од речиси 2 километри. 
 
Градоначалникот Муцунски  на својата Фејсбук страна истакна дека унапредувањето на комуналната инфраструктура е еден од приоритетите за оваа година и во таа насока тој ја искористи денешната средба за да иницира реализација на вакви проекти кои ќе бидат имплементирани во соработка со Министерството за транспорт и врски, а со средства на Светската банка, како и останати фондови и програми за финансирање.