Дoјави за бомби имало во 31 училиште во Скопје
Денеска (01.03.2023) до 08.20 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 31 училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштија од полицијата.