Во петок влажен бран со пороен дожд, грмежи и ветер


Фото: Б. Грданоски

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд.

Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер (над 70 км/час). Локално ќе бидат во форма на невреме, соопшти УХМР.

Во Скопската kотлина утре времето ќе биде променливо облачно со повремен дожд. Попладне во делови од котлината врнежите ќе имаат пороен карактер проследени со грмежи и засилен ветер.