Без вода дел од Припор


Поради уличен дефект Ф-80 мм на ул.Христо Татарчев бр.75, без вода утрово од 08:30 часот се корисниците во дел од населбата Припор. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Град Скопје го нарече дегутантно и срамно тврдењето дека им пречи хуманитарниот камп


  „Дегутантно и срамно е однесувањето на поединци, кои сакаат да позираат како т.н. новинари, злоупотребувајќи хуманитарна акција за собирање на потребни средства за луѓе кои настрадаа од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Градот Скопје е првата институција во Р.Македонија која испрати хуманитарна помош во Турција и уплати парични средства за помош на Сирија […]

Се реконструираат улици во населбата 11 Октомври во општина Кисела Вода


Од утрово се реконструираат улици во населбата 11 Октомври. Општина Кисела Вода соопшти дека нов асфалт ќе добијат улици на кои немало никаков зафат 60 години, а се користат интензивно бидејќи се во централното и најгусто населено јадро на општината. -Асфалтирани ќе бидат улицата „Ѓорѓи Сугаре” со сите нејзини краци и кракот на улицата „Михаил […]

Општината, утринава, ги отстрани „дивите“ препродавачи кај Зелен пазар


Без хаос и диви препродавачи на Зелен пазар утрово. Продолжуваат контролите се до конечно искоренување на проблемот кој ги засега жителите на овој реон, напиша градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на Фејсбук.    Секоја година, општинските власти заедно со инспецијата и полицијата отстрануваат тезги кои се наоѓаат во поширокиот круг околу Зелениот пазар во […]

Гази Баба со субвенции за струја за социјално загрозените и пензионерите


Општина Гази Баба има нов социјален пакет за помош на социјално загрозените граѓани од Општината. Градоначалникот Бобан Стефковски го објави пакетот, а станува збор за исплаќање парична помош за социјално загрозените граѓани погодени од енергетската и од финансиската криза, како месечен надоместок за јануари и за февруари 2023 година. – Во социјалниот пакет се опфатени […]

Најголемото училиште во Аеродром станува целосно инклузивно


Основното училиште „Лазо Ангеловски“, кое воедно е и најголемо училиште во Општина Аеродром и Македонија, станува целосно инклузивно и достапно за сите ученици. Со инвестиција од речиси 4 милиони денари од буџетот на општината и донација од општествено-одговорна компанија, училиштето ќе биде соодветно опремено за целосна инклузија на сите дечиња. Откако во изминатиот период училиштето […]

„Ало автобуска, немате сајт“ – Македонскиот автобуски превоз заглавен во минатиот век


Во држава во која не постои доверлив патнички железнички сообраќај, единствен начин економично да се патува од еден до друг македонски град е со автобус. Но, во 2023 година, кога сите информации се на интернет, во С. Македонија не може да се купи автобуска карта онлајн, а најголемиот број автобуски станици низ земјава немаат ниту […]

„Љубовта се множи кога се дели“: Базар на современи креации за Денот на вљубените во Сити мол


Утре, во 10 часот се отвора голем Љубовен базар на уникатни уметнички креации во пресрет на Денот на вљубените, во организација на Скопје Сити Мол. Базарот ќе биде отворен за посетителите секој ден од 11 до 14 февруари. Повеќе од 20тина индивидуалци, „artisans“ – уметници и 19 брендови ќе ги претстават своите најнови и оригинални производи. Со максимата „Љубовта се множи […]

Без струја делови од Сопиште и Карпош


Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од општините Сопиште и Карпош.  Како што информираат од РЦУК – Скопје, без струја од 8:30 до 14:30 часот ќе бидат корисниците од село Добри Дол, дел од село Ракотинци, ТС Хербаленд во општина Сопиште.  Во период од 10:30 до 15:00 часот, без струја ќе бидат […]

Ангелов повторно на мостот во Визбегово – опасност се коцките


Денеска, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изврши обиколка на мостот во Визбегово, Скопско, по повторно јавување на граѓани на единствениот број за итни случаи 112 во ЦУК. Утврди дополнителна опасност од коцките камен што од гумите на тешките камиони и возила се вадат и се истуркуваат од патот и од мостот, […]

Ленин: ЈСП ќе направи сè за да го одложи судењето за долгот од милион евра


Одложено е рочиштето од судењето по тужбата од „Слобода превоз“ против ЈСП за долг од милион евра, а причина за тоа е барањето на јавното претпријетие кое вели дека не е завршено вештачењето. Судот го прифатил барањето на ЈСП, по што следното рочиште го закажа за април. „Очекувавме вакво нешто. Од ЈСП прават сè за […]

Петнаесет средни училишта добија вело-паркинзи како донација од Стопанска банка


Петнаесет средни училишта во Скопје изминатиот месец добија паркинзи за велосипеди како донација од Стопанска банка АД – Скопје. Проектот за опремување на средните училишта со паркинзи за велосипеди со поголем капацитет е продолжение на донациите кои Стопанска банка ги реализира во соработка со Град Скопје како резултат на организацијата на шестото издание на „Вози […]

Општина Центар со 500.000 денари парична помош за настраданите од земјотресот во Турција и во Сирија


На предлог на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, советниците на општинскиот совет на денешната 1-ва вонредна седница едногласно ја изгласаа Одлуката за доделување парични средства за настраданите од земјотресот во Република Турција и Сирија. Финансиската помош од страна на Општина Центар во износ од 500.000 денари ќе биде донирана на посебна сметка на Фондот […]

Донација од Здружението на жени менаџерки „Елит“ на пунктот за бездомници „Момин Поток“


 Храна за 75 бездомници, топла облека, витамини, прекривки, постелнини, чаршафи, вреќи за спиење, перници, средства за лична хигиена, лекови за наредните два месеца, донираше Здружението на жени менаџерки „Елит“ во пунктот за бездомници „Момин Поток“.   -Секоја подадена рака значи почит и достоинство кон секој човек, затоа што само човек со достоинство е човек, порача претседателката на […]

Овој скопски локал нуди бесплатно кафе за сите кои ќе донираат


Бифе Тафталиџе со искрен и навистина хуман потег. За да ги мотивираат скопјани да донираат за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија, нудат бесплатно кафе.  -Од утре, па до сабота важи ова правило: Бројот е 143-400 (Телеком и А1). Повикот е 100ден. Доѓаш, пиеш Лаваца кафе во Бифе или напред, на тераса, праќаш СМС […]

Без струја делови од Петровец, Студеничани, Бутел и Карпош, вода нема да има во дел од Центар


Без струја денеска ќе бидат повеќе места во општините Петровец, Студеничани, Бутел и Карпош, додека вода ќе нема на неколку улици во Центар, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.  Во период од 14 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од Катлановска Бања (општина Петровец), а во период од 08:30 до 14 […]

Лажни сите денешни дојави за бомби во училишта, трговски центри и објекти во Скопје


  Министерството за внатрешни работи вечерва  соопшти дека се лажни сите пријави за подметнати експлозивни направи кои денеска пристигнаа на електронските адреси на 16 училишта, неколку трговски центри и други објекти во Скопје.  -Во 19.10 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 средни училишта и пет други објекти во Скопје […]

Скопјани помагаат за настраданите од земјотресот (галерија)


Граѓаните  на Скопје, на пунктот на скопскиот плоштад,  донираат облека, храна, хигиенски средства и сѐ она што им е неопходно на луѓето кои се најпогодени од земјотресот во Турција и во Сирија. Се носат облека, ќебиња, греалки, хигиенски средства, вода, млеко, конзерви и други намирници за помош на настраданите од природната катастрофа.  Турски студенти, кои […]

Град Скопје додели по 50.000 евра помош за Турција и за Сирија


Советот на Град Скопје на денешната вонредна седница одлучи да додели парична помош во вкупен износ од шест милиони денари за настраданите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија, односно по три милиони денари за двете земји. Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, на денешната седница посочи дека паричната помош ќе се реализира […]

Повторно дојава за бомби во 12 скопски училишта, но и во Ист Гејт, Скопје сити мол, МРТВ…


Неколку скопски училишта и денеска добија дојава за поставени експлозивни направи.  Дојава стигнала во средното училиште „Владо Тасевски“, како и во гимназијата „Ѓорѓи Димитров“. Веројатно дојава имаат добиено и други училишта. Полицијата е на терен и ги пребарува објектите, а учениците и вработените повторно се евакуирани. Вчера , лажни дојави за бомби имаше во 47 […]