Советниците не ја поддржаа Арсовска за задолжување за еко-автобуси


Фото: Б. Грданоски

Само 14 советници гласаа по предлогот на градоначалничката Данела Арсовска за задолжување со цел набавка на еко-автобуси за јавниот градски сообраќај во Скопје.

И овој обид на градоначалничката да го задолжи градот долгорочно со цел да набави 50 еко-евтобуси, кои би придонеле за обновување на возниот парк на ЈСП и за намалување на загадувањето во градот, особено во зимските месеци. 

Арсовска претходно најави дека не се откажува од ова прашање и истото ќе биде поставувано на секоја седница сѐ додека не биде изгласано бидејќи е ветување дадено кон граѓаните, но и во насока на модернизирање на превозот според сите стандарди.