Вандализиран клавирот во Паркот на музиката во Ново Лисиче


smart

Скулптурата на клавир во Паркот на музиката во скопската населба Ново Лисиче, деновиве е искршен, а според сведоштва на околните жители, од него се земани жици и метал. 

Дрвената конструкција е искршена, а клавирот кој стои среде густа зелена трева, жално зјае.

Паркот на музиката во Ново Лисиче поќна да се прави во 2001 година од музичарот Кире Ристевски, кој живее веднаш до него.

Воден од својот уметнички дух, почнувајки најпрвин од својот двор, Кире почнал да поставува музички инструменти кои самиот рачно ги изработувал. Но, бидејки неговиот двор е само 200 квадратни метри – бил премал да се постават сите инструменти кои ги познава музиката – се родила идеја музичките инсрументи да се постоват во околното зеленило меѓу зградите.

Со помош на својот пријател и сосед Ѓоко и со уште неколкумина други соседи, веќе пет години успешно го ствара и одржува уникатниот Парк на музиката. На дел од експонатите има усмерено и амбиентално светло – па Паркот на музиката и во вечерните часови посебно плени.

Особено е убав во пролетните денови, кога се гледа убаво обликуваната трева и воопшто хортикултурата околу инструментите.

Една од фигурите во Паркот на музиката

Секој минувач не останува рамнодушен – подзастанува и се восхитува на хармонијата на паркот. Пијаното, гитарата, виолончелото, флејтата, дел од другите дувачките инструменти – се направени во природна големина, а покрај нив се наоѓаат и човечки фигури во скулптурна изведба од метал – така што сите се поставени на шахтите кои сега служат како паноа за скулптурите и инструментите.

Во Паркот на музиката има 14 експонати.

Ни гитарата не е во подобра состојба

Уметникот Кире (инаку познат клавирштимер) сам, а понекојпат со помош на соседот Ѓоко го одржува и чува овој парк на музиката – познат уште и како Парк на пијаното. Тој сам ја коси тревата, ја полева, на свој трошок купува машини за одржување на тревата и сам ги прави неверојатно инспиративните скулптури и инструменти.

Во овој парк се одржаа целовечерен инструментален концерт со познатите имиња од Македонската музичка сцена – Јасминка Чакар, Милка Ефтимова, Горан Нацевски и други млади таленти – кои инспирирани од просторот музицираа во Паркот на музиката.