Жичницата од утре ќе работи еден час повеќе


Фото: Б. Грданоски

Од утре, сабота (1.04.2023 год), жичницата на Средно Водно ќе работи еден час повеќе,
односно од 10 до 18 часот.

Согласно одлуката за возен ред за месец април, од 17 до 17.30 часот е последно возење од долу
кон врвот, односно во 17.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Секој понеделник и секој последен вторник во месецот за жичницата се неработни денови.