Шанса за Центар: „Треска“ ќе се бетонизира, зошто Герасимовски си го погазува зборот? 


  Деновиве се објави дека се издадени првите одобренија за продажба на државно земјиште во комплексот Треска. Со тоа се дооформуваат парцели што е чекор пред издавање на градежни дозволи. Потсетуваме дека 47 отсто д целокупното земјиште на таа локација е државно. Тоа значи дека ќе се гради според незаконскиот план скандалозно донесен во 2012 […]

Општина Кисела Вода и „Меѓаши” со проект за унапредување на детските права


Преку 30-месечен проект, финансиран од Делегацијата на ЕУ, ќе се унапредува заштитата на правата на децата преку изготвување локален акциски план во општините низ Македонија. Проектот опфаќа пет општини, а Кисела Вода е единствената скопска општина каде веќе се спроведуваат активности во насока на зајакнување на капацитетите за унапредување на локалното стратешко планирање и воведување […]

Без вода утре корисници од ул. „Козле“


Прекин во водоснабдувањето утре ќе имаат корисниците од ул. „Козле“, од бр. 1 до бр. 55, поради водоводен приклучок ф80мм на таа улица. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација-Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10 часот до завршување на зафатот.

Град Скопје со мост ќе ги поврзе Маџари и Лисиче?


Освен пешачки мост, според Генералниот урбанистички план бил зацртан и сообраќаен мост кај улицата „Индустриска 1“, кој треба да ги поврзе Лисиче и Маџари, објави „Вечер“. Град Скопје деновиве подготвува основен проект со урбанистички проект со сите фази за сообраќајниците „Февруарски поход“, „Маџари“, со мост на реката Вардар, раскрсницата со улицата „Индустриска 1“ како и […]

Муцунски со политички одговор за спорниот ДУП за Лисиче


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски, одржа прес-конференција во врска со процесот на изработка на Деталниот урбанистички план во дел од населбата Лисиче, но неговото објаснување не содржи детали за ДУП-от, туку политичко оправдување, односно одговор на неговите опоненти од СДСМ. Муцунски нагласи дека станува збор за координирана кампања насочена кон ширење лажни вести и […]

„Пајакот“ во Центар кренал 176 непрописно паркирани возила, ама овие никако да ги види


Минатата седмица на територијата на Општина Центар биле санкционирани 176 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар. – ЈП ПОЦ и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје, во периодот од 10 до 16 април, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП […]

Хонорарци во Општина Кисела вода примале плата, не се знае што работат


Oпштина Кисела Вода во 2021 година, преку приватни агенции за вработување ангажиралa лица со авторски договори, а ревизорите не можеле да најдат што работеле тие. Таа исто така  исплатила 44.000 евра по основ на авторски договори со 23 лица за кои не биле пропишани критериуми, а кои месечно заработувале надоместоци од 12.000 до 89.000 денари. […]

Кој градоначалник во регионот зема најголема плата?


Градоначалниците на главните градови во поранешните југословенски држави не може да се пожалат на лоши плати затоа што сите земаат над 1.300 евра. Според податоците кои ги објави „Н1“, на врвот на листата се наоѓа градоначалникот на Љубљана, Зоран Јанковиќ, кој зема месечна плата од 2.696 евра. По градоначалникот на словенечката престолнина следи Томислав Томашевиќ […]

Без струја утре и задутре делови од општините Ѓорче Петров и Карпош


Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре од 09 до 13 часот без струја ќе бидат дел од улицата „Шар Планина“ во населбата „Даме Груев“, а од 09 до 15 часот дел од улицата „Мечкин Камен“ во општина Ѓорче Петров. Во среда, според информациите на РЦУК, без електрична енергија ќе […]

Парно сè до 30 април ако температурата е под 12 Целзиусови степени


АД ЕСМ – Енергетика продолжува со снабдувањето со топлинска енергија на корисниците во Скопје и покрај официјалното завршување на грејната сезона (15 април). Вообичаено, грејната сезона трае од 15 октомври во тековната календарска година до 15 април во наредната календарска година и таа може да почне порано или да биде продолжена во зависност од временските […]

Германската ВТЕ заедно со „Жикол“ ќе ја градат пречистителната во Скопје?


ВТЕ од Есен е германската компанија која го добила тендерот за изградба на пречистителната станица за Скопје во вредност од 200 милиони евра, дознава Телма. Јавноста дозна дека е потпишан договорот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје за проектот вреден 200 милиони евра, од кои 136 милиони евра се кредит од […]

Ибраими: Арачиновци не се виновни за неплаќањето данок


Градоначалникот на Арачиново, Ридван Ибраими денеска на прес-конференција информира дека извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) се однесува на 2021 година, кога општината ја предводела тогашната градооначалничка Милекие Халими. -Мора да се потенцира дека извештајот од ДЗР е за претходниот градоначалник и претходните управители кој што биле должни да управуваат со нашата општина. Сè […]

Ќе се затвораат улици околу црквите за Велигден


Утре и задутре, по повод празникот Велигден, на подрачјето на град Скопје, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром. Како што соопштуваат од Министерството за внатрешни работи, утре […]

Каде исчезнаа заљубените од ротондата на љубовта на плоштад?


На плоштадот „Македонија“, пред десетина години беше изградена ротонда – летниковец, а централно место зазема скулптурата на двајца заљубени. Но, деновиве скулптурата ја нема. Дали е отстранета поради обновување на урбаните елементи што евидентно е почнато по плоштадот и по улица „Македонија“, од Град Скопје не одговараат. Во МВР пак не е пријавена кражба. Ротондата […]

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, жичарницата ќе работи вообичаено


 Возилата од јавниот превоз денеска ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Од ЈСП „Скопје“ информираат дека во пресрет на христијанскиот празник Велигден, в сабота, недела и понеделник автобусите на сите […]

Бесплатно паркирање на дел од паркинзите во Скопје за Велигденските празници


 Јавните паркиралишта „Народен фронт“, „АМСМ“, „Дом на печат“, „ЗОИЛ“, Тутунски комбинат и „8 Септември“ денеска ќе бидат слободни за паркирање. Од ЈП „Градски паркинг“ – Скопје информираат дека паркиралиштата „Кочо Рацин“, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, „Треска“ и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ ќе работат со редовно работно време од 00 до 24 […]

За велигденските празници шалтерите на „Водовод“ ќе работат в петок


Шалтерите за наплата во Дирекцијата на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во пресрет на велигденските празници, ќе работат само в петок од 7:30 до 15:30 часот, додека пак в сабота и понеделник, нема да работат. Со редовни работни активности ќе се продолжи во вторник, известуваат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. – Ве […]

Бесплатно паркирање во центарот на Скопје за Велигденските празници


   Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно за сите граѓани. На 14, 16 и на 17 април – петок, недела и понеделник, граѓаните ќе можат да паркираат без надомест на сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи на Општина Центар“, информираат денеска од ова претпријатие. – Согласно програмата за […]

ЈСП за празниците ќе возат по неделен возен ред


Ве информираме дека во пресрет на претстојните велигденски празници, возилата од јавниот превоз утре, петок (14.04.2023 год) ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на автобусите на линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 кои ќе сообраќаат по саботен возен ред. Во сабота (15.04.2023 год), недела […]

Анима мунди: Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива – поддржуваме забрана за чување опасни кучиња


„Длабоко сме потресени и изразуваме сочувство до семејството на детето кое почина по напад од кучиња. Во оваа трагедија загубата е ненадоместлива, неповратна и утеха нема“, соопштија од здружението за заштита на животни „Анима Мунди“, откако бул мастиф до смрт искаса 8-годишно дете во скопска Пинтија. „Повикани сме од повеќе страни да дадеме изјава, но […]