„Паркови и зеленило“ ги отстранува сувите дрвја во Градски парк


Фото: Б. Грданоски

Деновиве екипите од Секторот дрвореди вршат акција на отстранување и кастрење на
сувите дрвја и гранки во вториот дел на Градски парк. Дрвјата кои се отстрануваат се
целосно суви и постои опасност да паднат и да предизвикаат материјална или друга
штета, а оние што се за кастрење имаат суви гранки што се опасност за посетителите на
паркот.

Освен што овие дрвја се суви и со надмината физиолошка зрелост, тие претставуваат опасност за ширење на габи и инсекти коишто можат да се пренесат на околната вегетација.
Акцијата ќе продолжи и во текот на наредната недела.

Со ваква информација излегоа од надлежното претпријатие, откако на социјланите мрежи се појави видео во кое се гледа како работници сечат дрвја низ Градскиот парк во Скопје. а го објави 24инфо.мк