Амбасадорката Агелер заинтересирана за политиките за намалување на загадувањето во Центар


Новоформираното претпријатие „Енергија Центар“, транспарентноста и социјалните проекти во општината, акциите за чистење како и текот на изградбата на новата градинка „Пролет“ беа темите за кои градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски разговараше со амбасадорката на Соединетите Американски држави Ангела Агелер на денешната средба во општината. „Општина Центар е прва општина која формира претпријатие за […]

Сите приватни превозници ќе се пријават на повикот што Скопје ќе го објави в петок


Конечно имаме договор со Градот Скопје, ги договоривме сите детали, од исплатата на долгот на ЈСП од 1,5 милиони евра, до пуштањето на јавните повици, изјави членот на приватните превозници, Јовица Зафировски. На денешната прес-конференција, Зафировски информираше дека јавните повици за сите линии ќе се објават во петок или во понеделник. – На тој јавен […]

Приватните превозници и Град Скопје постигнаа договор


Приватните превозници во јавниот автобуски превоз и Град Скопје денеска постигнаа договор за исплата на долгот од 1,5 милиони евра, повтрди за МИА од членот на приватните превозници Јовица Зафировски. Тој нагласи дека повеќе детали ќе објавува на денешната прес-конференција закажана во 11 часот. Инаку, приватните превозници во ноември 2022 година престанаа да бидат дел […]

Дoјави за бомби имало во 31 училиште во Скопје


Денеска (01.03.2023) до 08.20 часот во МВР било пријавено дека на електронските адреси на 31 училиштe во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, соопштија […]

Уште не стигнати в училиште, учениците евакуирани, по дојави за бомби


Дојави за бомби стигнати се на адресите на неколку скопски училита утрово, уште пред учениците да стигнат во училиштата. Во моментот се евакуира скопската гимназија „Орце Николов“. Се евакуираат и  „Никола Карев” и „Јосип Броз Тито”.  Евакуирани се и основните училишта во Аеродром и Гази Баба. Дојави за бомби веројатно се стигнати во повеќе училипта, […]

Студентите по архитектура изработија идејни решенија за нова општинска зграда на Центар


Во рамки на предметот Архитектонско студио 5.2, од денес започнува изложбата на трудови на студенти од факултетот „Зграда на општинската администрација“, која наредните денови ќе биде поставена во младинскиот центар „Матично“. Студентите за оваа вежба црпеа инспирација од актуелната локација на Општина Центар во Дебар маало, а изложени ќе бидат избрани проекти од предметот Архитектонско […]

Градежни активности во Ѓорче Петров: Се работи на улицата „Христо Батанџиев“


Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски информира дека се реконструира улицата „Христо Батанџиев“. – Во текот на предизборната кампања ги посетив граѓаните во централното подрачје на нашата општина, односно на ул. Христо Батанџиев, кои што со децении наназад имаа голем проблем со пристапната улица којашто се користи за пристап до нивните згради, односно домови. […]

Обезбедени 62 милиони денари преку Светска банка за нови улици во Аеродром


Градоначалникот на Општина Аеродром Тимчо Муцунски и Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпишаа договорот со кој официјално се ставаат на располагање средствата од Светска банка наменети за реконструкција на 2 локални улици во населба Лисиче.    Станува збор за средства во висина од 62 милиони денари кои се наменети за подобрување […]

Бислимоски: Предлог за намалување на цената на водата во Скопје, а за Охрид се бара 70 отсто зголемување


Во четврток ќе се носи одлука за корегирање на цената на водата во Скопје, а според директорот на Регулаторната комисија, марко Бислимоски, таа ќе се намали, со оглед на тоа дека претпријатието користи субвенционирана струја. Бислимоски појаснува дека од Охрид на пример, има барање за зголемување на цената на водата за 70 отсто, но вели […]

Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна


Безбедна и квалитетна е водата за пиење во Скопје, покажува најновиот неделен извшетај на ЈП Водовод и канализација. Како што информира претпријатието, Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.02.2023 до 24.02.2023 зема 188 примероци за физичко-хемиска и 188 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во град Скопје. Согласно […]

Вардар од кој го вртиме погледот


  Во центарот на Скопје, реката Вардар, место да биде украс, всушност е главен „одвод“ на отпад. Меѓу купиштата пластични шишиња, тетрапак и гранки, пливаат две-три патки, но сликата е жална.  Природата очигледно не се откажува, ама ние одамна сме се откажале од неа. Во продолжение погледнете ги фотографиите на нашиот фоторепортер Борис Грданоски од […]

УЈП наскоро ќе ги достави записниците од втората контрола до ЈСП и приватните превозници


Управата за јавни приходи (УЈП) има спроведено два типа на контроли во ЈСП „Скопје“ и во приватните автобуски превозници „Макексперс“ и „Слобода превоз“. Записниците од првата контрола веќе им се доставени, а наскоро ќе ги доставиме и од втората контрола, најави денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска. – Првичните контроли за деловните односи кои ги […]

Општините во Скопје ќе примаат Ромчиња во градинките на свој трошок


Општина Центар и Општина Гази Баба почнаа со упис на деца Ромчиња од загрозени семесјтва или деца од згрижувачки семејства, за кои трошоците целосно ќе ги покријат општините, во рамки на проектот „Инклузија на деца Роми во јавните општински установи – детски градинки“. Општина Центар и оваа година запишува до 20 дечиња од ромска националност […]

По дојава за бомба се евакуираат основни училишта во Аеродром


Утрово повторно, дојави за поставени експлозивни направи има во основните училишта во Аеродром. Во моментот се евакуираат ООУ „Лазо Ангеловски“ и „ООУ „Александар Македонски“.  Веројатно има дојави и во други училишта, а полицијата најавува информација подоцна.

„Војдан Чернодрински“ во Чаир преименуван во „Oџа Атаулах Куртиши“


Улицата „Војдан Чернодрински“ во Чаир се преименува во „Имам Атаулах Куртиши“, а општината како иницијатор и организатор на преименувањето по кусата церемонија на отворен простор, одржа и свечена академија на која се говореше за лиикот на имамот. На академијата што се одржа во Албанскиот театар, на која се говореше за животот и работата на Хоџа […]

Заврши акцијата за чистење на централното градско подрачје


Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска ја завршија акцијата за чистење на поширокото централно градско подрачје. Во рамките на акцијата, како што соопштија од претпријатието, беше спроведено рачно и машинско метење на јавните и сообраќајните површини на булеварите „Гоце Делчев“, „Филип Втори“, „Крсте Мисирков“, „Никола Карев“ и „Александар Македонски“. Од претпријатието соопштија дека […]

Две жени и една девојка каснати од бездомни кучиња


Во текот на вчерашниот ден биле нападнати две жени и една девојка од улични кучиња во Скопје. Во Полициската станица Бит Пазар вчера во 15:30 часот И.И.(23) од Скопје пријавила дека на ул. „Лазар Трповски“ била касната од куче скитник. Потоа во Полициската станица Ѓорче Петров во 17:50 часот Б.М.(59) од Скопје пријавила дека на ул. […]

Исчистена мини депонија во Козле


Општина Карпош соопшти дека во координација со Секторот Инспекторат од Општина Карпош, вчера лицата задолжени за одржување на јавната хигиена во локалната самоуправа спроведоа акција за расчистување на теренот во населбата Козле. Притоа, хигиеничарите од Карпош со помош на соодветна механизација ја исчистија помалата депонија која ја затекнаа на улица „Ловќенска“. – Службите од Карпош […]

Општина Аеродром објави јавен повик за финансиска поддршка за развој на спортот


Општина Аеродром објави јавен повик за доделување финансиска поддршка на спортските клубови и здружение кои дејствуваат на територијата на општина Аеродром. Финансиската поддршка се доделува со цел подобрување на условите за професионален и рекреативен спорт во општината. Поддршката е предвидена во неколку различни категории и тоа за: – Спортски клубови и спортски здруженија – Реализација […]

Бислимоски: Од скопски „Водовод“ лажат дека не побарале водата да поскапи, еве ги документите


„Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ лаже дека не побарало поскапување на цената на водата“, вели претседателот на Регулаторната комисија Марко Бислимоски, откако од јавното претпријатие испратија соопштение кое го нарекоа „демант“, во кое се тврди дека информацијата оти водата во Скопје ќе поскапи ја нарекува „лажна вест“. Бислимоски во изјава за „СДК.мк“ вели дека на […]