Расчистена улична депонија во Трнодол


Граѓаните повторно се жалат на нечисти улици и лоша хигиена низ главниот град, а екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во изминатите денови отстранија голема депонија лоцирана во населба Трнодол, во општина Карпош.

Од претпријатието информираат дека биле отстранети 12 кубни метри претежно мешан комунален и кабаст отпад од Трнодол.

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје вчера отстрани и неколку диви депонии лоцирани на улиците „Вуковарска“, „Серава“ и „Славеј планина“, во близина на скопското Теќе.