Арсовска ги извалка чевлите во Шуто Оризари – се асфалтира 450 метри улица


Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска беше на терен во општината Шуто Оризари каде за првпат почна изградбата на крак 38 на улицата „Македонско Косовска Бригада“.

– Овој проект кој е оценет како еден од заедничките приоритети се реализира од ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје. Со реализацијата на овој проект, граѓаните на Шуто Оризари во должина од 450 метри добиваат 1800 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за дологодишни проблеми во овој дел од градот, информираат надлежните.

– Нашите сограѓани заслужуваат да се слушне нивниот глас и реализираат нивните барања. Главната цел на тековните градски градежни активности во Скопје е градот да се развива рамномерно, со реализација на проекти и во урбаниот и во руралниот дел, порача Арсовска од скопска Шутка.