„Лајка“ заловува бездомни кучиња во Гази Баба


Илустрација (Фото: Б. Грданоски)

Од понеделникот, заловувачкиот тим на ЈП „Лајка“ започна со стратешко заловување во општина Гази Баба.

Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела (12-16. јуни) ќе заловува во општина Гази Баба и тоа во следните реони: Железара, Фабрика Железара, Автокоманда, Ќерамидница, Маџари, Ченто, Инџиково, Стајковци, Трубарево, Гоце Делчев, Јурумлери, Колонија, Идризово – соопштија од „Лајка“.

Втората недела од стратешкото заловување (19-23.јуни) нашиот тим ќе заловува во: Раштак, Булачани, Виниче, Црешево, Смилковци, Страчинци и Брњарци.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони а кое го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите реони имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected]

Исто така граѓаните може и да помогнат во акцијата, со тоа што сами би пријавиле бездомно куче, кое можат сами да го донесат во стационарот со претходна најава.