Опасност од искривено дрво во паркот „Жена борец“, ЦУК ги извести „Паркови и зеленило“ и Град Скопје


Денеска, по добиена пријава од граѓани, Центарот за управување со кризи (ЦУК) ги известил ЈП „Паркови и зеленило“ и Град Скопје и побарал итно отстранување на дрвото што е исушено, пукнато кај коренот и опасно навалено пред паѓање кај Градскиот трговски центар во паркот „Жена – борец“ во центарот на Скопје. -ЦУК ја следи ситуацијата […]

Неколку улици во центарот на Скопје и Криви Дол денеска без вода


Корисниците на улиците „Пролет“, „Светозар Марковиќ“ и „Мирче Ацев“ во центарлниот дел на Скопје, денеска од 9 часот ќе имаат прекинато водоснабдување поради изведување на водоводен приклучок Ф150мм. на улица Пролет бб, јавува Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје. Од претпријатието исто така известуваат дека во исто време прекинато водоснабдување ќе имаат и корисниците […]

Пролетта решила да дојде ден пред 8 Март


Утре е Денот на жената – 8 Март. Убав ден – борбен ден. Ќе го одбележат маршови, пораки големи колку и борбата на жената за еднаквост. Ќе се прослави како и секоја година и ќе се заборави на него до следната година. Денеска пак, пролетта реши да дојде, иако календарски има уште речиси две недели […]

Форум на граѓани во Општина Аеродром, граѓаните неинформирани – учениците порано дома


Денес во основното училиште „Лазо Ангеловски“ се одржа првиот од низата форум кои општината Аеродром ги организира со финансиска поддршка и партнерство на Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC, Министерството за локална самоуправа и Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП). За да се одржи овој форум на граѓани, учениците од втората смена […]

Советниците во Град Скопје ја одбија Иницијативата на СДСМ реконструкцијата на Универзална сала да ја преземе Владата


Советничката група на СДСМ до Советот на град Скопје поднесе предлог за дополнување на дневниот ред со Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Јавната установа Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија. Оваа овој предлог не беше усвоен затоа што за него гласаа само девет советници, додека […]

Не помина предлогот кучиња да се возат во автобусите на ЈСП


Советниците во Советот на Град Скопје не ја прифатија иницијативата на „Зелен хуман град“ за кучиња и мачиња да се возат во автобусите на ЈСП Скопје. Според советниците, во моментов во јавниот превоз нема услови за возење на граѓаните, а не за домашни миленици. – Во автобусите нема место за граѓаните, секојдневно има гужви во […]

Студентите од Архитектонски факултет со идеи за нов студентски кампус


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски вчера вечер ја посети изложбата на трудови на студенти од Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје која се одржа во рамки на предметот Архитектонско студио 9.3, во Културно социјалниот простор – „Центар Јадро“ беше отворена  Пред присутните, свое обраќање имаше градоначалникот на Општина Центар, Горан […]

Се реконструира на улицата ,,Вера Јоциќ” во Кисела Вода


Општина Кисела Вода вчера започна со реконструкцијата на улицата ,,Вера Јоциќ”. По завршувањето на зафатот кој опфаќа 5.300m2 ќе се обезбеди безбеден и комфорен сообраќај долж целата улица, вклучувајќи ги и двата нејзини краци. „Го подобруваме и паркирањето во овој дел од населбата ,,Цветан Димов”. Покрај асфалтирањето, на десната страна од оваа улица ќе бидат […]

Без струја дел од Карпош и Чучер Сандево


Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека денеска (вторник) без електрична енергија ќе останат: – во периодот од 08.00 до 14.00 часот, објектот на железничката станица во Ѓорче Петров, а можен е и краток прекин во истиот временски интервал кај корисниците во селата Злокуќани и Бардовци. (општина Карпош) – во периодот од 09.30 до 13.00 […]

Аеродром ќе добие фотоволтаична постројка за полнење електрични тротинети


Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски објави на Фејсбук дека минатата недела потпишале договор со претставниците од Центар за климатски промени/Center for Climate Change , во рамките на проектот „Патоказ за еко-паметна општина“ кој се имплементира во Општина Аеродром. Како дел од соработката и работата на заедничкиот проект, во наредниот период Аеродром ќе биде првата […]

Приватните превозници ветуваат еколошки автобуси, од 210 сега, 25 се на метан


Сите возачи од приватниот градски превоз во Скопје ќе се пријават на јавниот оглас распишан од Градот денеска, а се надеваат дека до почетокот на следниот месец, приватните автобуси ќе се вратат на скопски улици. Најавува обновување на возниот парк, но и нов, подобрен возен ред. – Сите ние ќе се вратиме на работа. Сите […]

Јанчева: СДСМ поднесува Иницијатива за времено отстапување на Универзална сала на Владата


Денеска до претседателот на Советот на Град Скопје доставивме Барање за дополнување на дневниот ред за 26-тата седница на Советот.   Поднесуваме Иницијатива за времено отстапување на корисничкото право на објектот на Јавната установа Универзална сала од Град Скопје на Владата на Република Северна Македонија.   Реконструкцијата на Универзална сала повеќе од една година стои […]

Водата во Скопје безбедна за пиење и со добар квалитет


Водата во Скопје е безбедна за пиење и има добар квалитет, покажа неделниот лабораториски извештај. Од ЈП „Водовод и канализација“ во Скопје утрово го објавија неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, кој е всушност прва лабораторија во државата што го акредитира своето […]

Арсовска распиша оглас за приватните превозници, па најавува еколошки превоз


Побрз и поеколошки јавен превоз најавува градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, откако денеска беше објавен, по трет пат, конкурсот за приватните превозници.  – Она коешто го кажавме од самиот почеток, повикот којшто се објави првиот пат се објави и сега, во соработка со координативното тело на приватните превозници, е повик на којшто тие искажаа заинтересираност […]

Град Скопје можеше без приватните превозници, сега ги бара на 16 линии


Град Скопје го распиша огласот со кој ќе ангажира приватни превозници за транспорт на патници во градот, по тврдењето на градоначалничката Данела Арсовска дека и без градскиот сообраќај функционира. Огласот е за 16 линии, и тоа со број 9, 11, 11А, 12, 19, 20, 22, 23, 45, 47А, 52, 54, 55, 61, 63 и 73. […]

„Лајка“ од денеска ќе заловува бездомни кучиња низ Скопје


ЈП „Лајка“ од денеска ќе почне да заловува бездомни кучиња во Скопје, а прва општина од каде ќе почне решавањето на процесот е Аеродром. -Би сакале да ве известиме дека од понеделник, 6.март. 2023 г. заловувачкиот тим на ЈП Лајка ќе започне со стратешко заловување по општини. Имено, нашиот тим на заловувачи следната недела (6-10. […]

Денеска се распишува нов повик за приватните автобуски превозници во Скопје


Денеска ќе биде распишан нов повик за вклучување на приватните автобуски превозници во јавниот превоз во главниот град, потврдија за МИА од Град Скопје. Дел од приватните превозници на 1 март по средбата со градоначалничката Данела Арсовска објавија дека е постигнат договор и оти ќе се пријават на повикот. Конечно имаме договор со Градот Скопје, […]

Делови на општините Сарај и Чучер Сандево без електрична енергија


Делови на Општина Сарај и Општина Чучер Сандево денеска ќе имаат прекин на снабдување со електрична енергија, соопшти Центарот за управување со кризи, по известување на ЕВН. Во Општина Чучер Сандево, на Качанички пат, во периодот од 08:30 до 14:30 часот, без електрична енергија ќе останат корисниците на деловните објекти околу казино Кинг, Еуро Бетон […]

Град Скопје утре ќе распише нов повик за приватните автобуски превозници


Утре ќе биде распишан нов повик за вклучување на приватните автобуски превозници во јавниот превоз во главниот град, потврдуваат за МИА од Град Скопје. Претходно, на 1 март од Град Скопје најавија дека ваков повик ќе биде распишан наскоро, но, тогаш нагласија дека „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“ нема да може да учествуваат на него поради пречките кои […]

Затворено градилиште позади Универзална сала


 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, придружуван од општински градежен инспектор и припадници на полицијата, вчеравечер излегоа на терен и затворија градилиште на улица „9 Мај“, позади Универзалната сала, информираат од Општина Центар. -Инспекцијата утврди дека инвеститорот постапувал спротивно од издаденото одобрение за градење и ја искинал жолтата лента со која утринава градежен инспектор на […]