„Лајка“, од денеска, повторно заловува во Аеродром


ЈП „Лајка“ ќе започне со стратешко заловување во општина Аеродром, од понеделник, 3 јули 2023 година  со нивниот заловувачки тим, соопштија од претпријатието.

„Имено, нашиот тим на заловувачи оваа недела (03-07 јули) ќе заловува во општина Аеродром и тоа во следните реони: Долно Лисиче, Горно Лисиче, улица „Тодор Чангов“, населба Лисиче, Ново Лисиче, булевар „Јане Сандански“, Реонски центар, ТЦ „Бисер“, Стар Аеродром, Мичурин и Острово“, соопштија од таму.

Заловувачкиот тим ќе го залови секое бездомно куче кое што ќе го сретне во овие реони, а кое го нема поминато хуманиот третман.

Доколку граѓаните од гореспоменатите населби имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите, нека се јават на 02 256 5859 / 071 219 925 или нека пријават на [email protected]