Граѓаните повеќе нема да газат по кал: Асфалтирани краците на улицата „Христофер Жефаровиќ“


Градоначалничката Данела Арсовска информира дека биле завршени градежните активности на краците на ул. „Христофер Жефаровиќ“.

– Ги завршивме градежните работи на краците на ул. „Христофер Жефаровиќ“, улица која минатата година Град Скопје ја градеше и која беше во катастрофална состојба каде жителите се движеа по кал со децении, а воедно беше посочувана од нив како опасност по учесниците во сообраќајот, информира Арсовска.

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ кои ги изведуваат градежните работи по налог на Градот Скопје, завршија со асфалтирање на краците на оваа улица.