Исчистени градски депонии во пресрет на Курбан Бајрам


Во текот на минатиот викенд, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје расчистија десетина диви депонии во општините Чаир, Бутел, Шуто Оризари и Гази Баба.

Отстранетите диви депонии беа лоцирани на улиците Ферид Мурат – во близина на Пензионерскиот дом и Самоилова – до Скопското муфтиство, на булеварите „Александар Македонски“ – кај населеното место Гази Баба и „Никола Карев“ (Пластичарска улица) во општината Чаир, булеварот „Македонско-косовска бригада“ – во општината Шуто Оризари, улицата „Бутелска“ – во близина на пазарот во општината Бутел и на последната автобуска постојка на автобусот 45 во општината Гази Баба.


„Во пресрет на празникот Курбан Бајрам, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведоа засилени активности за чистење диви депонии, во чиишто рамки се подигнати приближно 130 кубни метри отпад одложен на јавни и сообраќајни површини. Воедно и годинава во скопските општини каде што масовно се празнува овој празник, ќе бидат поставени посебни контејнери во коишто граѓаните ќе можат да го одложат својот органски отпад, а Претпријатието ќе спроведе активности за рачно и машинско миење на дворовите и непосредната околина на поголемите исламски верски објекти“ – истакна директорката на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Косана
Николиќ Мазнева.