Жичницата до Водно нема да работи во петок


ЈСП „Скопје“ извести дека во петок (22.09.2023 год), жичницата нема да работи поради редовен годишен технички преглед. Од сабота (23.09.2023 год) објектот ќе продолжи да работи вообичаено за овој период од годината, односно од 10 до 20 часот, при што во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 …

Жичницата до Водно нема да работи во петок Read More »

Почна да се гради првиот објект кај „Треска“


„На 18-иот роденден од компанијата објавуваме нов голем проект, започнува со изградба „Треска“. Денеска се освети камен-темелникот на новиот објект кој ќе гο редефинира квалитетното живеење во срцето на Скопје. Бидете меѓу првите кои ќе го обезбедат своето место во новиот објект со најквалитетна верзија на „Голден Арт“ системот досега“, стои во денешната објава на …

Почна да се гради првиот објект кај „Треска“ Read More »

Дел од општина Аеродром без вода


 Без вода денеска од 10:45 часот се дел од корисниците лоцирани на улиците „Блажо Орландиќ“, „Илија Димовски – Гоче“ и „Димитар Македонски“.  Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на противпожарен хидрант на улица „Блажо Орландиќ“ 28а. Поради изведување водоводен приклучок ф-150 милиметри на булеварот „Трета македонска бригада“ во …

Дел од општина Аеродром без вода Read More »

„Пиволенд“ на паркингот кај СС „Борис Трајковски“ од 21 до 23 септември


Дванаесеттото издание на скопскиот пивски фестивал „Пиволенд“ ќе се одржи на 21, 22 и 23 септември на паркингот пред спортската сала „Борис Трајковски“. Како што известуваат од организацијата на фестивалот, најголемиот гурмански викенд со пиво во Скопје, како и претходните изданија ќе понуди широка палета на домашни и странски брендови на индустриски пива, како и …

„Пиволенд“ на паркингот кај СС „Борис Трајковски“ од 21 до 23 септември Read More »

Во петок по петти пат ќе се прска против комарци


Градот Скопје известува дека в петок, 22.9.2023 година, на подрачјето на Скопје ќе се врши дезинсекција (петта фаза) против ларви од комарци, односно во раните утрински часови ќе се изврши авионската, а во текот на денот и терестричната дезинсекција. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден кога …

Во петок по петти пат ќе се прска против комарци Read More »

Серава добива уредено корито кај Радишани


Денеска почна уредувањето на речното корито на реката Серава во должина од 1.500 метри во населеното место Радишани. Паралелно ќе се пристапи и кон изградба на нова пешачка патека. Овој проект чини 42 милиони денари, а изведувач е ДГТУ „Ленди груп“ ДООЕЛ Скопје.   Според градоначалникот, Дарко Костовски, коритото ќе се уреди со камен од …

Серава добива уредено корито кај Радишани Read More »

ЈСП бара возачи – сѐ повеќе им заминуваат во странство


Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ на својата веб-страница објави оглас за вработување, иако во него не стои колку лица ќе се вработат.  Според огласот се бара кандидатите да имаат минимум завршено средно образование (IV степен), возачка дозвола Д категорија, работно искуство од минимум 2 години, флексибилност за работа во смени и професионално однесување.  Како што стои …

ЈСП бара возачи – сѐ повеќе им заминуваат во странство Read More »

Деца во Гази Баба вртеа педали за да гледаат филм


Општина Гази Баба за прв пат оваа година се приклучи кон семејството на европски градови и општини кои ја одбележуваат Европската недела на мобилност под мотото “Движи се рационално, штеди енергија”. Тоа подразбира рационален пристап при користење на електрична енергија, гориво и други видови енергија, со цел да се намали негативниот ефект врз животната средина. …

Деца во Гази Баба вртеа педали за да гледаат филм Read More »

Дел од Општина Карпош без вода


Без вода денеска од 9:00 часот ќе бидат улиците „Осло“, „Будимпештанска“, „Душко Бојковски“, „Бањалучка“, „Љубица Ѓоргиева“, „Урош Џудовиќ“ и „Женевска“ во  Општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на затварачи од ф125мм и од 100мм на ул. „Осло“ бр.15а. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со …

Дел од Општина Карпош без вода Read More »

Дел од општините Сопиште и Бутел без струја


Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Бутел и Сопиште, соопшти РЦУК – Скопје. Во периодот од 9:00 до 12:00 часот без електична енергија ќе бидат корисниците од улицата 4, Соње Коштан, село Горно Соње во Општина Сопиште. Во периодот од 9:00 до 11:00 часот …

Дел од општините Сопиште и Бутел без струја Read More »

Формирано Работно тело за измени на Законот за урбано зеленило


Формирано е Работно тело за измени на Законот за урбано зеленило од експерти, претставници на институции и еко-активисти. Ова е прв состанок на кој присутните дадоа поддршка за  предложените законски измени, за да се спречи уништувањето на градското зеленило со урбаната експанзија и непочитувањето на законите. Овие измени добија поддршка и од претставниците на  Интерпартиската …

Формирано Работно тело за измени на Законот за урбано зеленило Read More »

Што чистат шведските, а што нашите ѓубреџии? Исчистени 20-тина диви депонии во Скопје


Повеќе од 30 метри кубни кабаст отпад исчисти „Комунална хигиена викендов по пет општини во Скопје, со што ја продолжи праксата од минатиот викенд.  Овие фотографии, како што може да забележите, не се од нашиот главен град, туку од приградска населба во шведскиот град Гетеборг. Вака изгледаат контејнерите за рециклажа! Со јасна сликичка која покажува …

Што чистат шведските, а што нашите ѓубреџии? Исчистени 20-тина диви депонии во Скопје Read More »

Бруцошите имаат право на бесплатен превоз


Во пресрет на почеток на академската 2023/2024 година, ЈСП „Скопје“ потсетува дека право на студентски годишен билет за бесплатно користење на јавен превоз имаат сите редовни студенти на некој од државните факултети во Скопје на додипломски студии (Прв циклус), без ограничување на возраста. Процедурата за обезбедување на посочениот тип на билет се врши во некој …

Бруцошите имаат право на бесплатен превоз Read More »

Продолжен рокот за пријавување лични асистенти за учениците со посебни образовни потреби во Центар


Општина Центар го продолжува рокот за пријавување на Јавниот повик за ангажирање на лични асистенти во проектот „Образование за сите“ за потребите на ученици со посебни образовни потреби вклучени во образовниот процес во основните училишта на територија на Општина Центар – Скопје, во учебната 2023/2024 година. Повторниот Јавен повик се распишува заради недоволно пријавени кандидати …

Продолжен рокот за пријавување лични асистенти за учениците со посебни образовни потреби во Центар Read More »

Општина Аеродром доделува субвенции за набавка на нов велосипед или електричен тротинет


Во рамки на Европската недела на мобилност која традиционално се одбележува во текот на месец септември, Општина Аеродром објавив јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на нови велосипеди и електрични тротинети. И оваа година, општината ќе покрива средства во износ од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000 …

Општина Аеродром доделува субвенции за набавка на нов велосипед или електричен тротинет Read More »

Скопјани го сакаат Градскиот парк и на крајот на летото (фото)


Летото календарски се ближи до својот крај, но и покрај тоа убавото време продолжува, па жителите на Скопје и овој викенд во голем број се одлучија за една од нивните омилени дестинации – Градскиот парк. И денеска во паркот беше исклучително живо. Некој дојде да се рекреира, други едноставно да пропешачат, а за да биде …

Скопјани го сакаат Градскиот парк и на крајот на летото (фото) Read More »

Прв Фестивал за миленици „Пет фест Скопје“


 На летната сцена „Лепеза“ во стариот дел на Градскиот парк Скопје, денеска ќе се одржи првото издание на фестивалот за миленици „Пет фест Скопје“, со 12-часовна програма исполнета со забавни и едукативни содржини за деца и возрасни, како и за нивните миленици. Целта на настанот е да се подигне јавната свест за чување миленик, љубовта …

Прв Фестивал за миленици „Пет фест Скопје“ Read More »

Посебен режим на сообраќај во централното подрачје на Скопје


 Поради одржување атлетска трка денеска од 8:00 часот ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на централното подрачје на град Скопје, информира Министерството за внатрешни работи. Како што посочуваат, стартно/целната позиција на трката е на улицата „Беласица“ пред трговскиот центар „Ист гејт мол“ по што се оди десно по десната коловозна лента на бул.„Гоце Делчев“ и …

Посебен режим на сообраќај во централното подрачје на Скопје Read More »

Поради трка утре посебен режим на сообраќај во Скопје


Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (17.09) со почеток во 08.00 часот поради одржување на атлетска трка ќе биде спроведен посебен сообраќаен режим на подрачјето на град Скопје. Трката ќе се одвива со следната траса на движење: стартно/целна позиција на ул.„Беласица“ пред трговскиот центар “Ист гејт мол“ , десно по бул.„Гоце Делчев“(десна …

Поради трка утре посебен режим на сообраќај во Скопје Read More »

Без вода дел од Центар


Поради уличен водоводен дефект од ф-80мм на ул. „Аминта Трети“ бр.3 во населба Центар, изутрина од девет часот без вода  се дел од корисниците од бул. „Илинден“, на потегот од Градски парк до Влада.  Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување со работните активности, најави ЈП „Водовод и канализација“.