Од денеска во Скопје хуманитарен пункт за настраданите семејства од пожарите


Од денеска во Скопје ќе биде отворен хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија. Граѓаните ќе можат да донесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу 400 домаќинства. Пунктот ќе биде […]

Без вода утре ќе останат дел од корисниците на Општина Центар


Поради дефект на улична водоводна мрежа на крстосницата на улицата „Франклин Рузвелт“ и булевар „Партизански одреди“, утре, без вода ќе останат корисниците од дел од булевар „Партизански одреди“, дел од улица „Борка Талевски, како и дел од улица „Франклин Рузвелт“. Како што соопштуваат од ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинот ќе трае од 8:30 […]

Хуманитарен пункт од утре во Скопје за настраданите семејства од пожарите


 Хуманитарен пункт каде ќе се собираат материјални добра за граѓаните кои настрадаа од пожарите во Источна Македонија во државата ќе биде отворен од утре во Скопје. На овој пункт граѓаните ќе можат да однесат конзервирана храна, облека, патики, мебел, душеци и разни други материјални добра, кои потоа ќе бидат однесени во 30-тина села на околу […]

Пожар под Кале во Скопје, интервенираат четири противпожарни возила


 Пожар кај скопското Кале избувнал вечерва, информираат од Центарот за управување со кризи. -Гори под резиденцијата на МПЦ кон поранешниот полигон за авто школа, под Калето. Во моментов интервенира Бригадата за против – пожарна заштита со осум пожарникари и четири ПП возила, наведуваат од ЦУК.

И на Илинден ќе се издаваат готови лични документи


Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека утре, на Илинден Одделот за граѓански работи, односно сите подрачни единици во рамки на Одделот, како и пунктовите во објектот на МРТВ и „Беко“ во Скопје ќе работата на издавање на готови лични документи на граѓаните (патни исправи, лични карти и возачки дозволи). Притоа во Скопје (МРТВ […]

Детската градинка „Срничка“ по 40 години добива комплетно нова кујна


По цели 40 години Општина Аеродром врши темелна реконструкција на главната кујна на детската градинка „Срничка“ во објектот „Чекорче“. Деновиве интензивно се работи на промена на плочките, рушење на одредени ѕидови, промена на водоводната мрежа и на целосна замена на електричната инсталација, како и други градежни активности што се финансирани од Општина Аеродром. По завршувањето […]

ЈП „Комунална хигиена“ ги засука ракавите – чисти, мие, собира ѓубре…


Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува со интензивирање на активностите за одржување на чистотата и хигиената во градот. Како и досега активностите продолжуваат и во наредниот период. Претпријатието ќе спроведе значајна акција за миење на контејнерите за отпад и на локациите каде што се поставени истите. Оваа акција ќе опфати детално чистење на контејнерите, […]

Без вода Детската болница Козле, Кабинетот на Претседателот на РСМ, високите зони во Козле и Прижино…


Прекинато водоснабдување денеска ќе имаат корисниците од вилите на Водно, Кабинетот на претседателот на РСМ, како и улиците „Ацо Караманов“, „Периша Савељиќ“, „Караорман“, населбата Козле висока зона, населбата Пржино висока зона, како и дел од улиците „Тодор Александров“, „Славејко Арсови“ и Детската болница Козле. ЈП Водовод и канализација – Скопје информира дека прекинот во водоснабдувањето […]

Делови од Аеродром, Арачиново и Гази Баба вечер без струја


Делови од населбите Аеродром, Ново Лисиче, Горно Лисиче, Реонски центар и Острово  вечер, од полноќ до 8:00 часот, ќе останат без струја. Како што објави Општина Аеродром на Фејсбук, прекините се поради планирани технички зафати. Без снабдување со електрична енергија вечер, од 1:30 до 9:00 часот ќе бидат селата Арачиново, Орланци, Мојанци, Брњарци, Трубарево, Стајковци, […]

И „Комунална хигиена“ поставува контејнери за кабаст отпад – опфатени сите скопски општини


ЈП Комунална хигиена-Скопје ги информира граѓаните дека од 5.8..до 11.9. 2024 г. на повеќе локации во сите општини на градот ќе постави контејнери за кабаст отпад во близина на нивните домови кадешто граѓаните ќе можат бесплатно да го одложат во контејнерите. Со тоа ќе се избегне грдата слика во населбите на нашиот град. Се надеваме […]

Делови од Аеродром ноќеска без струја, информираат од ЕВН


Електродистрибуција ги информира граѓаните дека поради планирани технички зафати делови од Општина Аеродром во текот на наредната ноќ ќе останат без струја.   Прекини во снабдувањето со електрична енерија се планирани во периодот од полноќ ноќеска до 8 часот утре наутро во делови од населбите Аеродром, Ново Лисиче, Горно Лисиче, Реонски центар и Острово.

Ќе се реконструира улицата „Елисие Поповски“


Улицата „Елисие Поповски“ во скопската населба Капиштец ќе биде реконструирана. Работите ќе ги изведува Општина Центар во рамки на своите надлежности и годишен план за реконструкција и реализација на капитални инфраструктурни проекти. Во рамки на договорот што градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски го склучи за реконструкција на „Елисие Поповски“ предвидено е вадење на стариот […]

Последен ден од акцијата на ЈП Водовод за отплата на долговите без пресметка на камата


ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека акцијата за отплата на долговите за вода без пресметка на камата за задоцнето плаќање завршува денеска. -Акцијата за отплата на долговите на рати без камата за физички и правни лица е со определен временски рок, почнувајќи од 20.06.2024 заклучно до 31.07.2024. Ги повикуваме сите корисници кои имаат […]

Горел балкон на шести кат во зграда во Ново Лисиче


Од седум часот утрово, досега, Територијалната противпожарна единица во Скопје интервенирала на 16 пожари, од нив, еден во зграда  во Ново Лисиче. Информацијата вечерва за МИА ја потврди командантот на скопската Противпожарна единица, Звонко Томески. – Опожарен беше балкон на шести кат во зграда во Ново Лисиче, интервенирано е со две возила и седум пожарникари. […]

Прекинато водоснабдување на дел од корисниците во Карпош, Ново Маало и од село Никиштани


Прекин на водоснабдување денеска ќе имаат дел од корисниците во Карпош, од Ново Маало, општина Центар и од село Никиштани, општина Ѓорче Петров.  Како што информираа од ЈП Водовод и канализација –  Скопје пради поврзување на нова водоводна мрежа од Ф 125 мм на ул. „Блажо Тодоровски“ бр 9 во Центар, денеска од 07:30 часот […]

Намален притисок во водоснабдување во дел од Карпош


 Поради уличен дефект утре намален притисок во водоснабдувањето ќе имаат жителите од улиците „Манапо“, „Карпошово Востание“, „Огражден“, „Струма“ и „Радика“ во општина Карпош. Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

Автобус на ЈСП Скопје се запали во Бутел


 Автобус на Јавното сообраќајно претпријатие се запалил во скопската оштина Бутел по што интервенирала Територијалната противпожарна единица на Град Скопје. Оттаму информираат дека интервенирале со едно возило и го изгаснале пожарот на запалениот автобус на ЈСП на крстосницата на булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“ и улицата „Ферид Бајрам“ во населбата Бутел. Станува збор за автобус ЛАЗ […]

Општина Центар со засилени контроли – не може маси до сред улица!


Општина Центар согласно своите надлежности, започна со вонредни инспекциски надзори и контроли на правни субјекти што функционираат на територијата на општината, а коишто користат јавна површина за поставување на урбана опрема. Секторот за инспекциски работи на Општина Центар ги спроведува ваквите контроли, со цел спречување на поставување и отстранување на нелегално поставена урбана опрема. Правните […]

Кисела Вода ги повикува изнемоштените лица да се пријават за бесплатната услуга „Итно Копче”


Општина Кисела Вода и Црвениот Крст денеска објавија јавен повик на кој може да се пријават заинтересираните за користење на услугата „Итно Копче”. Како што соопштија од Општината, станува збор за аларм уред поставен на нараквица, кој на повозрасните и изнемоштени лица во случај на итна здравствена потреба им овозможува да искомуницираат со оператор или […]

Се намалува цената на парното


Цената на парното греење за домаќинствата во Скопје од 1 август се намалува за 3,16 отсто за корисниците на ЕСМ, за 1,71 отсто за корисниците на топланата Скопје Север и за 0,5 отсто за корисниците на ЕСМ Енергетика. За деловните корисници и училиштата поевтинува за 17,3 отсто кај ЕСМ, за 17,22 кај Скопје Север и […]