Македонците се послаби од европејците – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %


 Во 2025 година, 16,3% од луѓето во Европската Унија на возраст над 18 години биле дебели, што значи дека имале индекс на телесна маса од 30 или повисок. Дополнителни 35,4% биле со индекс на телесна маса помеѓу 25 и 30. Генерално, повеќе од половина од населението на ЕУ било со прекумерна тежина, покажуваат податоците на […]

Сончево и топло, со температури до 37 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до […]

Заврши санацијата на мостот на Маркова Река, од утре целосно отворен за сообраќај


Јавното претпријатие за државни патишта ги известува граѓаните на Кисела Вода, поточно граѓаните коишто гравитираат кон населените места Драчево, Зелениково, Батинци итн.,дека ја заврши санацијата на мостот на Маркова Река пред предвиднеиот рок и дека од утре, 05.09.2026 година, мостот ќе биде во целосна функција. Имено, со цел подобрување на безбедноста и функционалноста на конструкцијата […]

Почна пробивањето на булеварот „АСНОМ“ низ Ќерамидница


Денеска почна уривањето на објектите за пробивање на трасата кај мостот „Генерал Михајло Апостолски“. Од Град Скопје денеска информираа дека уривањето се одвива во најдобар ред, бидејќи е извршена експропријација во овој дел и се исплатени договорените суми. – Дури на некои од семејствата им е помогнато при преселбата – нагласија градските власти. Како што […]

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца


Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека шалтерот во Одделението за управни работи – Скопје, во зградата на МРТВ, каде што се издаваат „Одобренија за патување во странство за малолетни лица“ (деца до 14 години), ќе работи со изменето работно време. Согласно измената, услугата ќе биде достапна од понеделник до петок, во периодот од […]

Се модернизира булеварот „Македонско – косовска бригада“


Градот Скопје ги привршува подготвителните активности пред почетокот на изградбата на новиот булевар „Македонско-косовска бригада“, значаен инфраструктурен проект со кој ќе се унапреди сообраќајната поврзаност, безбедноста и урбаната функционалност во овој дел од градот. Денес, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски заедно со градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, изврши увид во завршните подготвителни активности […]

Реконструкција на улицата „Софиска“ во Тафталиџе 2 – Мицкоски и Лукровски на увид


Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, денеска направија увид во градежните активности, на стартот на реконструкцијата на улица „Софиска“ во населбата Тафталиџе 2.  Од Општина Карпош посочија дека на потег од 410 метри ќе биде поставен нов асфалт, ќе се заменат рабниците и долниот строј, а ќе бидат обновени и бехатон […]

Обвинителство отвори истрага за проневера и перење над 2,2 милиони евра преку лажни извештаи при регистрација на возила


Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ОЈО ГОКК, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, донесе наредба за спроведување истражна постапка против шест физички и две правни лица за проневера и перење над 2,2 милиони евра преку лажни извештаи за наплатени надоместоци при регистрација на возила […]

Се гради новата повеќенаменска спортска сала во рамки на ООУ „Братство“ во Тафталиџе 2


Од Општина Карпош денеска информираа дека со поставувањето на камен-темелникот, официјално започнала изградбата на нова современа повеќенаменска спортска сала во рамки на ООУ „Братство“ во Тафталиџе 2. Увид во градежните работи денеска извршиле премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, со што заеднички го означиле почетокот на реализацијата на овој значаен проект […]

Ангелов предупредува: Пиромани повторно палат на Китка и Жеден, активни над 30 пожари


И покрај дождливите бранови, во текот на вчерашниот ден ширум државата се регистрирани најмалку 31 пожар на отворен простор, соопшти директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Најкритично е кај скопските села Грачани и Никиштане, каде што пожарот премина од косовска страна, а поради ветерот синоќа чад се почувствува во повеќе скопски општини. […]

Јаневска: Ќе воспоставиме стабилен систем за спречување на врсничкото насилство


Министерството за образование и наука предвидува континуирани активности за спречување на врсничкото насилство и воспоставување стабилен систем кој ќе делува превентивно, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Таа посочи дека Владата презела повеќе проекти и законски измени, како и промени во училиштата, со цел да се спречи и санкционира врсничкото насилство. Јаневска […]

Јаневска: МОН не доделило стипендија на синот на Милошоски


 Министерството за образование и наука не доделило државна стипендија на синот на пратеникот Антонијо Милошоски, изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање во врска со гласините дека синот на пратеникот добил државна стипендија од МОН за студирање во странство, на универзитет во Мадрид. Јаневска, одговарајќи на новинарско прашање за […]

ФЗО: 237 барања за четврти, петти и шести обид за ин витро во првата година од законските измени


Во периодот од 7 август 2025 до 20 август 2026 година, од вкупно 1.883 поднесени и разгледани барања за остварувањето на правото на биомедицинско потпомогнато оплодување – БПО, дури 237 се однесуваат на четврти, петти или шести обид – информираат од Фондот за здравствено осигурување (ФЗО).   Проширувањето на правото до шест обиди за БПО, […]

Герасимовски: Отворен јавен повик за лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби


Општина Центар го објави јавниот повик за ангажирање лични асистенти на ученици со посебни образовни потреби, во рамки на проектот „Образование за сите“, кој ќе се реализира во општинските основни училишта во учебната 2026/2027 година. Личните асистенти ќе им обезбедуваат поддршка на учениците во текот на образовниот процес, со цел полесно вклучување во наставата и […]

Гром усмрти 107 овци на сточарот Тасин Усеинов од Чашка


Сточарот од Општина Чашка, Тасин Усеинов, во средата доживеа вистинска несреќа за неговото стадо, кога од удар на гром му угинаа 107 овци, пренесе „Агротим“. Од Сојузот на одгледувачи на овци, каде Усеинов се обратил за помош не информираа за случајот и очекуваат дека институциите ќе изнајдат начин да му помогнат на сточарот да ја […]

Вандализираните столбови на Попова Шапка сега ќе ги плати Општина Тетово


Градоначалникот на Општина Тетово, Билал Касами, и австрискиот амбасадор Мартин Памер ја посетија оштетената зимска планинарска маркација на патеката од Попова Шапка до Титов Врв на Шар Планина. Заедно со директорот на Националниот парк, Евзал Елмази, и другите партнери вклучени во „Проектот Славков“, меѓу кои и партнерот кој е задолжен за имплементацијата, Одржливи Авантуристички Патувања, […]

Работник со плата од 26.000 денари дава четвртина за билет Тетово–Скопје, граѓаните бараат реакција


Граѓани и работници кои секојдневно патуваат меѓу градовите поради работа, образование и други обврски испратија отворено писмо до медиумите, институциите и јавноста, во кое алармираат дека цените на меѓуградскиот превоз стануваат сериозен товар за семејниот буџет и бараат преиспитување на начинот на кој се формираат.   Како најсвеж пример ја посочуваат релацијата Тетово–Скопје, каде од […]

Фондацијата „Атанас Близнакоф“ го продолжува рокот за аплицирање за стипендии за студентска извонредност


Фондацијата „Атанас Близнакоф“, во стратешка соработка со Македонија2025 и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), го продолжува рокот за аплицирање за стипендии за студентска извонредност за академската 2026/2027 година. Новиот краен рок за поднесување на апликациите е 15 септември 2026 година. Сите останати услови и критериуми наведени во повикот остануваат непроменети. Повикот е […]

Со помош на ЕУ ќе се реконструира објектот на Физикална терапија во Негорци


Реконструкција на објектот на Физикална терапија најави ЈЗУ Општа болница со проширена дејност – Гевгелија со финансиска поддршка од Европската Унија. Во соопштението од Болницата е наведено дека е склучен Договор за реконструкција на објектот на Физикална терапија, во вредност од 207.747,44 евра, со рок на реализација до девет месеци. Објектот се наоѓа во рамките […]

Пет вечери храна и македонска музика: Започнува AERO Street Food Festival


Од свежо суши и такоси, преку сочни бургери, гиро, пица, фокача и традиционални ќебапи, па сè до палачинки и омилени десерти – богата палета вкусови ќе биде собрана на едно место. Вакво гастрономско доживување носи второто издание на AERO Street Food Festival, кое од 4 до 8 септември ќе се одржува во паркот „Авионче“. Самото […]