Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11


Бројот на починати од западнонилска треска во земјава се зголемил на 11, откако е регистриран уште еден смртен случај, покажуваат најновите податоци објавени на специјализираниот портал за следење на вирусот „Хелталерт“.

Од почетокот на 2026 година се евидентирани вкупно 71 случај на зараза со вирусот. Од заболените, 58 лица оздравеле, додека двајца пациенти и натаму се на болничко лекување.

Според објавените податоци, во текот на изминатата недела не бил регистриран ниту еден нов случај на западнонилска треска.