Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани до изутринава, еден активен, три под контрола и 27 изгаснати


Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани изутринава до 07:30 часот, од кои еден е активен, три пожари се под контрола, а 27 пожари се изгаснати, соопшти ЦУК. Активен е пожарот во Општина Ѓорче Петров, во с. Грачани, при што пожарот моментално е активен на територијата на Р. Косово (шума). Пожари под контрола има […]

Дел од Радишани денеска без струја


Корисниците од улицата „30“ во Радишани и делот околу Млинот Чарли денеска од 9:00 до 12:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.  Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекинот во снабдувањето со електрична енергија е поради замена на стар дрвен столб со нов бетонски столб од страна на екипи […]

Сончево и топло со температура до 33 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 33 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе […]

АХВ: Потврдени три позитивни случаи на вирусот на Западнонилска треска кај угинати гаврани


Во периодот од 24 до 27 август 2026 година, до Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) пристигнаа повеќе од 130 пријави од граѓани за пронајдени угинати птици. Дел од пријавите се однесуваат на свежо угинати птици, но најголем дел се за птици кои се во напредна фаза на распаѓање и не се погодни за лабораториско […]

Астрономски календар


 Денеска е петок, 4 септември 2026 година, 247-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 118 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 2 минути, а ќе зајде во 19 часот и 3 минути. Денов трае 13 часа. Месечината, која е во фаза на последна четвртина нема да изгрее, а ќе зајде […]

Герасимовски: „Нешто што ќе остане” по четврти пат – 50 години Центар ги славиме со најдоброто од македонската музичка сцена


Општина Центар на 12 септември, со почеток во 20 часот, во Паркот на Франкофонија по четврти пат го организира музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане”. Годинашното издание се одржува во годината кога Општина Центар одбележува голем јубилеј – 50 години од своето постоење, а по тој повод е подготвена силна музичка програма со познати имиња […]

Потпишете изјава дека нацрт-ДУП за „Барутана“ е безбеден по животот на граѓаните, повика Билјана Ивановска на презентацијата на планот


Во тензична атмосфера, со на моменти вербални конфликти, помина денешната презентација на нацрт-деталниот урбанистички план (ДУП) за парцелата Ј05, позната како „Барутана“ на падините на Водно. Со нацрт-ДУП на ова место се привидува изградба на нови објекти на површина од 29 000 квадратни метри, што според дел од советниците и граѓанските инцијативи ќе значи дополнителна […]

Меџити: Започнуваме заедничка платформа за превенција на врсничкото насилство во училиштата во Чаир


Општина Чаир започна со конкретни чекори за создавање заедничка платформа за превенција и справување со врсничкото насилство во училиштата во Чаир, информираше денеска градоначалникот Изет Меџити. Платформата, како што посочи, ќе ги обедини Општината, училиштата, психолозите и стручните служби, наставниците и родителите, со цел да се воспостави координиран и долгорочен пристап. Во нејзини рамки се […]

Гори кај Грачани, густ чад низ цела Скопска котлина


Голем пожар на отворено попладнево избувна во атарот на скопското село Грачани, во Општина Ѓорче Петров, во непосредна близина на македонско-косовската граница. Поради интензитетот на огнот, густ бел чад се издига над планинскиот предел и е видлив од повеќе делови на скопската котлина. На снимките се гледа како голема количина чад се издига од пограничниот […]

По повод 8 септември ќе биде отворен граничниот премин кај селата Огут и Калово помеѓу Македонија и Србија


По повод 8 Септември, Денот на независноста, ќе биде отворен привремен граничен премин меѓу селата Огут, Крива Паланка, Република Северна Македонија и Калово, Трговиште, Република Србија. -Општина Крива Паланка  ги известува граѓаните дека по повод 8 Септември – Денот на независноста, на 8 септември 2026 година во село Огут ќе се одржи традиционалниот народен собир […]

Инвестиција од 7 милиони денари: Свечено отворен Capitol Park во Аеродром


Со голема посетеност, многу детски џагор, насмевки и позитивна енергија, свечено беше отворен Capitol Park – новиот детски парк што Capitol Mall го донира на Општина Аеродром. За само 4 месеци, на површина од 1000м2 е изграден Capitol Park, проект вреден 7 милиони денари. Просторот е создаден како современо место за игра, дружење и рекреација, […]

Клековски: Решен е проблемот за пациентите со хемофилија – обезбедени над милион единици фактор 8


Обезбедени 1,2 милиони единици фактор 8 за хемофилија, во вредност околу 500.000 долари. соопшто денеска министерот за здравство, Сашо Клековски на прес-конференција со директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Елези.    – Со координирани напори со Институтот за трансфузиона медицина, МАЛМЕД и Институтот за јавно здравје, го разрешивме овој проблем кој досега беше заглавен […]

Детето со убод во срце во стабилна, но, сѐ уште животозагрозувачка состојба


Министерот за здравство Сашо Клековски денеска информира дека 13-годишното дете со убод во срцето е во стабилна, но сѐ уште животозагрозувачка состојба.  – Последната информација, за жал, ми е од вчера. Стабилна, во животозагрозувачка состојба, сѐ уште. Добрата страна – кинетиката – движењето на срцето е во ред, меѓутоа, сѐ уште е во животна опасност […]

Ни „Комунална хигиена“ не знае колку возила за смет добила


Преку донација од Министерството за транспорт и врски, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска доби на трајно користење дваесетина специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини. Зошто претпријатеието не ја знае конкретна бројка на возила што ги добило на […]

Седми смртен случај од западнонилска треска, почина пациент од Гази Баба


Уште еден нов смртен случај од западнонилска треска е потврден во Македонија, соопшти министерот за здравство, Сашко Клековски. Со ова, бројот на починати од вирусот се искачи на седум. Министерот кажа дека починатиот е пациент на возраст од 69 години од Општина Гази Баба и бил хоспитализиран 38 дена. Вкупниот број на хоспитализирани е 19, […]

Сите што купиле влезници за Дејвид Гета треба да ги заменат со нараквици од утре во Градски парк


Секој кој има купено влезница за концертот на Дејвид Гета потребно е истата да ја замени за соодветна нараквица. „Во координација со Министерството за внатрешни работи, а со цел обезбедување побезбеден и поефикасен протокол за влез на концертот на David Guetta: The Monolith Show, по повод 35 години независност, ве информираме дека секој кој има […]

Грантови од 1.000 до 5.000 долари за климатски проекти предводени од млади од Свети Николе


Општина Свети Николе го отвори повикот за „Фонд за климатска акција на младите“, дел од глобалната програма Bloomberg Philanthropies Youth Climate Action Fund. Преку повикот, младите од 15 до 24 години од Свети Николе можат да предложат свои идеи за локални климатски иницијативи и да добијат поддршка од 1.000 до 5.000 долари за нивна реализација. […]

Пеликан во Дојран повреден со сачмарка – обезбедена му е мандра и храна


 Повреда од прострелна рана е причината поради која веќе две недели посетителите на Дојран забележуваа осамен пеликан, како се движи во вода или по копно невообичаено блиску до луѓе. Ветеринарот Ристо Ичков од Богданци, во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство и градоначалникот на Дојран, Илија Тентов, вчера излезе на терен и ја прегледа […]

Училиштата во Аеродром должат 39 милиони денари, а работата им ја финансираат родителите на учениците


Левица тврди дека за нешто повеќе од две години под раководство на градоначалникот Дејан Митески долговите на училиштата во Општина Аеродром рипнале од околу 3 милиони денари – на 39 милиони денари. За споредба, во Општина Чаир која важи за една од најлошо водените општини, сите училишта должат 22 милиони денари. „Најпоразително е што училиштата […]

Град Скопје наскоро ќе излезе со нов сет на мерки за сузбивање на врсничкото насилство, ангажирани се и експертски тимови


Министерството за образование и наука и Град Скопје наскоро ќе ги презентираат мерките, со кои ќе се намали и спречи врсничкото насилство меѓу децата и учениците, најава денеска скопскиот градоначалник, Орце Ѓорѓиевски. Тој на промоцијата на новите возила за комунална хигиена одговараше на прашање за сузбивање на врсничкото насилство меѓу децата, учениците, каков што и […]