Без струја делови од Карпош и Аеродром
Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисници во општините Карпош и Аеродром, соопшти утрово РЦУК – Скопје.
Во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улицата Скупи 20 во населбата Злокуќани, во општина Карпош.
Во општина Аеродром, во периодот од 9:30 до 16:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе има кај дел од корисниците на улиците Димитар Македонски, Гаврил Радомир и Митре Влаот.