Британски генералштаб: Русија жртвуваше половина милион војници за 2% од украинската територија


  Од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022 година, Русија претрпе загуби од 1,5 милиони војници, од кои една третина, односно половина милион, загинаа. Ова го изјави пред новинарите маршалот на воздухопловните сили Сер Ричард Најтон, началник на Генералштабот и врховен командант на британските вооружени сили, пренесува Скај њуз. Руските сили претрпеа најголеми […]

Меџити се прошета низ Чаршијата: Реставрирана калдрмата со травертински камен


Реконструкцијата на Старата скопска чаршија влегува во завршна фаза, а најголемиот дел од работите веќе се реализирани. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека проектот ѝ дава нов лик на Чаршијата, истовремено зачувувајќи го нејзиниот идентитет и традиционален карактер. На површина од 1.567 м², зафатите ја опфаќаат подземната инфраструктура и уредувањето на просторот над неа: водоводната и канализациската […]

Николоски „замолува“ обвинителството да го истражи работењето на „Македонијапат“


  Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски од говорницата на македонското Собрание го повика Јавното обвинителство да ги разгледа ревизорскиот извештај за ЈП „Македонијапат“ и кривичната пријава што тој ј лично ја има потпишано за работењето на претходното раководство. Тој рече дека претходното раководство го заглавило претпријатието со долгови од 34 милиони […]

Пензионери од министерот бараат линеарно зголемување на пензиите


  Пензионерите бараат линеарно, а не процентуално зголемување на пензијата за да се обезбеди еднаквост на сите пензионери. Велат дека оние што имале повисоко образование, повеќе стаж, извршувале посложени работни задачи, уште на самиот почеток имат пресметана повикока основица на пензија и со тоа поголема пензија. Тука, нагласуваат, сите разлики треба да престанат затоа што […]

Пуштена во употреба реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија


 Пуштен е во употреба реновираниот одделот за неврофизиологија на Универзитетската клиника за неврологија. Вкупно реконструирани се 891 квадратен метар, а по оваа фаза, следува и реновирањето на покривот и фасадата. Реновираниот оддел денеска го посети премиерот Христијан Мицкоски, кој порача дека со ова се обезбедуваат поквалитетни услови за нега и грижа на пациентите. Мицкоски потенцира […]

Пронајден и казнет човекот кој фрлаше ѓубре во реката Радика 


Човекот кој беше снимен како фрла вреќи со отпад и кутии во реката Радика е пронајден и казнет, информираат од Општина Дебар. Инцидентот привлече големо внимание и осуда во јавноста, по што на терен излегле екипи од општинскиот инспекторат со други надлежни институции. „Ова не е само една санкција, туку претставува почеток на нов и […]

Савески негира дека судски одлуки се носат под притисок на обвинителствата


Републичкиот јавен обвинител Ненад Савески ги отфрли оценките  во јавноста дека судовите носат одлуки под влијание на Јавното обвинителство. Одговарајќи на новинарски прашања по седницата на Советот на јавни обвинители, тој се осврна на последните реакции во врска со предметите „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски, нагласувајќи дека Врховниот суд ја оценува законитоста на одлуките на пониските […]

Новиот клинички центар ќе биде кај базенот „Борис Трајковски“


  Новиот клинички центар е планиран да биде на платото пред или зад базенот „Борис Трајковски“. За тие две можности се размислувало во владата, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на реновираната зграда на Клиниката за неврофизиологија.„Тоа се двете можниости за кои размислуваме и преговараме. Многу бргу ќе […]

Герасимовски бара јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за Барутана


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група „Шанса за Центар“ за односот кон претседателката на Советот и општинските служби за време на јавната презентација на Нацрт-Деталниот урбанистички план за градската четврт Ј 05 – Барутана. „На јавната дебата имаше поединци кои беа […]

Ѓубриштето кај последна „5“ во Аеродром конечно станува парк


  Ново Лисиче добива нов парк од 71.000 м², а запуштениот простор станува зелена гордост на Скопје, се пофалија денеска градоначалниците на Скопје и на Општина Аеродром, Орце Ѓорѓиевски и Дејан Митески.   „Таму каде што со години имаше дива депонија, создаваме простор за живот, за детски насмевки, за прошетки и за дружење меѓу генерациите. […]

Туфегџиќ: Укинувањето на пресудите за „Ласкарци“ и Јакимовски е тест за правниот систем


Укинувањето на пресудите во предметите за автобуската несреќа кај Ласкарци и против Стевчо Јакимовски е „сериозен тест и аларм за правниот систем“, оценува адвокатот Владимир Туфегџиќ, откако Врховниот суд во двата случаи интервенираше во одлуките на пониските судови. Туфегџиќ отвора прашање дали дел од пониските судови при носењето одлуки излегуваат од рамките на својата улога […]

Левица за Ласкарци: Пресудите се укинуваат, повторуваат или застаруваат, а никој од судството не одговара!


Левица реагира на укинувањето на пресудата за случајот Ласкарци и на враќањето на целиот случај на повторно судење, иако обвинетите веќе служат затворска казна, отворајќи ја дилемата – дали овие предмети паѓаат случајно, или некој одамна го усовршил начинот како правдата да се саботира, иако судења има?   „Шеснаесет луѓе загинаа кај Ласкарци, а седум […]

Општина Центар вечерва ќе слави роденден со Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 Бона


Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за 12 септември, ќе се одржи еден ден порано – односно вечерва со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија. Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска и 2 […]

Над 615.000 автомобили во земјата: Дизел-возилата остануваат доминантни


 Бројот на патнички автомобили во земјата само во последните пет години е зголемен за над 40 проценти, од 429 илјади во 2020 на над 615 илјади во 2025 година.  И покрај брзиот раст на хибридните и електричните автомобили, нивното учество сè уште е релативно мало и на патиштата сè уште доминираат дизелите, а бензиските возила […]

Без струја делови од Арачиново, Мојанце, Орланце и Горно Соње


Без електрична енергија денеска во периодот од 09.00 до 13.00 часот, ќе бидат корисниците од село Арачиново лоцирани на патот за село Мојанце, како и корисниците од селата Мојанце и Орланце, информира РЦУК – Скопје. Струја ќе немаат и објектот на пумпната станица Арачиново, како и дел од корисниците од ул. 12 во Горно Соње,

Почнува 4. „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија


Во Гевгелија денеска почнува четвртото издание на гастрономско-музичкиот фестивал „Taste the South“. До 13 септември, недела, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вино, музика и програма наменета за сите генерации. Годинашното издание ќе се одржи на нова локација – во Mega Shopping Park-от. Фестивалот ќе почне попладне во 18:30 […]

Советот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОКК


Советот на јавните обвинители денеска треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Според дневниот ред на 50-тата седница, предвидено е формирање Комисија за подготвување кандидатски листи, како и Комисија […]

Сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 18, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во делови од котлината ќе […]

Врховниот суд ја укина пресудата за автобуската несреќа кај Ласкарци, осудените излегуваат од затвор


  Врховниот суд ја укина правосилната пресуда за автобуската несреќа кај Ласкарци во која во февруари 2019 година загинаа 16 луѓе, а 30 беа повредени.   Предметот е вратен на повторно судење. Одлуката е донесена на седницата на Советот за казниви дела на 9 септември, а со неа се укинати пресудите на Основниот кривичен суд […]

ЈО потврди: Помошник-директор на Царината приведен под сомнение за примање поткуп


Помошник-директор на Царинската управа е приведен под сомнение дека побарал поткуп за да го искористи своето реално влијание и да помогне во две постапки пред Царинската управа, соопшти Јавното обвинителство. – Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР го приведоа помошник […]