„Ромалитико“: Има напредок во инклузицијата на Ромите, образованието со најголем напредок
Има напредок во инклузијата на Ромите, но се уште постојат области каде има назадување, покажува извештајот повторуваат слични препораки во извештаите на Европската комисија во однос на образованието, вработувањето, домувањето и дискриминацијата, покажува Извештајот во сенка што го изготви Институтот за истражување и анализа на политики „Ромалитико“ за периодот март 2025 до март 2026 година.
Најголем напредок е забележан во делот на образованието како во спроведувањето на мерките, така и во искористеноста на буџетот. Во овој дел за првпат годинава има медијатори не само во основното, туку и во средното образование. Сепак, транзицијата на запишување од основно во средно образование бележи пад, како и бројот на запишани ученици што според „Ромалитико“ се должи на трендот на иселување.
„Ромалитико“ бележи дека во одредени сектори не се искористени средствата како што се здравството и домувањето.
– Во рамки на домувањето сеуште министерството за транспрот ги нема потрошено парите дадени во делот на инфрастуктура во ромски населби. Во делот на здравство, за жал, сме во регрес. Финансиската неискористеност не е нешто ново. И претходно кога сме ги анализирале состојбите покажуваат дека до крајот на годината се пробува да се искористи максимумот, односно да се спроведат повеќе мерки. Во Министерството за транспорт имаме нула искористеност затоа што подоцна го објавија повикот, изјави Суад Скендери од „Ромалитико“.
Јазот меѓу жената Ромка и останатите жени се забележува и во најновиот извештај и тоа не е нешто ново затоа што „Ромалитико“ го бележи и во претходните седум извештаи.
– Периодот којшто го покривање е март 2025 до март 2026 година и покажува дека институционалната координација е главен причинител зошто буџетската искористеност е на толку ниско ниво, вели Скендери.
Според „Ромалитико“, она кон што треба да се анализира во иднина е дали проблемот е во тоа што немаме доволно политики или, пак, во тоа што не успеваме доследно да ги спроведуваме оние што веќе ги имаме.
– Покрај исполнувањето на законските обврски и преземените заложби, особено важно е доследното спроведување на предвидените мерки. Токму во оваа насока треба да го насочиме нашето внимание. Сметам дека е важно да не го оставиме спроведувањето на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030 само на декларативно ниво. За нејзина успешна реализација потребна е континуирана вклученост на сите ресорни министерства, локалната самоуправа и другите надлежни институции. Исто така, потребно е поголемо вклучување на граѓанските организации, не само во процесите на консултации, туку и во следењето и оценувањето на спроведувањето на политиките – порача извршниот директор на „Ромалитико“ Елвис Шаќири.
Успехот на една политика не се мери според тоа колку документи се усвоени или колку препораки се напишани, туку според тоа колку реално се подобрил животот на луѓето на кои таа политика се однесува, подвлече Шаќири.
На презентацијата не присуствуваше министерот без ресор Ерџан Демир.