(ФОТО) Угинати риби во реката Треска, се бараат итни анализи на водата


      Од СРЗ „Хантер Фиш“ синоќа преку социјалните мрежи пријавија угинување на риба во реката Треска и побараа итна реакција од надлежните институции и детално утврдување на причините за случајот. Од здружението велат дека состојбата е загрижувачка и дека мора веднаш да се проверат сите можни причини за угинувањето на рибата, особено можноста […]

ЕТИАС ќе стане задолжителен и за македонските граѓани: Пријавата ќе чини 20 евра


Македонските граѓани што патуваат во земјите од Шенген-зоната во иднина ќе треба да обезбедат електронско одобрение за патување преку системот ЕТИАС. Пријавата ќе се пополнува преку интернет и за најголем дел од патниците ќе чини 20 евра. Сепак, ЕТИАС сè уште не е во функција и во моментов македонските граѓани не треба да поднесуваат пријава […]

Без вода дел од Бит Пазар, без струја дел од Бардовци


Поради планирано исклучување на водоснабдувањето денес без вода од 9 часот ќе бидат корисниците од улиците „Петре Георгиев“, „Отокар Кершовани“, „Крсте Мисирков 14“ и Амбулантата Бит Пазар. Прекинот ќе трае до санирање на дефектот. Регионалниот центар за управување со кризи, повикувајќи се на информација од ЕВН Македонија, информира и за прекини во електродистрибутивната мрежа. Во […]

Сончево со мала до умерена облачност и ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.  Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.  Во Скопје, времето ќе биде претежно сончево и ќе дува […]

Астрономски календар


Денеска е понеделник, 14 септември 2026 година, 257-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 108 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 13 минути, а ќе зајде во 18 часот и 45 минути. Денов трае 12 часа и 32 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Апасиев поднесе кривична пријава против членови на Антикорупциска


  Димитар Апасиев, и лидер на Левица, соопшти дека поднел кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против службени лица во Државната комисија за спречување на корупцијата, како и против ДКСК како правно лице. Од документот што го објави Апасиев се гледа дека пријавата е поднесена против Весна Донева, Севим Мустафа, Славко Ѓорѓески и […]

Времето од денеска конечно ќе биде посвежо


  Времето денеска ќе биде сончево и посвежо со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 30 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер […]

Досега регистрирани 138 шумски пожари, до крајот на јули штетата изнесува четири милиони евра


Јавното претпријатие „Национални шуми“ досега има регистрирано 138 шумски пожари. Заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов вели дека огнените јазици и оваа летна сезона опустошија стотици хектари низ македонски шуми. Според Михаилов штетите доправа ќе се утврдуваат. Посочува дека бројката на пожари низ македонските шуми не отстапува од просекот во изминатите години. Вработените […]

Мицкоски вели „нема веќе банди, нема веќе криминал, нема рекетирање, нема веќе провизии од Лотарија…“


Разликата во растот на пензиите е 16 пати поголема во тоа што го зголеми оваа влада споредено со тоа што го направи СДСМ, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Одговарајќи на новинарско прашање за растот на платите и пензиите споредно со претходната власт, Мицкоски рече опозициските критики за животниот стандард се само „ПР-трик“ осмислен од консултанти за […]

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот – итно да се објават сите документи за 5,5 милиони евра народни пари!


„Откако упорно го криеја од јавноста секој податок околу прославата за јубилејот од независноста, Владата сега колку повеќе се обидува да ја закрпи приказната за прославата, толку повеќе од неа ѕиркаат недоследности, нелогичности и дупки што не можат да се покријат. Рокот за доставување понуди истекол во петок, 8 мај во 12 часот, пристигнала само […]

Познати кандидатите за градоначалник на Брвеница


Владините коалиционери ВМРО-ДПМНЕ и Влен истакнаа одделни кандидати за градоначалник на Општина Брвеница за претстојните вонредни избори по смртта на Јовица Илиевски од најголемата партија во владејачката коалиција. Стојанчо Радичевски ќе „трча“ за ВМРО-ДПМНЕ како изгласан со акламација од Извршниот комитет на партијата, а Јакуп Хусеини за Влен. Радичевски е претседател на Општинскиот комитет на […]

Не може да има 5,5 милиони евра за прослави, да има за владин авион, а да нема пари за 600 евра минимална плата, вели СДСМ


  Додека Мицкоски ужива во луксуз со часовници од 60.000 евра, костуми од 5.000 евра македонските работници едвај врзвуваат крај со крај и не можат да го преживеат месецот, реагира СДСМ.   „Цените на храната и горивата се до плафон а минималната плата од околу 26.000 денари е недоволна за достоинствен живот.   Синдикална кошничка […]

Со м.Услуги личната карта и возачката дозвола ќе бидат достапни директно на мобилен телефон


 Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е во фаза на тестирање. Нема да биде задолжителна за граѓаните и ќе можат и понатаму да ги користат постојните физички документи. Апликацијата ќе ги содржи личните документи на граѓаните во електронска форма, меѓу кои личната карта и возачката дозвола, а во почетната фаза преку неа ќе бидат достапни […]

Меџити: Магистралниот пат „Хасан Приштина“, стратешки проект за развојот на Визбегово и побрзо поврзување со Косово


  Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес престојуваа во Визбегово, каде се сретнаа и разговараа со претставници на бизнисите кои работат во оваа зона. Во фокусот на средбата беше транзитниот магистрален пат „Хасан Приштина“, еден од најзначајните инфраструктурни проекти за овој дел од Скопје. Новиот пат, со должина од […]

ЦУК: До 07:30 часот 31 пожар, три активни, четири под контрола


 Центарот за управување со кризи информира дека со 07:30 часот регистрирани се 31 пожар на отворен простор од кои три се активни а четири се под контрола. Изгаснати се 24 пожари.  Активни се пожарите кај селото Белица во општина Македонски Брод, кај селото Брест во општина Чучер Сандево, и кај селото Алдинци в општините Крушево […]

„Ноќна урбана трка“ одложена за 7 ноември


Поради најавените неповолни временски услови и неможноста настанот да се реализира согласно планираните програмски и технички стандарди, Centar Night Run нема да се одржи на 12 септември. Новиот датум на трката е 7 ноември 2026 година. Сите досегашни пријави автоматски се префрлаат за новиот датум и не е потребно да преземете дополнителни чекори. Доколку новиот […]

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд (над 15 литри на метар квадратен), грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина од 40 километри на час. Минималната […]

Астрономски календар


 Денеска е сабота, 12 септември 2026 година, 255-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 110 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 11 минути, а ќе зајде во 18 часот и 49 минути. Денов трае 12 часа и 38 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина  ќе изгрее во […]

Британски генералштаб: Русија жртвуваше половина милион војници за 2% од украинската територија


  Од почетокот на инвазијата врз Украина во февруари 2022 година, Русија претрпе загуби од 1,5 милиони војници, од кои една третина, односно половина милион, загинаа. Ова го изјави пред новинарите маршалот на воздухопловните сили Сер Ричард Најтон, началник на Генералштабот и врховен командант на британските вооружени сили, пренесува Скај њуз. Руските сили претрпеа најголеми […]

Меџити се прошета низ Чаршијата: Реставрирана калдрмата со травертински камен


Реконструкцијата на Старата скопска чаршија влегува во завршна фаза, а најголемиот дел од работите веќе се реализирани. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека проектот ѝ дава нов лик на Чаршијата, истовремено зачувувајќи го нејзиниот идентитет и традиционален карактер. На површина од 1.567 м², зафатите ја опфаќаат подземната инфраструктура и уредувањето на просторот над неа: водоводната и канализациската […]