ДОМ: Ако профитирате од нашето сонце и ветер, мора да изградите полначи за возила за народот!


Во моменти кога цената на нафтените деривати ја надминува границата од 100 денари за литар, а македонските градови рушат светски рекорди по загаденост на воздухот, државата продолжува системски да ги штити нафтените лобија и да ја кочи вистинската транзиција кон електрична мобилност, оценува партијата ДОМ во својата денешна реакција.   „Сведоци сме на врвно лицемерие: […]

Стевчо Јакимовски и две вработени во Општина Карпош добија кривични пријави


Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за економски криминал и корупција во координација и содејство со СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал постапуваше по издадена Наредба од ОЈО Скопје и по преземени мерки и активности до ОЈО Скопје достави кривична пријава против Благица Блажевска за четири кривични дела Злоупотреба на службена положба и овластување од чл.353 […]

Општина Карпош отсега ќе врши инспекциски надзор и со дронови


Општина Карпош воведува дронови во инспекцискиот надзор, со цел побрзо, попрецизно и поефикасно следење на состојбите на терен. Од Општината денеска информираа дека четворица вработени успешно ја завршиле обуката и се стекнале со сертификати за управување со беспилотни летала. Дронот, како што наведуваат оттаму, ќе се користи за: увид на тешко достапни локации, визуелна документација, следење на урбанистички […]

Лекарската комора одбележа 90 години од раѓањето на нобеловецот со македонско потекло, проф. д-р Ферид Мурад


Лекарската комора на Македонија организираше настан по повод одбележувањето значаен јубилеј – 90 години од раѓањето на еден од најголемите научни умови во современата медицина, нобеловецот проф. д-р Ферид Мурад, чии корени потекнуваат од нашата земја. На настанот присуствуваа министерот д-р Беким Сали, претставници на здравствените институции и лекари кои заеднички му оддадоа почит на човекот […]

Македонскиот Центар за климатски промени организира „Соларен саем Битола“


Центарот за климатски промени ќе одржи „Соларен саем Битола“ со цел да ја приближи темата за соларната енергија и обновливите извори преку информативни и интерактивни активности. На плоштадот „Магнолија“ , битолчани, претпладнево ќе можат да се информираат за фотонапонски системи, придобивките од користење соларна енергија, како и концептот на просумер. Организаторите ќе постават штандови од […]

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер


 Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во попладневните часови локално ќе има врнежи од дожд и засилен ветер. Наместа ќе има услови за нестабилност во форма на невреме со пороен дожд, грмежи и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал […]

Астрономски календар


Денеска е вторник, 15 септември 2026 година, 258-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 107 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 14 минути, а ќе зајде во 18 часот и 44 минути. Денов трае 12 часа и 29 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Камен мост затворен за пешаци – ќе се осветлува


Камениот мост во центарот на Скопје е затворен за движење на пешаци поради интервенција на осветлувањето, кое по долгогодишен период на нефункционирање ќе се санира со пари од турската општина Есенлер. Работите ги изведува Град Скопје, а додека трае интервенцијата пешаците не можат да го користат мостот за преминување од едната на другата страна на […]

Пиперката „ајварка“ ги извади на блокади земјоделците од Пелагонија – мизерни цени, редуциран откуп 


  БИТОЛА – Земјоделците од Пелагонија, производителите на пиперката „куртовска капија“ го блокираа патот Прилеп – Битола незадоволни што пиперката намената за ајвар не се откупува или она што го оди на откуп е по мизерна цена од 15 денари за килограм. Поголема група на земјоделци го блокираа регионалниот патот Прилеп – Битола кај Тополчани, […]

Владата не се откажува од изградба на дата центри


  Премиерот Христијан Мицкоски вели дека владата не се откажува од идејата за изградба на дата-центри затоа што светот и човештвото одат во таа насока и тој процес е неповратен. Тој рече дека владата не добила никаков допис од ЕУ дека се откажуваат од финансирање и давање грант за изградба на националниот дата центар. „Прашањето […]

Левица: Партиски членови земаат државни плати како преставници во независни комисии


Наместо Државната второстепена комисија да биде гаранција за законитост, професионалност и непристрасност, истата е претворена во партиски штаб за ургенции од власта, платен со државни пари, оценува Левица објавувајќи серија фотографии поврзани со членовите на второстепената Комисија – Маја Бичиклиска,  Тања дедејска и Симона Лескароска каде, според партијата, јасно се манифестира нивната јавна поддршка и […]

Поради отсуство на сведоци, одложено судењето против 13 полициски службеници поврзани со „Пулс“


Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се одложи рочиштето во судскиот процес против 13 полициски службеници обвинети за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Причината за одложувањето е неприсуството на сведоците предвидени за рочиштето. Како што информира судот, некои од поканите за сведоците се вратиле како неуредно доставени […]

Редовната исплата на боледувањата да стане правило, посакува Перински


Фондот за здравствено осигурување ќе продолжи со активности за воспоставување редовна и предвидлива исплата на надоместоците за боледување и породилно отсуство, истовремено со унапредување на правилата, поедноставување на постапките и зајакнување на контролата таму каде што постои ризик од злоупотреба. Ова беа дел од клучните пораки на генералниот директор на Фондот за здравствено  осигурување, м-р […]

СДСМ бара обвинителство да отвори истрага за „лотото на Мицкоски“


  Од граѓаните се крие вистината за лотото на арамијата Мицкоски и трошењето на 5,5 милиони евра за прославата за независноста. Затоа сме пред Јавното обвинителство. Мора веднаш да отвори истрага и да ја обезбеди целокупната документација, да ги даде на увид пред граѓаните. Граѓаните ја платија сметката на Христијан Мицкоски за прославата на годишнината […]

По 18 месеци од трагедијата во „Пулс“, семејствата повторно на улица: „Да не чекориме сами“


Осумнаесет месеци по трагедијата во дискотеката „Пулс“, семејствата на 63-те жртви повторно ќе излезат на улиците на Кочани, со барање за вистина, одговорност и правда. Здружението „16 Март 2025“ повика граѓаните во среда, 16 септември, во 17:05 часот да им се придружат на семејствата на новиот Марш на ангелите, кој ќе започне од Паркот на […]

Отворена Летната школа за зелени и дигитални вештини во Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип


Министерката за образование и наука Весна Јаневска ја отвори Летната школа на Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија (JRC), што од денес до 18 септември ќе се одржува на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и ќе опфати клучни теми поврзани со проценка на квалитетот на воздухот, почвата и водата, значајни за реализација на Европската зелена […]

Нова водоводна и фекална мрежа за 200 жители на Маџир Маало


Општина Центар изведува градежни активности за поставување на нова водоводна и фекална мрежа на улиците „Анте Хаџи Митков” и „Кеј 13 Ноември” во Маџир Маало. Со овој зафат се прошируваат капацитетите на  водоснабдувањето и одведувањето на фекалните води. Вкупната должина на новите цевководи изнесува 127 метри. Станува збор за целосно нова инфраструктура која ќе овозможи […]

Македонските студенти го презентираа новиот болид на MES Racing: Имаат знаење за големата инженерска сцена


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини присуствуваше на официјалната презентација на новиот болид на MES Racing, македонскиот Formula Student тим, составен од млади инженери и студенти, кои во текот на изминатата година посветено работеа на неговиот развој – информираат од Министерството.  На настанот, кој се одржал во амфитеатарот на Машинскиот факултет во Скопје, тимот […]

(ФОТО) Угинати риби во реката Треска, се бараат итни анализи на водата


      Од СРЗ „Хантер Фиш“ синоќа преку социјалните мрежи пријавија угинување на риба во реката Треска и побараа итна реакција од надлежните институции и детално утврдување на причините за случајот. Од здружението велат дека состојбата е загрижувачка и дека мора веднаш да се проверат сите можни причини за угинувањето на рибата, особено можноста […]

ЕТИАС ќе стане задолжителен и за македонските граѓани: Пријавата ќе чини 20 евра


Македонските граѓани што патуваат во земјите од Шенген-зоната во иднина ќе треба да обезбедат електронско одобрение за патување преку системот ЕТИАС. Пријавата ќе се пополнува преку интернет и за најголем дел од патниците ќе чини 20 евра. Сепак, ЕТИАС сè уште не е во функција и во моментов македонските граѓани не треба да поднесуваат пријава […]