(Галерија) Мавровското Езеро е магично во боите на есента


Природни пејзажи, шумите околу езерото добиваат жолти, црвени и портокалови нијанси, што е одлично за фотографирање, прошетки и релаксација.


Националниот парк редовно врши есенско порибување (на пример со крап и пастрмка), но важно е да се знае дека во октомври 2026 година Министерството за земјоделство воведе забрана за риболов на крап во Мавровското Езеро до крајот на годината.


Околу езерото има многу викендички, па за многумина престојот е едноставен, но и за другите има можности за сместување кои се нудат во локалните вили и апартмани.
Езерото се наоѓа на 1.200 м надморска височина меѓу шумовити и високи планини. Создадено е во срфедината на минатиот век кога на Мавровската Река на излезот од котлината и бил затворен патот кон Радика со голема земјена брана. Мавровското Езеро е долго 10 км, а широко од 5 до 3 км.

Најголемата длабочина од 50 м ја достигнува во близина на браната која е висока 54 м, долга 210 м и широка 5 м. Во основата браната е широка 286 м и во неа се вградени 705.000 м3 материјал.


Над езерото од сите страни се издигаат високи листопадни и иглолисни шуми, кои се огледуваат во бистрата езерска вода. Тие му даваат посебна убавина и изглед, особено на есен.