Посебен сообраќаен режим во Скопје, утре доаѓа делегација од Косово


Во центарот на Скопје утре ќе се воведе посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу, информираат од МВР. Оттаму велат дека ќе преземат соодветни мерки за регулирање на сообраќајот за време на посетата на косовската делегација, а поради посебниот сообраќаен режим, оттаму информираат дека можни се […]

Куманово гласаше за Вучиќ


Министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ објави дека на српските парламентарни избори во Куманово, листата „Обединета Србија“ освоила 487 гласа, а Студентската листа само 35 гласа. „Куманово: Обединета Србија 487, Студентите победуваат 35“, напиша Стоилковиќ на својот профил на Фејсбук, а објавата ја придружи со слика од гранче рузмарин, песна што стана дел од изборната […]

Дејан Јованов – Деко предложен за сведок на судењето против деветмината полицајци за „Пулс“


Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето против деветмината полициски службеници обвинети во предметот поврзан со дискотеката „Пулс“ во Кочани, при што одбраната ги образложуваше предлог-доказите од доказните листи. Одбраната предложи изведување на повеќе материјални докази, како и распит на повеќе сведоци, меѓу кои и Дејан Јованов – Деко. Според предлогот, сведокот треба да […]

Платформата за СДСМ вели дека српските студенти покажале дека граѓаните биле уморни од политичарите


  Речиси сите од нив се поранешни политичари (а некои од нив и сегашни), но Платформата за промени во СДСМ денеска, ден по сеизмичката победата на Студентската листа на изборите во Србија, вели дека тамошните граѓани и оние во Унгарија покажале дека се уморни од традиционалните политички партии, долгогодишните функционери и корупциските профитери. Во соопштението […]

Жителите на Кисела Вода бараат поместување на автобуската постојка на линијата „24“


  Жителите на урбаната заедница „Кисела Вода“ бараат поместување на автобуската постојка на линијата број 24, која сообраќа на релација Тафталиџе – Кисела Вода, и нејзино поставување спроти маркетот „Жито“. Барањето било изнесено на работна средба со градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, на која граѓаните ги посочиле и проблемите со пешачката инфраструктура, паркирањето […]

УХМР најавува дожд и снег на планините


Постудено време со повремени врнежи и засилен северозападен ветер најавуваат метеоролозите за утре. Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), времето ќе биде променливо облачно, а во северните делови од земјата ќе има дожд, кој на повисоките планини ќе преминува во снег. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец, кој повремено ќе засилува до […]

Од четврток почнува примената на е-паричник, во среда закажана официјалната промоција


Од четврток веќе почнува официјалната примена на  електронскиот паричник што значи дека граѓаните ќе можат на својот мобилен телефон да ги имаат својата лична карта и возачка дозвола.  Официјално апликацијата ќе биде промовирана во среда на 28 октомври, а министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски вели дека се работи за безбедна апликација која нуди можности […]

ЛДП: Купете гориво пред да поскапи вечер


Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение реагира на најавеното поскапување на горивата и ја обвини Владата дека не презема доволно мерки за заштита на стандардот на граѓаните и домашните бизниси. Од партијата оценуваат дека растот на цените, поврзан со војната на Блискиот Исток, дополнително ја намалува куповната моќ на населението. Затоа бараат итно да се разгледа […]

Околу 150 планинари учествуваа на деветтата „Милениумска патека“ на Сува Гора


Планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово вчера по деветти пат ја организираше традиционалната планинарска акција „Милениумска патека“ на планината Сува Гора, на релацијата од селото Блаце до Волковија. На настанот учествуваа околу 150 лица од различни возрасни групи. Акцијата, покрај спортско-рекреативниот карактер, има и едукативна димензија, овозможувајќи им на учесниците да се запознаат со богатото културно […]

АХВ заплени и уништи 470 килограми месни производи во нерегистрирана комора во Василево


Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), минатата недела, спроведе вонреден инспекциски надзор кај правно лице – месарница во Општина Василево, при што на приватен имот беше откриена комора која не била регистрирана во Агенцијата за храна и ветеринарство. При спроведувањето на контролата, официјалните ветеринари на АХВ во комората пронашле и заплениле 400 килограми замрзнати подготовки […]

Меѓународна соработка на УКЛО со универзитети од Шпанија и Италија


 Универзитетот „Св. Климент Охридски“ преку Факултетот за информатички и комуникациски технологии (ФИКТ) почна со реализација на проектот „Лабораторијата за интелигенција за климатска отпорност“ (CRIL) кој го креира со претставници од Универзитетот во Кастиља-Ла Манча (UCLM), Шпанија и Универзитетот во Ферара (UNIFE), Италија. Проектот „Лабораторијата за интелигенција за климатска отпорност“ вклучува дискусии за оперативното планирање и […]

Дел од пензионерите во Центар ќе добијат по 5.000 денари помош


Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од  2.500 на 5.000 денари Општина Центар објави јавен повик за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик. Годинава помошта е удвоена, од досегашните 2.500 на 5.000 денари. „Во предизборната програма ветив дека ќе ја удвоиме финансиската помош за пензионерите и тоа ветување […]

Студентите победија, но која е нивната политика воопшто?


Движењето кое произлезе од протестите по уривањето на настрешницата во Нови Сад, сега ги доби изборите, но промената на власта во Србија сè уште не е остварена. „Студентската листа“ не е составена само од студенти: вклучуваше професори, доктори и други кандидати, а го водеше кардиологот од Нови Сад Илија Срдановиќ. Што ги чека победниците и […]

Излезе од печат книгата „Записи за културата и за книжевноста“ од Ненад Баткоски


Објавена е новата книга „Записи за културата и за книжевноста“ од новинарот, публицист и преведувач Ненад Баткоски. Делото претставува избор од неговите културни записи создадени во изминатите повеќе од четири децении, објавувани во македонски и регионални медиуми, како и во повеќе меѓународни редакции. Во книгата се поместени текстови објавени во белградските весници „Борба“ и „Вечерни […]

ЕХО 17 ги отвора приказните од планините, карпите и длабочините на Врело


Меѓународната експедиција во подводната пештера Врело, која го продолжи истражувањето до длабочина од 338 метри и постави три светски рекорди, е меѓу најинтересните содржини на 17. издание на ЕХО – Фестивалот на планински филм, што вечерва почнува во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје, со проекцијата на филмот „Frost: The Story of a […]

„Револуција во кадар“: Изложба на ретки и досега необјавени фотографии од македонското револуционерно минато во Галеријата на МАНУ


Шеесет оригинални историски фотографии, од кои значителен дел досега не биле претставени пред јавноста, од вечерва ќе бидат изложени во Галеријата на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во рамки на изложбата „Револуција во кадар“. Изложбата е посветена на македонското револуционерно минато и претставува избор на оригинални фотографии од приватната колекција на Диме Ратајкоски […]

Природонаучниот музеј на Македонија одбележува 100 години постоење со свечена академија во МНТ


Со свечена академија во Македонскиот народен театар, Природонаучниот музеј на Македонија денеска одбележува 100 години од своето постоење, јубилеј што го потврдува неговото значење како една од најстарите и најзначајни научни и музејски институции во земјата. По повод стогодишнината ќе бидат доделени плакети на соработници, институции и компании кои дале значаен придонес во развојот на […]

Променливо облачно со локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од […]

Во декември повторно ќе има огласи за ИПАРД фондовите


  БИТОЛА – Нови огласи за ИПАРД 3 – Програмата најави директорката на Платежната агенција Даниела Иротова-Лазарева, откако во декември лани европските пари за нашите земјоделци беа суспендирани поради голем корупциски скандал. Директорката Иротова-Лазарева најавува дека во декември ќе се отворат огласи за мерките 1, 3 и 7, за што земјоделците и преработувачките компании можат […]

Денес и облачно, и ќе врне


Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини се очекува да има услови за појава на магла. Најавено е да дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 6 до 20 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, […]