МОН не ги крие бодовите за место во студентски, само не прима студенти кои 8 години студираат


Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата дека Министерството ги крие бодовите и резултатите за приемот во студентските домови. – Жалосно е што во јавноста се шират дезинформации или таканаречени лажни вести. Апсолутно тврдам, ранг-листите се објавени на примените, но објавена е и ранг-листа на непримените со објаснување зошто не се примени. […]

Андоновски: Иднината на дигиталните финансии е можна само со соработка, отворен дијалог и премин од идеи кон конкретни решенија


Иднината на дигиталните финансии нема да ја изградат ниту државата сама, ниту банките, ниту технолошкиот сектор. Потребни се соработка, отворен дијалог и, најважно, премин од идеи кон конкретни решенија – рече денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на Finelevate Digital Summit 2026. На самитот присуствуваа претставници на институции, финансискиот сектор, технолошки компании и стартапи, […]

Ќе се воведува еднонасочен сообраќај во Мичурин и во Стар Аеродром


Општина Аеродром отпочна со изработка на проект за нов сообраќаен режим во Мичурин и Стар Аеродром, кој ги опфаќа улиците „Владимир Комаров“ и „Симеон Кавракиров“, со поинаква организација на сообраќајот, воведување еднонасочни улици, нови паркинг-места и велосипедски патеки. Со новиот режим ќе се овозможи подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, со поорганизирано движење на […]

ДКСК отвори предмет за судир на интереси за Никола Мицевски кој бил член на комисија и  учествувал во програмата за Денот на независноста


Заменик-претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Бесник Џемаили, денеска изјави дека ДКСК отворила предмет за судир на интереси поврзан со лице, кое, како што рече, се споменува во јавноста дека бил член на комисијата за одлучување, а воедно учествувал во програмата за одбележување на Денот на независноста. Џемаили потврди дека ДКСК нема […]

Силна поддршка од европските партнери за унапредување на условите за настава и спорт


Основното училиште „Панајот Гиновски“ во општина Бутел е едно од 30 училишта во државава што добиваат квалитетни услови за настава по физичко и здравствено образование и за спортски тренинзи преку проектот за рехабилитација на објекти за физичко образование и набавка на спортска опрема во основните и средните училишта, кофинансиран од Министерството за образование и наука, […]

Савески се уште анализира дали да отвори предмет за прославата на независноста


Државниот јавен обвинител Ненад Савески во врска со финансирањето на прославата за 35-годишнината од независноста, денеска изјави дека Јавното обвинителство ја анализира секоја ситуација од кривично-правен аспект и доколку се утврдат основи, ќе постапи. – Слушнав дека Антикорупциската комисија има отворен предмет, но нивната постапка не е врзана со нашата. Секако, секоја ситуација, вклучително и […]

Државните ревизори го потврдуваат обвинението за Борче Марковски и немонтираните погонски станици во РЕК „Битола“


  БИТОЛА – Наводите на Државниот завод за ревизија за работењето на АД ЕСМ ги потврдуваат наводите на Основното јавно обвинителство Битола за судскиот процес со дислокација на погонските станици од Рудникот „Осломеј“ во ПЕ Рудници РЕК „Битола“. Во овој судски процес кој опфаќа дејствија од 2023 и 2024 година му се суди на бизнисменот […]

Жените помалку гласаат од мажите, особено во малите општини


 Иако мажите и жените се речиси еднакво застапени во Избирачкиот список, сепак е забележана помала излезеност на жените на Локалните избори минатата година, што е особено повидливо во помалите општини, покажува анализата на статистички податоци, добиени преку евиденцијата на Државната изборна комисија, генерирани преку биометрискиот систем за идентификација. Дел од податоците беа презентирани денеска од […]

„Онкологија“: Вештото лице одговараше за критериумите за онколошки третман, Судот го одби барањето на Васев за изземање на Ристески


Со вкрстено испитување на вешто лице од страна на Обвинителството за критериумите врз кои се оценувани квалитетот и ефикасноста на онколошкиот третман, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“, во кој обвинети се поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Никола Васев, и онколозите Симонида Црвенкова и Драган Јакимовски. На прашања на […]

Савески: Еден обвинител работи за тројца


Недостигот на јавни обвинители, несоодветните просторни услови и ограничените финансиски средства се најголемите предизвици со кои се соочува Јавното обвинителство, истакна државниот јавен обвинител Ненад Савески при презентацијата на Годишниот извештај за 2025 година во Советот на јавни обвинители. – Имам впечаток дека еден обвинител работи работа за тројца, што влијае врз темпото на постапките, […]

Врховен појасни: Пресудата за Јакимовски е укината оти не се утврдило дали се работи за монтажен објект или тврда градба


Врховниот суд утврдил дека пониските судови не го разјасниле клучно прашање за обвинението против Стевчо Јакимовски за бесправно градење – каков објект всушност бил изграден во Карпош и дали за него воопшто било потребно одобрение за градба. Во пресудите било наведено дека објектот бил изграден без дозвола и затоа претставува бесправна градба, но, според Врховниот […]

До сабота стабилно време, од понеделник дожд


 До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и наместа услови за нестабилност со краткотраен пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Локално пообилни врнежи се очекуваат во понеделник. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура. […]

Нова кривична пријава за Рамиз Мерко кривична заработи и новиот градоначалник на Струга, Ќура


Поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко доби уште една кривична пријава за несовесно работење во службата. Според информациите што ги објави Министерството за внатрешни работи, Мерко заедно со двајца вработени во Општината незаконски и врз основа на некомплетна документација издале одобрение за градба. Покрај Мерко, кривичната пријава е поднесена и против А.Б.(40) и Н.Р.(57) од […]

Македон примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, со седиште во Балтимор, Мериленд


На само 12 години, Македон е примен во престижната Програма за талентирани млади при Универзитетот „Џонс Хопкинс“ во САД, со седиште во Балтимор, Мериленд – Baltimore, Maryland, USA, пишува на ФБ неговиот татко Владимир Димитровски.  -Програмата е наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет. По тестирањето, Македон го доби и престижното признание […]

Street Food Picnic по вторпат во Центар!


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски информираше дека Street Food Picnic ќе се одржи по вторпат во Центар. „Лани си поминавме одлично, годинава продолжуваме уште подобро. На 18, 19 и 20 септември повторно се собираме во Паркот на Франкофонија. Ќе има добра храна, музика, детски работилници и доволно причини да останеме малку подолго во парк“, […]

Се прска за комарци во Скопје – приберете ги пчелите!


Градот Скопје ги известува граѓаните дека во деновите од 16.09.2026 година (среда) до 19.09.2026 година (сабота), во периодот од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден, ќе врши терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје.   Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, […]

Европска недела на мобилност – помалку автомобили, повеќе простор за луѓето


Во периодот од 16 до 22 септември, РСБСП ја одбележува Европската недела на мобилност, кампања која поттикнува промена на секојдневните навики во движењето и избор на поодржливи, побезбедни и поеколошки начини на транспорт. Градовите денес се соочуваат со сè поголем број автомобили на улиците, што резултира со сообраќаен метеж, загаден воздух, бучава и намален квалитет […]

Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати


Вкупно 12 пожари на отворен простор се регистрирани до 7.30 часот изутринава, од кои нема активни, еден пожар е под контрола, а 11 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Под контрола е пожарот во општините Македонски Брод и Сопиште: с. Белица, м.в. Кајорец (општина М. Брод), проширен кон Јасен (опш. Сопиште) – нискостеблеста […]

Уставниот суд домаќин на регионална конференција за зголемување на јавната доверба во уставните судови


Уставниот суд во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), денеска и утре во Охрид ќе ја одржи регионалната конференција со централна тема „Како да се зголеми довербата на јавноста во уставните судови“. Во фокусот на конференцијата е градењето и зајакнувањето на јавната доверба во уставните судови, со посебен акцент на независноста и […]

„Соларен саем“ во Прилеп за промоција на обновливите извори на енергија


На Градскиот плоштад во Прилеп денеска ќе се одржи настанот „Соларен саем Прилеп“, во организација на Центарот за климатски промени. Како што соопштуваат организаторите, настанот има за цел да ја доближи темата за користење на сончевата енергија и обновливите извори до граѓаните преку информативни и интерактивни активности. – Посетителите ќе можат да се информираат за […]