Казни до 1.800 евра за четири градилишта што го нарушуваат комуналниот ред во Центар


Инспекциските служби на Општина Центар за една недела изрекоа глоби, во износ од 1.300 до 1.800 евра, за четири градилишта на територијата на локалната самоуправа. Како што посочуваат, казните се изречени поради оставање градежен материјал и градежен шут на јавни површини, со што биле нарушени комуналниот ред и јавната чистота, а биле отежнати движењето на […]

До крајот на 2027 година ќе се усвои План за управување со сливот на Вардар


Започнаа јавните консултации за подготовка на првиот План за управување со сливот на реката Вардар. Во изминатите две недели се одржаа консултативни средби во Скопје, Тетово, Штип и Битола, на кои учестуваа претставници од општините, јавните претпријатија, граѓански организации и приватни компании. Целта на овој процес, кој го води Министерството за животна средина и просторно […]

За викендот стабилно и топло време, од вторник пад на температурите


 До сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Од вторник поради продор на постуден воздух од север ќе има опаѓање на дневната температура.

Базените се затвораат, ѓубре насекаде, жичницата опасна по живот: СДСМ за тоа како Орце Ѓорѓиевски го води Скопје


  Опозициската СДСМ денеска го критикува ракводството на Градот Скопје  за тоа што се затвораат јавните базени. „Пливачките клубови во Скопје повторно немаат каде да работат. Јавните базени се затвораат, се отвораат за камера и повторно се празнат. Децата и спортот чекаат термини што ги нема.  Град со повеќе од половина милион жители функционира како […]

Мицкоски во Вашингтон се сретна со шефот за политика на корпорацијата ДФЦ


  Премиерот Христијан Мицкоски пред да замине во САД најавуваше дека ќе има средби на „ултра високо ниво“, особено во американската владина агенција ДФЦ околу инвестирање во рударски потфати во Македонија. Владата денеска испрати соопштение дека Мицкоски имал разговори во Меѓународната корпорација на финансирање на развојот (ДФЦ) со Каролина Вик, која според веб-страницата на ДФЦ […]

Скопје и Нова Горица ќе соработуваат за Европска престолнина на културата 2028


Скопје ја зајакнува својата поврзаност со европското семејство на културата, вели градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по потпишувањето на Договорот за соработка меѓу Нова Горица – Горица 2025 и Фондацијата Скопје 2028, со кој се отвораат нови можности за нашите уметници, културни институции, независната сцена и младите.   – Со ова партнерство создаваме основа за заеднички […]

Секое службено постапување ќе може да биде снимено: Цариниците добија 30 боди-камери


Поголема контрола врз службеното постапување и дополнителна заштита и за граѓаните и за царинските службеници треба да овозможат 30-те нови телесни камери што ги доби Царинската управа. Опремата ќе биде ставена во употреба на граничните премини Табановце, Ќафасан и Блаце. Камерите се донација преку американската ICITAP, меѓународна програма за обука и помош при водење криминалистички […]

Месечни стипендии до 5.000 денари за учениците од Центар,  поддршка за талентот, успехот и развојот на младите


Општина Центар ги повикува учениците од општинските основни училишта да аплицираат за стипендии во три категории: култура, наука, техника и посебни вештини, како и спорт. Дополнително се доделуваат стипендии на осум талентирани ученици од семејства со висок социјален ризик. Висина на стипендиите во категориите култура, наука, техника и посебни вештини, изнесува 4.000 и 4.500 денари […]

Младите во Македонија остануваат во домовите на родителите до 30,7 години, а во ЕУ до 26,3


Младите во Македонија го напуштаат родителскиот дом на просечна возраст од 30,7 години, за разлика од младите во ЕУ кои си заминуваат на 26,3 години. Според податоците на Евростат за 2025 година, најдолго во домот на родителите остануваат младите во Хрватска (31,5 години), Грција и Словачка (и двете по 30,9), како и во Шпанија и […]

Пристапно предавање на доп. член Димитар Трајанов во МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите има чест да ве покани на пристапното предавање на доп. член Димитар Трајанов на тема „ГРАДЕЊЕ НАЦИОНАЛНИ КАПАЦИТЕТИ ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: ЗНАЕЊЕ, ПОДАТОЦИ, МОДЕЛИ И ДИГИТАЛЕН СУВЕРЕНИТЕТ“. Предавањето ќе се одржи на 23 септември (среда) 2026 година, во 12 часот.

Сончево со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив […]

Астрономски календар


 Денеска е четврток, 17 септември 2026 година, 260-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 105 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 16 минути, а ќе зајде во 18 часот и 40 минути. Денов трае 12 часа и 24 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

Марш за ангелите денеска во Кочани по 49. пат


Родителите на починатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ подржани од граѓани денеска по 49. пат маршираа за своите  ангели. На улиците во Кочани се  појавија со транспаренти во форма на срце на кои беа испишани имињата на сите што настрадаа на 16 март лани. На кружниот тек на булеварот „Стево Теодосиевски“ запалија свеќи, на тој […]

Распишан тендерот за преквалификација на БРТ системот


Проектот за брз автобуски превоз (БРТ) почнува да се реализира, откако попладнево, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски објави дека распишана е тендерска постапка за преквалификацијa, одобрено од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Тој, преку видео лиферувано преку социјалните медиуми ги повика сите компании заинтересирани за изведба на проектот да се јават на тендерот […]

Со заем од 46 милиони евра ќе се подобруваат условите во затворите


Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со вицегувернерот на Банката за развој на Советот на Европа, Томаш Бочек, на која беа разгледани активностите за реализација на проектот „Реконструкција на казнено-поправните установи во Република Северна Македонија“. „Проектот, кој се реализира со заем од ЦЕБ во износ од 46 милиони евра, има за цел унапредување на […]

ЦУК: Активни два пожари на отворен простор, осум изгаснати во текот на денот


Од вкупно 11 пожари на отворен простор регистрирани во текот на денот, активни остануваат два, еден е ставен под контрола, а осум се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според податоците заклучно со 18 часот, активни се пожарите кај селото Рапеш во Општина Новаци, каде е зафатена ниска вегетација, како и кај селото […]

Во акција за чистење на булеварот „Борис Трајковски“ собрани три тони отпад


Во координирана заедничка акција со ЈП „Паркови и зеленило“ и ЈП „Комунална хигиена“, екипи на Општина Кисела Вода денес спроведоа темелно чистење и уредување на булеварот „Борис Трајковски“. Активноста се реализираше преку Секторот за месна самоуправа при Општина Кисела Вода, при што се расчистуваше потегот од крстосницата со улицата „Народни херои“ сè до влезот во […]

МОН не ги крие бодовите за место во студентски, само не прима студенти кои 8 години студираат


Министерката за образование и наука Весна Јаневска ги отфрли обвинувањата дека Министерството ги крие бодовите и резултатите за приемот во студентските домови. – Жалосно е што во јавноста се шират дезинформации или таканаречени лажни вести. Апсолутно тврдам, ранг-листите се објавени на примените, но објавена е и ранг-листа на непримените со објаснување зошто не се примени. […]

Андоновски: Иднината на дигиталните финансии е можна само со соработка, отворен дијалог и премин од идеи кон конкретни решенија


Иднината на дигиталните финансии нема да ја изградат ниту државата сама, ниту банките, ниту технолошкиот сектор. Потребни се соработка, отворен дијалог и, најважно, премин од идеи кон конкретни решенија – рече денеска министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на Finelevate Digital Summit 2026. На самитот присуствуваа претставници на институции, финансискиот сектор, технолошки компании и стартапи, […]

Ќе се воведува еднонасочен сообраќај во Мичурин и во Стар Аеродром


Општина Аеродром отпочна со изработка на проект за нов сообраќаен режим во Мичурин и Стар Аеродром, кој ги опфаќа улиците „Владимир Комаров“ и „Симеон Кавракиров“, со поинаква организација на сообраќајот, воведување еднонасочни улици, нови паркинг-места и велосипедски патеки. Со новиот режим ќе се овозможи подобро и поефикасно искористување на уличниот простор, со поорганизирано движење на […]