Искра Хаџи-Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал


  Обвинителката Искра Хаџи-Василева победи на денешните непосредни избори за шеф на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Таа освоила најмногу гласови во конкуренција на обвинителите Трајче Пеливанов, Фатон Азизи, Јован Цветановски и Лидија Раичевиќ. Хаџи–Василева добила 64 гласа. Седум помалку, 57, добил Трајче Пеливанов. На третото место е […]

Вреди ќе го поддржи кандидатот на ДУИ во Брвеница. Дали и гласачите?


  Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на политичката партија Вреди, Билал Касами, даде амбивалентна изјава дали тие ќе го поддржат кандидатот на ДУИ во вториот круг на локалните избори. Според касами, тие и го поддржуваат и не го поддржуваат. „Јас реков, политички ние како Вреди дадовме наш став дека ќе го поддржиме кандидатот […]

За два дена искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар


Општина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени. Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања. До моментот на завршувањето на повикот се доставени над […]

Мицкоски: Околу 6.000 лица работат со договори на дело или со друг договорен ангажман


Околу 6.000 лица се ангажирани со договори на дело, преку временски вработувања и други форми на договорен ангажман, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи на бројот на лицата на кои се однесува предложеното законско решение за трансформација во редовен работен однос. Со Предлог-законот за трансформација во редовен работен однос, се предвидува трансформација на договорните ангажмани […]

Со m.Uslugi нема одење по шалтери: И лична карта и возачка може да се чува на неа


Министерството за дигитална трансформација денес официјално ја лансираше мобилната апликација m.Uslugi, новиот мобилен пристап до дигиталните јавни услуги и електронските документи на граѓаните. На настанот во Македонската филхармонија, во присуство на претседателот на Владата Христијан Мицкоски, претставници на институциите, Европската Унија, дипломатскиот кор, академската и деловната заедница и медиумите, министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски […]

Фирмата од Василево го повлече предлогот за стечај на ЗК „Пелагонија“ – Битола


  БИТОЛА – Повлечен е предлогот за отворање стечејна постапка во ЗК „Пелагонија“ – Битола соопшти Основниот суд во Битола. Предлогот за повлекување на стечајната постапка бил токму на фирмата доверител „Агроефодиа“ од Василево.   Оваа македонска компанија од Струмичко е специјализирана за производство, увоз и продажба на ѓубрива за земјоделството. На телефонско прашање на […]

Стојна Димитровска од Куклица, пак е приведена за закана кон туристи


Стојна Димитровска од Кратово повторно е приведена откако,  се обидела пак да наплаќа влезници на посетители на локалитетот „Камени кукли“ и им се заканувала на двајца скопјани. На 27 октомври во 11:30 часот, полициски службеници од ОВР Кратово ја лишиле од слобода 41-годишната Димитровска, постапувајќи по пријава од Р.П. и Ј.Б. од Скопје. Според пријавеното, […]

Савески: Сите кандидати за нов шеф на ОЈО ГОКК се докажани професионалци


 Во тек е изборот на нов раководител на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), на кој 187 јавни обвинители со право на глас избираат меѓу пет кандидати – Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ, Искра Хаџи Василева и Јован Цветановски. Гласањето започна во 8 часот и ќе трае до 16 […]

Цветановски од ЛДП: Стоп за новото лудило на Владата – народот гладува, администрацијата расте!


Членот на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП), Дејанчо Цветановск смета дека е крајно  неприфатливо Владата да отвора пат за ново зголемување на администрацијата додека граѓаните едвај го преживуваат месецот, бројат денари за храна и сметки и се прашуваат како да ги прехранат своите семејства. „Наместо да инвестира во дигитализација, вештачка интелигенција и поефикасни институции, […]

Мицкоски и Јаневска денеска ќе разговараат со студентите за нивните проблеми, меѓу кои и за оброкот


Денеска студентските претставници ќе се сретнат со премиерот и министерката за образование и наука, со цел да ги презентираат актуелните проблеми со кои се соочуваат. Во фокусот на средбата се очекува да биде барањето за зголемување на субвенционираниот студентски оброк. Средбата се одржува по обвинувањата од дел од студентските собранија дека износот на студентскиот оброк […]

Јаневска: Во моментов нема пријави за корупција во образованието


  Во моментов нема пријави за корупција во образованието, а доколку има – ќе се постапи според закон, нагласи министерката за образование и наука, Весна Јаневска, во изјава за медиуми, пред почетокот на Националниот форум „Млади за интегритет – од гласот на младите до институционални промени“, што се одржува денеска во Скопје. Министерката се заблагодари […]

Јаневска: Неопходно е да им покажеме на младите дека корупцијата не се исплати


Образованието има важна улога не само во стекнувањето знаења, туку и во градењето вредности, лична одговорност и интегритет кај младите. Преку секојдневната работа во училиштата, објективното оценување, еднаквите можности за сите ученици и поттикнувањето на критичкото размислување, младите учат да ја препознаваат неправдата и да се спротивставуваат на корупцијата. Ова го нагласи министерката за образование […]

Вардариште ќе се деконтаминира со пари од Владата, но може да биде опасно за неиселените жители на диво


Заврши одгаснувањето на неформалната депонија Вардариште, а следува деконтаминација на земјиштето и конечното уредување во парк.    Од независната граѓанска иницијатива „Стоп за Вардариште“, кои пред два дена биле на средба со претставници од Град Скопје, соопштија дека биле информирани дека измерените концентрации на метан не се на толку високо ниво што би можело да […]

Воведувањето вињетки драстично ќе го поскапи патувањето, вели Николоски


  Воведувањето вињетки во Македонија драстично ќе го поскапи патувањето, зашто преку 70 проценти од возилата не излегуваат од општината во која се регистрирани, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Според Николоски, автопати и експресни патишта користат не повеќе од 30 отсто од возилата во земјава. – Ние правевме студија. Воведувањето на […]

АД ЕСМ ќе спроведе редовна годишна ревизија на енергетската инфаструктура во ХЕЦ Шпилје, неколку часа без струја Дебар, Центар Жупа и Маврово-Ростуше


АД ЕСМ ја известува јавноста дека во рамките на подготовките на електроенергетскиот систем за претстојната зима, утре, стручен тим на Подружница ХЕС Црн Дрим ќе изведе неопходни планирани годишни испитувања на релејната заштита на регулациониот трансформатор (РТР) 110/35 kV, на 35 kV изводи и техничка ревизија на примарната опрема на дел од 110/35 kV разводната […]

Ѓорѓиевски: Околу 30.000 граѓани покажаа дека Скопје се сака со дела


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски соопшти дека денеска околу 30.000 граѓани учествувале во најмасовната еко-акција за Скопје. – Денес повторно, околу 30.000 причини да веруваме во силата на овој град! Денес, во најмасовната еко-акција за нашето Скопје, видовме што може да направи љубовта кон својот град кога ќе стане дело. Луѓе кои одвоија од […]

Се запалил бојлер во барака на „Стив Наумов“, студентите биле евакуирани


Бојлер се запалил синоќа во една од бараките на студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, информира студентската платформа „Студентарија“, по дојави од повеќе студенти. Според информациите што ги сподели платформата, неколку минути по полноќ се активирале противпожарните сензори, по што студентите биле евакуирани од објектот. Пожарот бил изгаснат благодарение на брзата реакција на еден од […]

Досега, против грип вакцинирани 3.266 граѓани


Од почетокот на кампањата на 14 октомври, досега се пријавени вкупно 66.821 граѓанин, со просек од 4.455 пријави дневно. Најголем дел од пријавените се лица над 65 години, а следат хроничните болни. Најмногу пријави има во Скопје (19.767), Битола (4.845), Прилеп (3.844), Струмица (3.585) и Тетово (3.581).   Досега се закажани 6.710 термини, а вакцинирани […]

Препознај лажна вест, играј и научи: Јуроп хаус ги повикува младите да ја испоробаат „Escape fake“


  Можеш ли да препознаеш што е вистина, а што е лага на интернет? „Escape Fake“, интерактивна игра со проширена реалност преку која младите учат да препознаваат лажни вести, манипулирани фотографии и дезинформации, сега е достапна и на македонски и албански јазик. Играта е бесплатна, може да се игра на мобилни телефони и таблети, а […]

На Македонците им се качува многу притисокот


На 174 граѓани од кои 95 мажи и 79 жени вчера им се извршени бесплатни превентивни мерења на крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, како и проценка на ризикот од мозочен удар, на штанд поставен од ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија на плоштадот „Македонија“ во Скопје. Кај 60 лица односно 34,5 отсто биле регистрирани […]