Посебен сообраќаен режим во Скопје, утре доаѓа делегација од Косово


Фото: Б. Грданоски

Во центарот на Скопје утре ќе се воведе посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на претседателката на Собранието на Република Косово, Албулена Хаџиу, информираат од МВР.

Оттаму велат дека ќе преземат соодветни мерки за регулирање на сообраќајот за време на посетата на косовската делегација, а поради посебниот сообраќаен режим, оттаму информираат дека можни се привремени ограничувања и пренасочувања на сообраќајот во центарот на главниот град.

Од МВР апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките на полициските службеници.