Граѓаните одлучуваат за еколошките приоритети на Центар, анкета за почиста и поздрава животна средина


Фото: Б. Грданоски

 Општина Центар  ги повикува граѓаните активно да се вклучат во изработката на новиот Локален еколошки акционен план (ЛЕАП 3) за периодот 2026–2032 година.

-Локалната самоуправа започна подготовка на новиот стратешки плански документ од областа на животната средина, во кој ќе се идентификуваат актуелните еколошки предизвици и ќе се понудат решенија за нивно надминување, соопшти Општина Центар. 

Градоначалникот Горан Герасимовски изјави дека граѓаните во анкетата може да ги дадат своите мислења за еколошките проблеми и предлозите за подобрување на животната средина.

-Вашите одговори се важни за да ги утврдиме приоритетите и да ги насочиме идните активности кон подобри услови за живеење во Општина Центар, порача градоначалникот Герасимовски.

Анкетата е анонимна и може да се пополни на  линкот: Вклучи се во изработката на новиот Локален Еколошки Акционен План (ЛЕАП 3) за Општина Центар-Скопје | Општина Центар