Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време


Фото: Б. Грданоски

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса утре, особено попладне и во текот на ноќта, ќе има повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла, соопштија денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.

Повремен локален дожд се очекува и во петок претпладне, а за во текот на денот, најавено е да дува умерен до засилен северен ветер.

Според синоптичарите, во сабота ќе се задржи стабилно време, а од недела и во деновите потоа, ќе преовладува променливо облачно и посвежо со повремени локални врнежи од дожд.