Викендов почнува зимското сметање на времето: Во недела стрелките на часовникот се поместуваат еден час наназад


Викендов, во ноќта меѓу сабота, 24 октомври, и недела, 25 октомври 2026 година, започнува зимското сметање на времето. Граѓаните ќе треба да ги поместат стрелките на часовниците еден час наназад, што значи дека ќе спиеме еден час подолго. Промената ќе се случи во недела, на 25 октомври, во 3 часот по полноќ, кога часовниците ќе […]

Изданијата на Општина Охрид на полиците на Конгресната библиотека во Вашингтон


Дваесет и три книги од творештвото на македонскиот политиколог, новинар, публицист и автор Свето Стаменов, меѓу кои и значајни изданија посветени на свети Климент Охридски и на меѓународната улога на Охрид, во почетокот на септември се најдоа во фондот на Конгресната библиотека во Вашингтон, една од најголемите и најзначајните библиотеки во светот. Донацијата претставува уште […]

„Ароматичната моќ на билките“: Скопје Сити мол во знакот на чајот од 30 октомври до 1 ноември


  Од 30 октомври до 1 ноември, на приземјето во Скопје Сити Мол, ќе се одржи единаесеттото издание на „Фестивалот на чај“, во знакот на „Ароматичната моќ на билките“. Повеќе од 30 учесници, сертифицирани билкари, чајни мајстори, креатори на чајни тинктури и љубители на чај од земјава и од странство ќе ги претстават своите производи […]

Пристапно предавање на акад. Гордан Караман на 28 октомври во МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите кани на пристапното предавање на академик Гордан Караман, новоизбраниот член на академијата надвор од работниот состав на тема „ДИВЕРЗИТЕТ ФАУНЕ AMPHIPODA (CRUSTACEA) СЈЕВЕРНЕ МАКЕДОНИЈЕ“ [„ДИВЕРЗИТЕТ НА ФАУНАТА НА AMPHIPODA (CRUSTACEA) НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА“].    Предавањето ќе се одржи на 28 октомври (среда) 2026 година, во 12 часот.   Пригодна […]

Чад ја обви Струмица, пожарникарите на терен: Пожарот на депонијата сè уште бара интервенција


Непријатна миризба на чад се чувствува во околината на Струмица од вчера попладне, во текот на ноќта, па сè до утринава, поради пожарот што избувна на депонијата во селото Еднокуќево. Екипите на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица вчера интервенирале двапати, во попладневните и во ноќните часови. Интервенциите продолжиле и денеска, кога пожарникарите-спасители уште во раните […]

Хуманитарен настан во Карпош за обнова на одбојкарското игралиште во „Петар Поп Арсов“


Општина Карпош, заедно со поранешни ученици на ОУ „Иван Горан Ковачиќ“, денеска организира хуманитарен настан со цел да се соберат средства за обнова на надворешното одбојкарско игралиште во дворот на ООУ „Петар Поп Арсов“, по повод патрониот празник на училиштето. Иницијативата е поддржана од градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, како и од поранешните ученици […]

Без вода дел од Карпош, прекини на струја во Чаир, Аеродром, Бутел, Кисела Вода и Сопиште


Без вода денеска од 8:30 часот до завршување на работните активности ќе бидат корисниците од улиците „Христо Смирненски“, „9 Мај“, „Роза Луксембург“, „Диме Аницин“, дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, како и улиците „Васил Стефановски“, „Петар Поп Арсов“, „Костурски Херои“ и „Борка Талевски“ во Скопје. Од Центарот за управување со кризи на Град Скопје информираат […]

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне локален дожд


Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а во попладневните часови ќе има услови за слаб локален дожд, најпрво во крајните западни делови, а потоа и на повеќе места низ земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, кој повремено ќе засилува долж Повардарието. Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, […]

Американски портал одбра осум најдобри места за посета на Балканот, две се во Македонија


Американскиот портал „Кварц“ (Quartz) објави листа на најдобри места за посета на Балканот во 2026 година, а меѓу осумте избрани дестинации има две во Македонија – Охридското Езеро и Националниот парк „Маврово“, кои се рангирани на четвртото односно шестото место. Првото место му припадна на Сараево, главниот град на Босна и Херцеговина. Во статијата, „Кварц“ […]

Клучката кај Момин Поток при крај


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска изврши увид во градежните активности на клучката кај Момин Поток, која по повеќегодишен застој сега се наоѓа во завршна фаза. Според најавите, проектот треба да биде завршен до крајот на годината. Ѓорѓиевски истакна дека по преземањето на проектот градежните работи се одвиваат со забрзана динамика, а во изминатите […]

Најплатените 10 отсто во Македонија земаат плати речиси како во ЕУ, најниско платените 20 отсто – само половината


  Додека од власта се расфрлаат со тврдења дека Македонија е втора или трета најбрзорастечка економија, дека платите годинава биле многу повисоки од тие во времето на СДСМ и други параметри што создаваат конфузија во јавноста, анализата каде е Македонија во осум области споредено со другите земји во регионот и со Европската унија дава многу […]

Крај за вандализмот! Ѓорѓиевски најави над 200 камери на критични точки низ Скопје


Повеќе од 200 камери се планира да бидат поставени на критични точки низ Скопје, на места каде што се создаваат диви депонии и во паркови кои се цел на вандализам, најави денеска градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. За нивното поставување, како што рече, се чека финално одобрување од Агенцијата за заштита на личните податоци. […]

Делегација на ЕУ: Иницијативата „Студентите ја креираат агендата“ стартува на универзитетите


Вчера, амбасадорот на Европската Унија, Михалис Рокас, го посети Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оваа посета е прва од серијата посети што амбасадорот на ЕУ ќе ги оствари со универзитетите ширум земјата. Почетокот на иницијативата се совпаѓа со почетокот на академската година, со цел на студентите да им се отвори простор да ги […]

По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп


По децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во Прилеп конечно ќе добие целосна реконструкција. Проектот на Министерството за спорт, предвиден во рамките на Програмата за изградба, реконструкција и санација на спортски објекти за 2026 година, има за цел да обезбеди современи услови за спорт, тренинг и рекреација за младите, спортистите и сите љубители на спортот – […]

Одложено испитувањето на сведоците во случајот „Лотарија“, за доказите одбраната ќе се произнесе на 30 октомври


Одбраната во предметот „Државна лотарија“ ќе достави писмени поднесоци со образложение на околностите што треба да се утврдат со предложените докази откако на денешното рочиште не беа испитани двајцата најавени сведоци поради нивното отсуство. Судот предложи сведоците да бидат испитани на рочиштето закажано за 30 октомври. Судот констатира дека едниот сведок не е во можност […]

МСПДМ: Во тек е исплатата на родителски додаток за дете


Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека во тек е исплатата на родителски додаток за дете за септември 2026. -Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто […]

Војниците од АРМ и по навршени 45 години ќе може да останат во Армијата


 Со реформа во Армијата трајно се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст и се овозможува да останат во Армијата како цивилни лица со трансформација на работниот однос од определено на неопределено време, информираше министерот за одбрана Владо Мисајловски, на заедничка прес-конференција со началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и […]

Народната банка: Ја наградуваме креативноста – 60.000 денари за најдобро видео


Твојата идеја може да биде најдобрата приказна за Народната банка! Вклучи се во Конкурсот, сподели ја својата креативност и покажи им на другите што значи за тебе Народната банка! Народната банка потсетува дека е во тек Конкурсот за избор на најдобар видеоматеријал на тема „Што значи за мене Народната банка?“, со хаштагот #МојатаНБ. Преку Конкурсот, […]

Со одлука на Владата : Библиотеката „Кочо Рацин“ во Тетово прераснува во универзитетска библиотека


Владата, на предлог на Министерството за култура и туризам, на денешната седница ја усвои одлуката за проширување на дејноста на Националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово и нејзина трансформација во Универзитетска библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово. Одлуката претставува значаен чекор за Тетово како универзитетски центар и важен придонес кон унапредувањето на високото образование, науката […]

Владата со 11 милиони евра го поддржува Карпош, но потребни се нови инвестиции за свлечиштата во Жданец и Трнодол


 Владата инвестира околу 11 милиони евра во проекти за да обезбеди повеќе можности за жителите на Карпош, истакнал вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски по средбата со градоначалникот на oпштина Карпош, Сотир Лукровски, на која разговарале за реализацијата на капиталните проекти што се спроведуваат преку Владата, а во соработка со Општината. -Преку двата повици […]