Клековски: ДСЗИ констатира прекршоци на Клиниката за неврологија во лекувањето на Михаилова, побаран стручен надзор и за медицинскиот дел


Министерството за здравстов побара проширување на надзорот на Државниот санитарен и здравствен испекторат за случајот со Ива Михаилова со вклучување на здравствени установи каде што во 2025 и 2026 година биле вршени одредени здравствени услуги. Дополнтелно ќе се формира комисија за стручен надзор за медицинскиот аспект во однос на лекувањето на пациентката, истакна денеска министерот […]

Нови 100 амбулантни возила за итната медицинска помош – допрва ќе се обучуваат тимовите за работа со нив


Нови 100 амбулантни возила добива итната медицинска помош во државата, надлежните се во преговори за уште 50 дополнителни во 2027 година. Премиерот Христијан Мицкоски при денешното промовирање на паркингот на СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје посака што помалку да се користат овие возила. – Се разбира, колку помалку се користат, тоа значи дека ќе имаме […]

Нова Еко Скопје платформа за пријавување полни контејнери, депонии – Ѓорѓиевски уверува дека веднаш ќе се постапува


Полните контејнери, создадена дива депонија, полн контејнер со кабаст отпад, непријатна миризба, отсега може да пријавувате преку новата платформа на Град Скопје, изработена во соработка со триесетина млади луѓе во рамки на ЛИФТ. Различно за оваа платформа од досега постоечките е што градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски тврди дека пријавите од граѓаните ќе стигнуваат […]

Конгресoт на еколозите на Македонијa даде многу насоки за понатамошно зачувување на природата


Над 180 излагачи и гости од регионот и 170 презентирани трудови и постер-презентации донесе седмиот Конгрес на еколозите на Македонија со меѓународно учество, што се одржа од 15 до 18 октомври во Струга, во организација на Македонското еколошко друштво (МЕД). Тематски организирани во шест пленарни предавања, постер-презентации, едукативна програма за деца и симпозиум на студенти […]

Ќе има ли или не стечајна постапка за ЗК „Пелагонија“ од Битола?


  БИТОЛА – Основниот суд Битола ги утврдува причините за отворање на стечајна постапка во Земјоделскиот комбинат „Пелагонија“ – Битола. Оваа ситуација се наметнала откако фирмата „Агроефодија“ од Василево побарала да си го наплати основниот долг од над 48 милиони денари, како и каматите и трошоците. Основниот суд Битола за „Независен“ потврди дека веќе се […]

Првите електрични еколошки автобуси ќе се испорачаат во јануари


Првите 30 електрични еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од предвиденото со договорот, истакна синоќа вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за „360 степени”. Тој во интервјуто ги отфрала сите сомневања поврзани со квалитетот на автобусите, додавајќи дека цела Европа зависи од батериите што се произведуваат во Кина. Со […]

РСБСП започнува со реализација на едукативната кампања „Учам – Полагам – Возам


 Со цел младите навремено да се запознаат со одговорностите и обврските што ги носи управувањето со моторно возило, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата – РСБСП започнува со реализација на едукативната кампања „Учам – Полагам – Возам“. Кампањата е наменета за учениците од III и IV година во средните училишта, односно за младите […]

Обвинителите се жалат дека намалувањето на платите им ја загрозува независноста


Советот на јавните обвинители на Република Северна Македонија, Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавните обвинители бараат од Уставниот суд итно да ги стави на дневен ред и да ги разгледа поднесените иницијативи за оценување на уставноста на одредбите од Законот за изменување и дополнување на Законот за платите на јавните обвинители, […]

ДЗР открил недостаток на контрола во трошењето средства во Државна лотарија


Долгорочни договори, неусогласени парични влогови, недостатоци во трошењето средства и слабости во контролата на приредувањето интернет и електронски игри на среќа утврди Државниот завод за ревизија (ДЗР) при проверката на пет друштва во кои Државна лотарија има 51 отсто сопственички удел. Ревизијата се однесува на финансиските извештаи и усогласеноста на работењето за 2024 година. Поради […]

СДСМ: Што се случи по 5-те тони марихуана запленети преку граница?


Месеци поминаа. Нема ниту збор. Ниту име. Ниту одговор а нема ниту одговорни, реагира СДСМ на молкот од власта за запленетите пет тони марихуана кои поминаа преку граница, од Македонија, преку Табановце, и завршија во селото Коњух кај Крушевац, кај сестринската СНС. -Во Србија, менторот Вучиќ, по заплената, смени 15 полициски раководители. Началникот на службата […]

Од денеска новите возила собираат ѓубре во Скопје


ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започна да ги употребува новите специјални комунални возила наменети за собирање и транспорт на комуналниот отпад на територијата на градот Скопје и одржување на хигиената на јавните и сообраќајните површини, што претпријатието ги стекна преку донација од Министерството за транспорт и врски и Градот Скопје. Станува збор за камиони со зафатнина од […]

Пристапно предавање на акад. Изет Зеќири  на 2 ноември во МАНУ


Македонската академија на науките и уметностите има чест да ве покани на пристапното предавање на акад. Изет Зеќири на тема „МЕНАЏМЕНТ И ЛИДЕРСТВО ВО ЈАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА – ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА“.   Пригодна реч ќе одржи акад. Таки Фити. Предавањето ќе се одржи во Амфитеатарот на МАНУ, на 2 ноември (понеделник) 2026 година, во […]

Утрово најстудено во Берово со минус 1 степен


Најстудено утрово е во Берово каде што се измерени минус 1 степени Целзиусови, додека во останатите градови температурата се движи од 2 до 8 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Како што соопшти УХМР, во Битола 2 степени, 3 Струмица, 4 Демир Капија, Скопје-Петровец, Тетово, Крива Паланка, Маврови Анови, 5 Попова Шапка, Велес, Штип, […]

Неколку улици во Скопје без вода


Делови од неколку скопски улици денеска ќе бидат без вода поради санација на дефект. – На ден 20.10.2026 поради дефект на шибер на ул. „Соле Стојчев“ 3, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. „Соле Стојчев“ , ул. „Желево“ и дел од ул. „Волгоградска“ – соопшти ЈП „Водовод и канализација“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од […]

Сончево со мала локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се […]

МОН појаснува кои учебници се повлекуваат од употреба, заменети се со нови


Министерството за образование и наука преку Педагошката служба спроведе низа активности со цел навремено обезбедување на учебници за учениците во јавните основни и средни училишта. Во основно образование за учениците од I, II, IV и V одделение беа донесени Решенија за повлекување на учебници со што беа повлечени вкупно 33 учебници. Учебниците се повлекуваат од […]

Скандал на судењето за „Пулс“: Одбраната ангажирала вештак обвинет за лажен исказ во друг случај


Вештакот Петре Русески, ангажиран од одбраната во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска изјави дека не смета оти постои основ за негово изземање, откако Обвинителството отвори прашања за негови претходни ангажмани и соработката со други вешти лица. Во продолжението на вкрстеното испитување, Русески остана на ставот дека од градежен аспект објектот одговорил […]

Дожд се очекува од среда попладне, пообилни врнежи в четврток


Од среда попладне и во следните денови, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Во четврток врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи, информираа денеска од Управата за хидрометеоролошки работи. Се очекува до четврток по котлините да има услови за утринска магла и ниска облачност. Според најавата, во петок ќе […]

Пресметано: Штетите од климатските промени ја чинат Македонија 667 милиони долари, не навасува и вештачката интелигенција


Северна Македонија мора да ја забрза зелената и дигиталната транзиција: Климатските штети над 667 милиони долари, вештачката интелигенција ќе го менува пазарот на трудот   Штетите од природни непогоди и екстремни климатски настани во Северна Македонија во изминатите две децении надминале 667 милиони американски долари, додека глобалните проценки покажуваат дека околу 40 проценти од работните […]

Oтворено советувалиште на ХЕРА за жени во перименопауза


  Жените кои минуваат низ перименопауза ќе можат да добијат стручни информации, советување и индивидуални насоки за грижата за своето здравје во новото Советувалиште за перименопауза на ХЕРА – Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување, кое денеска официјално се отвора во Младинскиот центар „Сакам да знам“ – Водно. Преку разговор со гинеколог и матичен лекар, […]