Дожд се очекува од среда попладне, пообилни врнежи в четврток
Од среда попладне и во следните денови, времето ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Во четврток врнежите ќе бидат поројни и пообилни проследени со повремени грмежи, информираа денеска од Управата за хидрометеоролошки работи.
Се очекува до четврток по котлините да има услови за утринска магла и ниска облачност. Според најавата, во петок ќе дува засилен северозападен ветер.