„Нешто што ќе остане“ се преместува за петок, 11 септември поради најавените временски неприлики


Општина Центар информира дека поради најавените временски неприлики за претстојниот викенд, музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“, првично закажан за 12 септември, ќе се одржи еден ден порано – во петок, 11 септември, со почеток во 20 часот, во Парк на Франкофонија. Програмата останува непроменета. На сцената ќе настапат Слаткар, Дупер, Барбара Поповиќ, Лина Пејовска […]

ПИСА тестирањето покажа дека учениците во 2001 година имале подобри резултати од сегашните


За жал, резултатите на ПИСА се повторно многу лоши, но сакам да потенцирам дека ова се резултати од реформите што се претходно направени. Ние на власт дојдовме во 2024 година, само шест месеци потоа во 2025 се направени овие тестирања – изјави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска откако Организацијата за економска соработка […]

Јавноста реагираше, Јаневска го повлече изборниот предмет сеопфатно сексуално образование за средно


Изборен предмет Сеопфатно сексуално образование во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.  – Ние ги повлековме во овој […]

Аеродром домаќин на 100 часовниот хуманитарен фестивал „No finish line Skopje“


Општина Аеродром од денеска е домаќин на 100 часовниот фестивал на трчање и одење „No Finish Line Skopje“, што ги обединува спортот, дружењето и хуманоста. На стартот пред СЦ „Јане Сандански“ се собраа голем број деца, родители, љубители на спортот и граѓани кои со своето учество придонесуваат за една важна хуманитарна цел. „No Finish Line […]

Пиши-бриши со училишниот одбор во „Панче Арсовски“. Гумата е на ВМРО-ДПМНЕ


  Училишниот одбор на средното училиште „Панче Арсовски“ во Скопје, денеска треба да биде распуштен од Советот на Град Скопје, кој е основач на средните училиште во главниот град, а советниците не можат да разберат зошто треба да ги разрешат членовите на одборот кој тие ги назначиле пред шест месеци. Советниците од Левица и од […]

Само третина од 15-годишниците во земјава имаат основни познавања за математика, читање и наука


Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во делот за решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации. Според најновите резултати од меѓународното оценување на учениците ПИСА 2025 забележан е […]

Владата повторно ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма


Владата повторно ќе потроши над 350.000 евра народни пари за рекламирање на проектите кои ги реализира таа, а за таа намена повторно е ангажирана компанија чиј косопственик е фирма регистрирана во Бугарија, пишува денеска Фокус. На 1 септември Владата, односно Генералниот секретаријат на Владата, склучи нов договор со „Фрајдеј Комуникации ДООЕЛ Скопје“ вреден 21,2 милиони […]

Пожар во фабрика за маси и столици во Кочани – спасен маркетот до неа


Пожар избувна вчера во објект на „Истра” во Кочани, фабрика за производство на маси и столици од дрво, при што бил зафатен дел од внатрешноста на објектот. На местото на настанот интервенирале три противпожарни возила и пет пожарникари, информира Драган Апостолов, командир на ТППЕ од Кочани.   Пожарот бил изгаснат, со што било спречено огнот да […]

Изминатото деноноќие вкупно 34 пожари, три активни, седум под контрола


Во текот на изминатото деноноќие регистрирани се вкупно 34 пожари на отворен простор, од кои три се активни, а седум се под контрола. Центарот за управување со кризи информира дека активни се пожарите меѓу селата Буринец – Локов – Селце – Елевци во општина Струга, кај селото Белица, месноста Кајорец кон селото Брезица во општина […]

Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена: 35 врвови за 35 години независност


По повод 35 години од независноста на Македонија, планинарките Благица Владимировска и Ема Лазареска реализираа исклучителен подвиг – за само четири дена искачија 35 врвови на Шар Планина. „Македонија има херојки чии подвизи заслужуваат да бидат видени, слушнати и запомнети. Двете високогорки од планинарското друштво „I Love Hiking (Сакам пешачење)“ минаа 110 километри, совладаа вкупна […]

Делови од Кисела Вода без струја


Делови од општина Кисела Вода денеска ќе бидат без електрична енергија. ЕВН Македонија информира дека без струја ќе останат дел од корисниците на улицата „Гераника“, поточно подулиците 3, 5, 7 и 10.

Сончево и топло време со мала до умерена локална облачност


Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за развој на нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со силен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град. Ќе […]

Туше Гошев: Треба да го смениме изборниот закон


Првиот министер за правда во независна Македонија, Туше Гошев, во „Отвореното студио“ на 4ТВ се осврна на предизвиците со кои се соочува државата и на чекорите што, според него, треба да се преземат за да се зајакнат институциите и правната држава. Гошев смета дека една од првите реформи треба да биде промена на изборниот закон.Според […]

Со 30 камери ќе почне борбата на Град Скопје против вандализмот на јавните површини


Градот Скопје, првично, ќе постави 30 камери на парковски површини, детски игралишта, канти за отпадоци, контејнери, фонтани, заштита на сообраќајни знаци, семафори, канделабри, улични светилки, светилки на мостови и плоштади и друго, со цел заштита од вандализирање на јавната урбана опрема и заедничкиот простор.  „Со оваа мерка, ќе спречиме и други дејствија за кои што […]

Силјан: Македонскиот јазик не е доказ што одново го поднесуваме пред туѓ суд


„Македонскиот јазик не е доказ што одново го поднесуваме пред туѓ суд. Тој е нашата куќа во времето: во него зборуваат предците, се огледува совеста на живите и се именува иднината на децата“, порача Раде Силјан во словото по повод примањето на Орденот „8 Септември“, на свеченоста по повод Денот на независноста.  Силјан нагласи дека […]

Сиљановска – Давкова положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на Глигоров, Трајковски и Кљусев


По повод 8 Септември, Денот на независноста и одбележувањето на 35 годишнината од неа, претседателката Гордана Сиљановска – Давкова положи свежо цвеќе на вечните почивалишта на првиот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров, на претседателот Борис Трајковски и на првиот претседател на македонската влада, Никола Кљусев. Во рамки на настанот, во организација на Кабинетот на претседателката, […]

(Во живо) „Силно светнал ден!“ – Свеченост по повод 35 години независност


Проследете ја централната манифестација за чествување на Денот на независноста 8 Септемвски, под мотото „Силно светнал ден“ на која ќе се обрати претседателот на Владата Христијан Мицкоски.   

Претседателката го додели Орденот „8 Септември“ на петмина истакнати творци: Нивните дела се траен дел од нашата културна меморија


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Вила „Водно“ го додели Орденот „8 Септември“ на Јордан Плевнеш и Раде Сиљан, а постхумно на Џеват Гега, Мето Јовановски и Глигор Чемерски. Одликувајќи ги петтемина творци, претседателката истакна дека нивното дело ги надминува границите на еден жанр, сцена, книга или време и претставува траен дел од културната меморија и […]

На 102 години почина Илија Дуновски, носител на Партизанска споменица 1941


  Денеска во Охрид на 102 години почина македонскиот првоборец Илија Дуновски, учесник во Народноослободителната борба од 1941 година. Тој беше еден од последните живи борци од Втората светска војна кои се бореа во ослободувањето на Македонија од фашистичките окупатори. Дуновски, роден во 1924 година во Охрид, е носител на Партизанска споменица 1941 и еден […]

(Галерија) Аеродромот во Охрид претворен во мал музеј – го красат реплики на мозаиците и фреските од Плаошник и Света Софија


Солна симболика е употребена во украсувањето на просториите и ѕидовите при реконструкцијата на охридксиот аеродром „Св. Апостол Павле“.  Мозаиците, реплики на оние кои се најдени на Плаошник, како и реплика на фреска од црквата Света СОфија од Охрид, го прават престојот во аеродромот мал музеј, кој ќе ги претставува убавините на Македонија, уште при пристигувањето. […]