Улицата „Тодор Чангов“ во Лисиче без вода поради дефект


Фото: Б. Грданоски

 Поради уличен дефект на улицата „Тодор Чангов“, прекинато е водоснабдувањето за дел од нејзините корисници, соопштија денеска од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје.

Според соопштението, водоснабдувањето е прекинато од 10 часот и ќе трае до завршување со санација на дефектот.