На 102 години почина Илија Дуновски, носител на Партизанска споменица 1941


  Денеска во Охрид на 102 години почина македонскиот првоборец Илија Дуновски, учесник во Народноослободителната борба од 1941 година. Тој беше еден од последните живи борци од Втората светска војна кои се бореа во ослободувањето на Македонија од фашистичките окупатори. Дуновски, роден во 1924 година во Охрид, е носител на Партизанска споменица 1941 и еден […]

(Галерија) Аеродромот во Охрид претворен во мал музеј – го красат реплики на мозаиците и фреските од Плаошник и Света Софија


Солна симболика е употребена во украсувањето на просториите и ѕидовите при реконструкцијата на охридксиот аеродром „Св. Апостол Павле“.  Мозаиците, реплики на оние кои се најдени на Плаошник, како и реплика на фреска од црквата Света СОфија од Охрид, го прават престојот во аеродромот мал музеј, кој ќе ги претставува убавините на Македонија, уште при пристигувањето. […]

Конгресната библиотека во Вашингтон побогата за 23 македонски книги


Конгресната библиотека во Вашингтон деновиве е збогатена со 23 нови македонски книги, што ѝ ги донира Свето Стаменов, политиколог, поранешен новинар на Македонското радио – Радио Скопје публицист, автор, коавтор, приредувач и уредник на осумдесетина книги од различни области. На пригодната свеченост, одржана по тој повод на 4 септември во Секцијата за Централна и Југоисточна […]

Скопје под силно полициско обезбедување заради диџеј Дејвид Гета: МВР нема точен список на затворени улици


МВР сè уште нема објавено кои улици точно ќе бидат затворени денес, по повод концертот на Дејвид Гета во Скопје. Официјално е потврден само посебен сообраќаен режим на приодите кон Националната арена „Тодор Проески“ и на дел од булеварот „Илинден“, без прецизирани делници, часови и обиколни правци. Музичкиот настан, со кој ќе заврши програмата за […]

Левица: Граѓаните плаќаат, а власта се уште крие колку чини прославата за 35 години независност


Тешко дека ДПМНЕ можеше да приреди посимболична прослава на 35 години независност. Наместо државноста да ја покаже преку зрели институции, јавна одговорност и почит кон граѓанинот како носител на суверенитетот, власта избра спектакл без потреба за каква било отчетност. Така, народот повторно е третиран како декор – важен да ја финансира државата, но очигледно недостоен […]

“Скопје 2028” ги поврзува Македонија и Јапонија преку културата


Македонските уметници и културните организации добиваат можност за соработка со јапонски колеги и организации преку повикот на EU–Japan Fest Japan Committee, отворен до 30 септември 2026 година. Станува збор за поддршка на заеднички културни проекти меѓу Европа и Јапонија, што за македонската културна сцена е особено интересно во пресрет на Скопје – Европска престолнина на […]

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда, ML 3.9. е регистриран утрово во 5 часот и 40 минути во епицентралното подрачје Охрид-Струга, на околу 135 км југозападно од Скопје.  Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на државава, особено во Охрид и околината, со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала – информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот […]

Сообраќајот непречено, нема подолги задржувања на граничните премини


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата – информира АМСМ во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.  АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на […]

Хронологија: 35 години независна Македонија – клучни датуми и настани


11 ноември и 25 ноември 1990 – Први повеќепартиски избори Во Македонија се одржуваат првите повеќепартиски парламентарни избори, со што започнува демократската трансформација на политичкиот систем и се отвора патот кон осамостојувањето. 25 јануари 1991 – Првиот повеќепартиски состав на Собранието ја усвојува Декларацијата за сувереност на Република Македонија, со што се постави правната основа […]

Македонија одбележува 35 години независност


На 8 септември 1991 година, граѓаните на Македонија на историскиот референдум со убедливо „за“ ја потврдија волјата за суверена и самостојна држава. Референдумското изјаснување претставуваше пресвртница со која започна процесот на создавање независна македонска држава и воспоставување сопствени институции, дипломатска мрежа, безбедносен систем и економски политики. Три и пол децении подоцна, 35 години независност сведочат […]

Топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд


Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 19, а максималната ќе достигне од 30 до 36 степени. Во Скопје, ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе […]

ЗНМ го осуди односот на Бобан Милошески од „Авалон“ кон новинарите


ЗНМ за односот на сопственикот Бобан Милошески кон новинарка на „Слободен печат“ реагираше со допис до „Авалон продукција“, откако на конференција за медиумите посветена на концертот на Дејвид Гета по повод 35 години независност, кој се организира со државни пари, тој возврати со лична квалификација на прашање за финансиската конструкција на настанот.     Реакцијата […]

Државниот завод за статистика објави публикација „35 години независна Македонија“


По повод 35 години од независноста, Државниот завод за статистика ја објави публикацијата „35 години независна Македонија“, која преку внимателно избрани статистички показатели ги прикажува развојот и промените во земјата во изминатите три и пол децении. -Триесет и пет години независност се повеќе од јубилеј. Тие се приказна за една држава, за нејзините луѓе, за […]

Потпишан договорот за 3.300 контејнери за „Комунална хигиена“


Потпишан е договорот за набавка на 3.300 нови контејнери, со што започнува една од најголемите набавки од ваков тип во изминатите години, насочена кон унапредување на системот за собирање и управување со отпад во Скопје. Набавката има за цел да придонесе кон почисти населби, намалување на отпадот околу контејнерите, поефикасно и навремено празнење, како и подобрување на […]

Од среда нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер


 Во среда и четврток претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Заради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и појава на град. До […]

Осум пациенти се во болница со западнонилска треска – двајца критично


Осум пациенти со потврдена невроинвазивна форма на западнонилска треска се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести. Во текот на викендот е регистриран и осмиот смртен случај од овој вирус. Станува збор за седумдесет годишен пациент, кој на 25 август бил примен во изразено тешка состоба информираше на денешната прес-конференција директорот на Клиниката за инфективни болести-Скопје, […]

Архивот ги отвори документите: Како изгледаше референдумското ливче за прогласување на независноста?


  Архивските документи кои сведочат за периодот пред и по 8 септември 1991 година го покажуваат државотворниот мозаик на Македонија и конечното создавање самостојна македонска држава во услови на бурни политички промени. Овие историски акти детално ја прикажуваат институционалната рамка на тогашна Македонија, трасирајќи го патот од првите демократски избори, преку референдумската волја на граѓаните, […]

Ќе ја изора нивата, но пиперката не ја дава за 15 денари. Пелагонски фармер за маките со откупот


  БИТОЛА – Падна цената на откупот на пиперката – куртовска капија на 15 денари за килограм. Веќе два дена цената е под секое достоинство, вели младиот земјоделец Џем Реџепоски од селото Канатларци, Пелагониско. Реџепоски има 28 години, обработува 12 декари земја насадена со пиперка – куртовска капија од семето „мишина“ едно од најскапите семиња […]

Активни четири пожари, најтешка состојбата кај месноста Рамно на Скопска Црна Гора


Во текот на вчерашниот ден регистрирани биле 40 пожари на отворено, триесетина се изгаснати, четири се активни. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов во денешната изјава рече дека вчерашниот ден бил еден од најтешките сезонава во однос на пожарите поради високите температури и ветерот. Вчера биле регистрирани 40 пожари на отворено, триесетина […]

Мојсоска: АХВ три месеци не ги објавува млекарниците што продавале канцерогено млеко


Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, реагира дека Агенцијата за храна и ветеринарство и нејзиниот директор Оливер Миланов веќе цели три месеци официјално не ги објавуваат млекарите кои продавале канцерогено млеко.Како што посочува Мојсоска, станува збор за млекари кои продавале канцерогено млеко, а кои биле „казнети“ со, како што наведува, смешни казни. И покрај тоа што […]