Од полноќ, предизборен молк во Брвеница


Ноќеска на полноќ започнува изборниот молк на вонредните локални избори во Брвеница за избор на градоначалник на општината. Во недела жителите на 10 населени места во општината од 7 до 19 часот кога се затвораат избирачките места може да гласаат за еден од шестмината кандидати за градоначалник. Во трка за градоначалничката позиција се Стојанчо Радичевски […]

СОНК избира нов претседател: Стојко Рамов единствен кандидат, Јаким Неделков заминува по 16 години


Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска го одржува осмиот конгрес, на кој се очекува избор на ново раководство. По 16 години на чело на синдикатот, досегашниот претседател Јаким Неделков ја напушта функцијата, а единствен кандидат за негов наследник е Стојко Рамов. Пред почетокот на конгресот, Неделков изрази задоволство од постигнатите резултати, особено […]

Пуштен во употреба новиот објект на ОУ „Крсте Мисирков“ во скопската населба Ченто


Објектите во кои се организира воспитно – образовниот процес, се суштински за неговиот квалитет. Во добри услови и пријатна средина, мотивацијата за учење е поголема и затоа пред две години Владата и општините се обединија околу еден приоритет – да вложиме во инфраструктурата и да го зајакнеме овој столб на образованието. По две години делата […]

„Тимчо предавникот“ го договори бегството на Ива Михаилова: Филипче на предизборен митинг во Брвеница


  „Ветуваа правда, ништо, ветер и магла! Границата е швајцарско сирење. Денеска, никој не одговара“, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на предизборниот митинг во Брвеница, каде в недела ќе се одржи гласање за избор на градоначалник. „Погледнете што се случува овие денови во државата. Отиде Тимчо предавникот во Софија. Под радарот видовме што договориле. […]

Еко-свест бара итно објавување на Нацрт-Законот за заштита на почвите и отпочнување на јавна консултација


Поради создавањето на правна празнина во управувањето со контаминираните подрачја во земјата, Еко-свест упатува барање до Министерството за животна средина и просторно планирање за забрзување на постапката за донесување на Законот за заштита на почвите. Со последните измени и дополнувања на Законот за животна средина, одредбите за управување со контаминираните подрачја беа избришани, со што […]

„6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена”


ЈП „Лајка” – Скопје оваа година одбележува шест години од своето постоење, а по тој повод, во сабота, 17 октомври 2026 година, од 12:00 до 15:00 часот, во Мамбо – Авионче, организира роденденски настан под мотото: „6 години Лајка – Не славиме бројка, славиме промена.” Настанот има за цел да ги истакне резултатите од шестгодишната […]

Второ издание на Фестивалот на калинката во Валандово


Со промоција на локални производи кои се дел од валандовската традиција, а во знакот на калинката како препознатлив плод од ова поднебје, утре во 12 часот на плоштадот во Валандово ќе се одржи второто издание на Фестивалот на калинката, во организација на Здружението за локален рурален развој “Валандер”.  Организаторите најавуваат учество на повеќе производители, земјоделци, […]

Интернет користат 93,7 проценти од граѓаните на Македонија, најмногу за телефонски и видео повици


Во првото тримесечје од 2026 година, 93,7 проценти од вкупното население во земјава на возраст од 15 до 74 години користеле интернет, покажуваат податоците за користењето на информациско-комуникациските технологии (ИКТ) во домаќинствата и од поединците на ДРжавниот завод за статистика. Во истиот период, 91,2 проценти од домаќинствата имале пристап до интернет од дома. Податоците укажуваат […]

Пурпурно небо над Скопје (фото)


 Небото над Скопје синоќа беше обоено во прекрасни виолетови нијанси, создавајќи спектакуларна глетка што го претвори зајдисонцето во природен спектакл над градот. 

Астрономски календар


 Денеска е петок, 16 октомври 2026 година, 289-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 76 дена. Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 47 минути, а ќе зајде во 17 часот и 51 минути. Денов трае 11 часа и 3 минути. Месечината, која е во фаза на млада месечина ќе изгрее во […]

„Политичка манипулација“: Левица за понудата на Мицкоски опозицијата да учествува во преговорите со Бугарија


  Понудата на Мицкоски за учество на опозицијата во преговорите со Бугарија е политичка манипулација и извртување на самиот поим „национално единство“. Преговори со Бугарија не се исто што и преговори со Европската унија, а самото прифаќање на билатерални преговори со Софија веќе претставува политички став, а не некаква неутрална и стандардна процедура, оценува Левица […]

Вечниот оган гори покрај „вечните“ сандали – Градот остава пример и ѓубре


Пред осум дена, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски се пофали дека покрај реконструкцијата на паркот „Жена борец“, по долги години пауза запален е и вечниот оган.  Тоа е точно, вечниот оган гори, но никој не се сетил да ги тргне сандалите кои таму стојат веќе неколку месеци.  Според фотографиите што денеска ги направи нашиот фотограф […]

Чекор поблизу до зонско во Автокоманда


На последната седница на Советот на Општина Гази Баба е донесена Одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка со Град Скопје за поставување сообраќајна сигнализација и направи за смирување на сообраќајот во Автокоманда. – Со оваа одлука создаваме услови за реализација на следната важна фаза и се приближуваме до воведувањето зонско паркирање во населбата – соопштија од […]

Слаб земјотрес кај Љубаништа


Слаб земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во Југозападниот регион на земјата. Според податоците од апликациите за следење на сеизмичката активност, земјотресот се случил во 15:34 часот на длабочина од 15 километри. Епицентарот на потресот е лоциран на координатите 40.963°N, 20.769°E, односно во близина на брегот на Охридското […]

Пратениците Емилија Ангелова и Кире Божиновски на средба со учесници на Младинскиот образовен форум


Пратениците во Собранието, Емилија Ангелова и Кире Божиновски, остварија средба со учесници на Младинскиот образовен форум (МОФ), во рамки на која беа презентирани истражувања посветени на повеќе актуелни прашања од значење за младите и нивната иднина. Презентираните истражувања опфатија теми поврзани со дигиталната и зелената транзиција, медиумската и информациската писменост, вработувањето на младите лица со […]

Најдобрите студенти ќе добиваат предност при вработување на факултетите


Во Скопје денес започна четвртиот IV Интернационален медицински конгрес во организација на Факултетското студентско собрание при Медицинскиот факултет на УКИМ. На отворањето на собирот се обрати и министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска која рече дека во високото образование, науката и истражувањата, многу се важни меѓународните вмрежувања и мобилноста и дека тоа […]

Град Скопје: Новиот луна-парк ќе биде завршен до крајот на 2027 година, старите реквизити ќе се употребат


Скопје ќе добие современ луна-парк, кој ќе ја врати детската смеа и ќе создаде ново место за забава и заеднички семејни моменти. По една деценија без еден од омилените простори на најмладите, Град Скопје останува посветен на реализацијата на проектот во рокот предвиден во програмата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски – до крајот на 2027 година. […]

Кај нас ракот се јавува поретко отколку во ЕУ, но од него се умира почесто


Скрининг-програмите постојат на хартија, но не стигнуваат до граѓаните, па опфатот кај ракот на дојка е под 6 %. Дијагностиката, без која нема терапија, е недоволна и ранлива. УКРО носи товар за цела држава и работи на границата на своите можности, со само три линеарни акцелератори за 1,8 милиони жители. Терапијата се планира од буџет […]

Над 160 здравствени работници минаа обуки за препознавање и спречување корупција


Повеќе од 160 здравствени работници и соработници од целата држава минаа низ регионални обуки за борба против корупција во здравството. На обуките учествуваа доктори, медицински сестри, акушерки, психолози, социјални работници и административен персонал, а се одржаа во осум градови во сите плански региони во Македонија. Ова е дел од активностите за зголемување на капацитетите на […]

Емилија Алексовска и Џоко Диков – кандидати за член на Судскиот совет


 Комисија за прашања на изборите и именувањата со седум гласови „за“ и ниту еден против и воздржан на денешната седница ги утврди предлог кандидатите – Емилија Алексовска, адвокат од Куманово и Џоко Диков, адвокат од Струмица за член на Судскиот совет. Кандидатката му коментирала на премиерот „Македонија со Вас е жива, повторно наша и горда“ […]