Кривичниот законик наскоро ќе биде пратен во ЕУ
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ги завршила текстовите на Кривичниот законик и на Законот за кривичната постапка и оти до крајот на месецот ќе бидат пратени на мислење во Европската комисија.
„Тоа е процес што трае многу одамна, мислам дека е од 2019 година. Јас вчера имав состанок со министерот за правда, со заменик од Министерството за правда, луѓето од кабинетот, луѓето од СДСМ, но и со луѓето од работната група. В понеделник тие ќе имаат состанок, на кој ќе направат ‘фино нивелирање’ на сето она што го разговаравме вчера. Од Министерството за европски прашања нѐ информираа дека се преведени. Ќе бидат коригирани оние делови што в понеделник ќе претрпат измени и очекувам до крајот на месецот да ги пратиме до Европската комисија на мислење и потоа да чекаме што ќе кажат од таму“, изјави Мицкоки, кој беше на отворање ново училиште во Гази Баба.
Тој рече дека законите се направени во согласност со препораките и стандардите на Европската унија.