Денеска ќе биде малку облачно со пријатни температури


Фото: Б. Грданоски

 

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 21 степен.

До средината на следната седмица времето ќе биде сончево со мала локална облачност во текот на денот. Во среда облачноста ќе се зголеми и ќе преовладува променливо облачно време, со краткотрајни сончеви периоди. Во четврток и петок ќе преовладува претежно облачно време со врнежи од дожд.