(Фото) Митески јавно објави несовесна аеродромка која фрла мебел близу контејнер
градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески денеска јавно објави несовесна граѓанка како создава дива депонија.
Тој оцени дека не станува збор заГ невнимание, туку за неодговорност!
„Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија“, вели Митески во објава на социјалните мрежи.
Воедно посочи дека инспекциските служби веќе постапуваат по овој случај.
Градоначалникот во објавата упати благодарност до совесните граѓани кои реагирале и го пријавиле случајот.
„Ги повикувам сите граѓани да пријавуваат вакви постапки до Општина Аеродром, по можност со фотографија и точна локација. Ние ќе го исчистиме и ова. Но, оние што создаваат диви депонии мора да понесат одговорност! Не молчете кога некој го уништува просторот во кој сите живееме“, апелира и порачува Митески.