Хаѕидакис: 50-50 се шансите за решение на прашањето со името


Пола-пола се шансите за решение на прашањето со името според информациите што протекуваат од грчкото МНР, вели потпретседателот на грчката партија Нова демократија, Костис Хаѕидакис во интервју за радиото на грчката новинска агенција, „Практорио фм“. Како што јави дописничката на МИА од Атина, Хаѕидакис коментира дека „работите не се едноставни“ во преговорите за името. – […]

Ново рочиште за „Тенк“ на 25 април


Ново рочиште за случајот „Тенк“ што се однесува за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра е закажано за 25 април, кога ќе се чита наодот од двајца вештаци, а ќе се продолжи и со други докази. Судијката Добрила Кацарска рече дека двајцата сведоци Дејан Митревски – Урко и Зоран Василевски кои денеска не дојдоа во Судот може да ги […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ нема кредибилитет да зборува за состојбата во Град Скопје


СДСМ преку соопштение реагира на денешната изјава на Ирена Попова од ВМРО-ДПМНЕ. Според СДСМ, единствени резултати од расипничкото владеење на ВМРО-ДПМНЕ се криминалните тендери. ‘’ВМРО-ДПМНЕ нема никаков кредибилитет да зборува за состојбата во Град Скопје, бидејќи наместените тендери за остварување криминални интереси, уништеното зеленило, лажниот барок и еден од најзагадените градови во Европа се единствените […]

Шилегов: Во ЈП „Водовод“ ангажирани се 13 адвокати и 12 нотари, порано еден ги земаше парите


Во ЈП „Водовод и канализација“ ангажирани се 13 адвокати и 12 нотари, за разлика од порано кога само еден нотар и двајца адвокати ги вршеле сите работи, информираше градоначалник Петре Шилегов, одговарајќи на советничко прашање на советникот Михајло Маневски. Тој се интересираше колку луѓе се избркани од работа во ова претпријатие, на колку не им […]

ССМ на 1 Мај со марш и синдикални барања


Сојузот на синдикати на Македонија по неколку години пауза годинава организира првомајски марш по повод Меѓународниот ден на трудот. Под мотото „Патиштата се различни, целта е една“ маршот ќе почне од пред зградата на Сојузот на синдикати на Македонија и ќе продолжи пред македонското Собрание и Владата на Република Македонија. Синдикалците ќе побараат подобар закон […]

Чакаровски: МЗ нема да бара вакцинирањето да биде услов за упис во училиштата


Министерството за здравство нема да бара вакцинирањето да биде услов за упис во училиштата. Во постојан контакт сме со Министерството за образование, ќе ги усогласиме ставовите. Не е точно дека работиме на тоа дека децата нема да се запишуваат во градинка или во училиште ако не бидат вакцинирани. Ќе работиме на тоа на родителите кои се […]

Пуштена во употреба автопатската делница Демир Капија – Смоквица


Пуштена е во употреба автопатската делница Демир Капија – Смоквица со што се заокружи со целосно автопатско решение Коридорот 10 низ територијата на Македонија. Новата делница во должина од 28,2 километра, ќе го скрати за 25 минути патувањето на тој потег од автопатот „Пријателство“. Преку неа годишно се очекува да поминат 730.000 возила, а побрзото […]

(ФОТО) Скара-дипломатија: Што ќе ни зготви Никола Димитров?


Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, објави фотографија на која позира со престилка за готвење. На неа пишува „Крал на скарата“. Шефот на македонската дипломатија в среда треба да има нова средба во Виена со својот грчки колега Никос Коѕиас. На средбата тие ќе бидат заедно со посредникот во спорот за името Метју […]

Вработени во МВР сведочат во „Тенк“, Урко не дојде на рочиштето


Во Кривичниот суд на денешното рочиште за „Тенк“ исказ даваат осуммина сведоци вработени во Министерството за внатрешни работи. Во Судот иако беше најавен не дојде да сведочи Дејан Митревски – Урко, кој беше еден период шеф на обезбедувањето на поранешниот премиер Никола Груевски. Одбраната на Груевски не беше информирана зошто Урко не се појави во […]

Во Аеродром ќе се постават 9.000 мамци против глувци


На подрачјето на Аеродром деновиве се врши редовната пролетна дератизација. Во акцијата ќе бидат опфатени околу 3.000 шахти со 9.000 мамци, вклучувајќи ги и основните училишта и детските градинки на нејзината територија. Дератизацијата на глодачите ја врши Институтот за јавно здравје, Скопје.

Судир Груби – Попоски за Извештајот на ЕК


Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ, како што дознава Независен весник од партиски извори, се координира моментално дали да учествува на утрешната седница на Комисијата за европски прашања, на која треба да се разгледува Извештајот на Европската комисија за напредокот на Македонија. Причината за можниот бојкот на опозицијата е тоа што претседателот на Комисијата за европски […]

Шестата управа доби нови униформи


Припадниците на Одделот за заштита на одредени личности или објекти познат како Шеста управа денеска добија нови службени униформи. Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ги промовираше униформите, нагласувајќи дека МВР врз основа на јавна набавка обезбедило 464 машки и 39 женски комплети цивилна облека. Цената на еден комплет изнесува 6.560 денари без ДДВ, а […]

(ФОТО) Сензација во Неготинско: Откриен скелет на слон досега непознат за науката


Уникатно палеонтолошко откритие во близина на с. Долни Дисан, Неготинско. Пронајдени се фосилни остатоци од изумрен вид слон. Како што информираат од Природонаучниот музеј на Македонија, палеонтолошките ископувања продолжуваат и во моментов. „Палеонтолошки екипи од Природонаучниот музеј на Македонија и Природонаучниот музеј во Софија, од 20 април 2018 година започнаа со ископување на фосилни остатоци […]

Ќе се формира нова албанска партија во Македонија


Албанскиот блок натаму се расцепкува. Имер Селмани и Мерсел Билали сметаат дека Албанците и сите граѓани во земјава имаат потреба од квалитетни, демократски, проевропски ориентирани партии, со квалитетни програми. Оваа недела, според информациите на „Независен“, во албанскиот политички кампус ќе се формира нова партија. Како што неофицијално дознаваме, подготовките за новата албанска партија се при […]

Гужва од советници во администрацијата: Им требаат или ги вдомуваат?


   Државата издвојува 266 илјади евра годишно за ангажирање на посебни надворешни советници кои имаат за задача да ги советуваат министрите и останатите носители на државни функции за што поефикасно да ги извршуваат нивните задачи. Ова сума, до која дојде СКУП, се троши за 34 „посебни советници“, кои се ангажирани само во 13 министерства. Членот […]

Кумуцакос: Не е изводливо Владата да постигне конечен договор за името


Договорот треба да биде комплетен, целосен и конечен и да ја разликува соседната земја од Македонија, вели Јоргос Кумуцакос одговорен за надворешна политика во грчката опозициска партија Нова демократија во интервју за весникот „Real News“. – Владата е повикана да донесе договор што ќе биде комплетен, целосен и конечен. Што ќе го разликува, на комплетно јасен […]

Од 1 мај во УЈП Скопје само со закажан термин


Услугите на Регионалната дирекција на УЈП во Скопје од 1 мај ќе бидат достапни само доколку даночните обврзници и сметководители имаат закажано термин за средба со даночните агенти. Терминот ќе се закажува преку Инфо центарот на УЈП на телефонот 0800-33-000 или 02/3253-200 или преку веб страницата на Контакт центарот kontaktcentar.ujp.gov.mk. Од Управата за јавни приходи информираат дека […]

Смаиловиќ: Не земам плата 1.700 евра, тоа е приход за месец и половина


„Лаги и невистини се наводите дека платата ми е 1.700 евра“, реагира Сенко Смаиловиќ, директор на ЈП „Улици и патишта“ кој изминатиов викенд дел од медиумите го прозиваа дека самоиницијативно си ја покачил платата од 1.000 на 1.700 евра објавувајќи документ за остварените приходи. Смаиловиќ појаснува дека пресметките во документот се однесуваат на две исплатени […]

No love between the French and Macron


Ljupco Popovski What difference can one year make? Every politician can feel the anger of the people in a year after he was sung as a hero, but what is happening to French President Emmanuel Macron before the first anniversary of his election seems to pass many common boundaries in Europe. The students, rail workers, […]

Извештајот на СЈО пред Комисијата за политички систем


Извештај за сработеното денеска на седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците ќе поднесе Специјалното јавно обвинителство за периодот од 15 септември 2017 до 15 март 2018 година. Извештајот за активностите на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите за […]