Смаиловиќ: Не земам плата 1.700 евра, тоа е приход за месец и половина


„Лаги и невистини се наводите дека платата ми е 1.700 евра“, реагира Сенко Смаиловиќ, директор на ЈП „Улици и патишта“ кој изминатиов викенд дел од медиумите го прозиваа дека самоиницијативно си ја покачил платата од 1.000 на 1.700 евра објавувајќи документ за остварените приходи. Смаиловиќ појаснува дека пресметките во документот се однесуваат на две исплатени плати, односно за речиси половина ноември месец и декември за 2017 година.

„Функцијата ја презедов во средината на ноември и прво што направив, ги исплатив наеднаш заостанатите две плати во претпријатието. Оттаму и документот кој е пласиран во јавноста. Во него јасно е наведено дека тоа ми е плата за ноември и декември минатата година“, додава Смаиловиќ кој смета дека во случајов се работи за намерно пласирање дезинформации од одредени структури.

Погоре е документот објавен од Левица која практично го отвори случајот. (Д.Т.Д.)